Ако никогаш не сте осетиле депресија, ќутете си. Не се правдајте дека демек сте поминале низ тоа па не било ништо страшно и дека денес секој втор бил депресивен и депресивните само барале внимание. Да сте поминеле, ќе разбирате и ќе молчите. Или можеби само имате одвратен карактер што ни библија ни божји правила не ви го оправа. Има и атеисти што разбираат туѓи проблеми знаете тоа? И не е работата да дозволите да имате депресија. Не се контролира тоа. Не можеш да бираш да денес ќе сум депресивен, од утре нема. Едноставно дури не знаеш ни дека ја имаш, или не сакаш да признаеш и да побараш помош.
Заменете ,,депресија'' со било која друга болест и ќе видите колку глупо ви звучат постовите. Самиот мозок е поразличен кај лицата со депресија, не е да се натажиш за нешто или да се чувстуваш осамено. Не би му рекле на човек со скршена рака ,,има деца со ретки болести што умираат, што се жалиш'', не би ѝ рекле на жена со бронхопнеумонија ,,како си дозволила да се разболиш'', зошто за депресија би било поинаку?
Сдк има луѓе кои сами можат да се справат со депресијата. Има и луѓе кои не можат сами ниту да ја утврдат ниту да се справат. И затоа и постојат лекови. За да помогнат на тие што се да не речам понестабилни. И нема ништо лошо во тоа!!! Тие психијатри постојат за луѓето. И психијатар треба да има свој психијатар. Депресијата не е нешто што човек може да го одбере и да рече-нема да си дозволам да паднам во депресија. Стварно ли мислите дека некој сака такво нешто!? Но сит на гладен не верува. Баба рада секоја чест што си успеала сама да се справиш.
Ако е вистина ова што го зборуваш за себе, како ќе ти било тебе во тој период некој да ти се потсмева, да те омаловажува, да ти кажува дека претеруваш, дека ти фалело ќотек како мала па затоа бараш внимание? Не можам да сфатам некој да размислува вака за нешто што сам го има поминато. Личности кои пребродиле и физички и психички болести, гребат со нокти за валидноста на истите, за чувствата и правата на други кои поминуваат низ тоа. Меѓу темите со ужасна смисла за хумор, понекогаш отвараш и теми околу монотонија во кои зборуваш за такви чувства. И НИКОГАШ никој не те чепнал, ниту те исмевал конкретно за тие чувства. Тоа е разликата меѓу вас неколкумина и нас останатите.
Точно тоа ме крена од кревет, точно тие навреди и потценување ме натераа да ја видам таа грда намуртена и од плачење подуена фаца во огледало, само секојдневното викање на моите најблиски ме освести...баталив лекови, се запишав во два клуба за вежбање, почнав да планинарам....само јас знае како одев како пијана кокошка, само јас чувствував камен во грло и недостаток на воздух...ама сакав да живеам, имав и за кого... .
И мене не ме мотивираат негативни критики. Посебно кога сум вриштела за помош и место рака сум добила шамар. Некои луѓе едноставно не се водат со -е за инат ќе успеам. Камо да можев така. П.С. Пробајте ова да не го искористите против мене ко што знаат одредени ликови на форумот. И јас сум човек. И не сум совршена. И сум била во депресија.
Најдегутантно во целата работа е баш што вакви луѓе зборувајќи за случај како на болното детенце, на исто место фрлаат ваков отров. Толку се нема осет од страна на некои личности што имаат срце и вакви случаи некогаш да ги користат во политички цели, некогаш пак вака со игнорантна патетична „поука“ и омаловажување на куп други во различни тешки ситуации. За да бидеш целосно добра и хумана личност треба да се радуваш и на оздравено болно детенце, и на нечиј напредок во психичка болест (депресија/анксиозност итн.), и на напредок на некој што финансиски бил во лоши услови, и на љубовта и среќата на разни други маргинализирани заедници. Вака лицемерно и селективно... џабе ви е.
Да не даде тој во кој верувате да ви се случи нешто од ова кое го наброивте како безазлено. Не знаете какво е чувството како да тонеш во жива кал, не сте му никому во кожата, затоа кога не знаете низ што некој врви, подобро не осудувајте. Искрено ви го кажувам ова, посакувам никогаш да не дознаете каков убиец е депресијата, подобро игнорантност отколку депресија да имате. Ова најискрено.
Морам да цитирам. Од многу напнување хемороиди ќе им излезат. Ова ме потсети на едно прашање од сексуљавите теми, дали се зголемувал газот од анален секс.
@carangigia , секој проблем е значаен, степенување на проблеми е само полош начин да се прогредира истиот. Никој не ти вели дека ова за детенцето не е значајно, побогу најболни се детски солзи и патња, ама се пробува да ти се скрене и тебе а и на светот внимание дека и нивниот проблем е. Светот би бил многу поубав ако се оди кон акцептирање и пребродување на тие проблеми а не да се етикетираат како небитни, па после оти самоубиства. Ќе бидеш мајка некој ден. Пак ќе повторам, не дај Боже да ти дојде и да ти рече мамо депресивен/депресивна сум. Вака немој, те молам. Не ти терам инает, се пробувам да ти кажам и покажам дека има и друга страна на овој проблем, не е само твојата.
Е ова ни јас не го сфаќам. Ако не се согласам со некој на една тема, можеби на друга ќе се согласам. Ама не го сфаќам она ако за едно нешто не се согласуваш со некого веднаш тој ти станува непријател и на сите останати теми на форумов, па ај нема да се поднесуваме. Скроз неповрзано со ова сега - напоменувам. Арно ама многу штуро објаснето, либералист е либералист, конзервативец е конзервативец така што не можеш да очекуваш двајца либералисти да не се од иста „страна“ кога имаат повеќе заеднички интереси и сфаќања и генерално се согласуваат во мислењата. Ноооооо, некои луѓе едноставно немаат граница или стоп. Станува ептен жустро кога некој по секоја цена се обидува да убеди некого во нешто, а овој па другиот не се „дава“. И мислењево не е ОФТОПИК пошо СДК баш ова.
Сакам да кажам вака, за да не сум офтопик, ама морам да кажам, така да во глобала е сакам да кажам вистина. Дека ќе јадам апстрактни лајна дека оној кој не бил во депресија нема да знае - нема да јадам. Секој човек доволно отворен и со доволно голема емпатија, ако сака да разбери - ќе разбери. Ако некој поединец, далеку од човек, реши во едно мислење да глуми лудило и чесна, морална, ој, света личност, а во сосем истото мислење да се демантира како таква - зборува многу за неа/ него, неговиот (не)карактер, отколку за тие за кои зборува. Нема да мешам познаници кои веројатно страдаат од депресија околу вас ама му велите да си голтнат чувствата зошто таков е животот, не си прв, не си последен. И после некој преќутва, се самоубива и одма друг муабет „еми зошто?“, „арен чоек беше...“, „од каде вака, секогаш насмеан...“. Ако неќите да гледате - не гледајте, ама не бидете лицемерни од после и не турајте бензин во огнот. Знам дека не е „машки“ да зборате за вашите чувства, и изгледа вашата (пре)голема духовност не ви дозволва да видите подалеку од чергата, и пу- пу скраја да е, да се обидите да сфатите шо некој чувствува, ама обидете се зошто сигурно имало моменти, или ќе има, кога и вие ќе сакате да бидите разбрани, прифатени. Депресијата е болест, и е паметно да се третира како таква и не е срамота ако некој побара помош за истата, не е будала, не е луд, не е ненормален туку е човек од крв и месо кој страда и на кој треба да му се пушти рака. Ако тоа е лошо, недуховно, да помогниш некому, да пуштиш рака, да му кажиш дека не е сам - тогаш шо е? Да му речиш дека заслужва, дека претерва, дека тоа шо го осеќа не е важно, да му се минимализира личноста, да му се минимализираат чувствата? Тоа е подобро? Стварно, размислете. Дали е тоа подобро? Постојано на осетливи теми се збора ова, и е ептен семе синапово ама е најголема вистина: ако не можите да помогните, не одмагајте, аман.
https://forum.femina.mk/threads/Депресија.196/page-62 Дел од постовите (цититања , реплицирања и навреди) се избришани. Дискусијата нека продолжи на линков, а овде за кратко ќе направиме префрлање на постовите во содветната тема ВЕ МОЛАМ без лични навреди. А и да Ве потсетам, темава се вика Сакам Да Кажам
Ви ги прочитав сите коментари за депресијата,незнам што душа ке имаа(одредени членови),врска немате што е депресија,и колку е сериозна болест,па уште се ситите,се правите јаки како немате потреба да читате за депресијата(ГОСПОД ДА НЕ ДАДЕ ДА ЈА ИМАТЕ).Претешко искочив од депресијата нормално со помош на стручни лица,и со борење секоја минута сам со себе,не само со црни мисли,него со цел мој организам,со секој мој орган,а најмногу со мојата психа која сакаше да ме убие буквално,едноставно се борев со цел свет,како да сте во ринг и само летаат боксови и клоци,тешко беше но фала му на БОГА,искочив и сега сум стариот оној,кој знае да се нашали,насмее,зеза.
Еднаш еден човек ми рече - порасипано створење од жената нема и нема да има.. Сега гледам дека бил во право Мажите барем не знаат да глумат до толку ни дволичност ни па нешто повеќе
Ај хејт ту сеј дис бат... постојат грдиии невести како недела навечер. Брате мили треба да се разбие тој мит дека нема ружна невеста... И други ствари...бетер ствари.
Здравиот на болниот не му верува, така ли беше? Имате вие уште многу "леб да јадете" дур да станете оние кои мислите дека сте сега. Уште да ви текне да бидете скромни и да сакате повеќе да научите и повеќе да сакате. Секој у свој филм влезени...
СДК дека секоја болест е страшна. Луѓе умреле и од обична настинка. Друго СДК Држи ги пријателите блиску,а непријателите уште поблиску бидејќи преку нив најдобро ќе се спознаеш себеси !
Знам дека не се репицира тука, Рефке не ме карај ама СДК дека морам да се надоврзам на ова. За грдите невести велат весели многу дека биле