Сите сме швркнати. На еден или друг начин. Сите си патиме од нешто. Само што. некои озбилно не се свесни. Можда и боље.
Сакам да кажам дека обично не зборам со духови кои не постојат. Ги гледам ама ако им вратам ќе прифатам дека сум луда.
СКД на некои луѓе здраво да им кажеш зијан си. А на дресирано куче здраво да кажеш го дига ноџето да те отпоздрави. И сега кој е попаметен човек или животоно? #прашањекоемеммачивонедела
Патење од нешто и жалење се два различни поими. Но секој гледа како му одговара на работите. @carangigia всушност тоа го напиша во својот пост. Да не се жалиш за глупости дека те фаќа депресија. Додека некој пати од мака. Ме фаќа депресија што нема да возам точак денес. Причината е глупава зошто ме фаќа депресија. Додека некој го фатила депресија од мака,вистинска мака. Починат родител,несреќен живот итн... Никаде не е наведено дека некој што пати од депресија е навреден,понижен и сл... И ова некој ќе го протолкува погрешно,ќе намтне дека и јас сум безчувствителен идиот кој се сити на туѓата мака. Нфмп
Има убава музика на VH1. Релаксирајте се малку Недела е, па одморете си мозок пред новата работна седмица
сдк денов решил да се понаша ко средина на лето да е. ок у реду и ја така можам. (кренати нозе на балкон афтер туш со кафе со све). За инат на се што се деси периодов ќе се насмеам. По природа не сум инаетлива ама сама на себе морам да си простам зашто некои работи си ги префрлив ко јас да сум крива а некои едноставно не можев да ги сменам. Е затоа за инат ќе сум ок.
Дознав дека некои куѓе и пластични шишиња ставале во машината за садови, ама никако не можам да сфатам зошто
Точно така. Јас убаво нагласив дека мало дете е болно од рак, а други паѓаат во депресија поради раскинување на врска, немање на пари да се оди на одмор и сл, но исфрустрирани луѓе пробуваат да ги извртат моите зборови. Напишав дека најважно е да се има здравје и блиските да имаат здравје, а се друго може да се реши. Никаде не направив споредба дека некој паѓа во депресија поради смртта на близок или сиромаштија, туку дека некои луѓе паѓаат во депресија од банални причини и набројав кои се тие. Но, 6-7 членови на форумот имаат осудувачки поглед кон секое мое мислење во секоја тема, притоа директно или индиректно пишуваат банални работи за мене. Користејќи зборови дека сум: бесчувствителна, рамнодушна, не сум се соживувала со туѓа мака, сум ги степенувала болестите, сум глумела морал, сум понижувала, сама сум се фалела бидејќи немало кој да ме фали и сл. Зборови од такви луѓе не допираат до мене, бидејќи знам дека сум се спротивно од она што го пишуваат тие 6-7 членови за мене. Луѓето кои мене ме познаваат никој од нив нема лош збор кажано за мене, а јас сум премногу задоволна од својот начин на размислување и карактер, планирам само да се надоградувам, но не и да се менувам.
сдк ќумрам од смеење https://www.instagram.com/p/BnydSyUB0bA/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=1aj7ts344wjuc
Кога ќе кажете нешто одвратно и сите ќе се свртат против вас, после тоа секое извртување на зборовите од типот ама не мислев вака туку така ве прави уште толку полоши во очите на другите, наместо тивко да се повлечете и да се извините.
Извини е премногу раскошен збор за луѓе без осет. Не постојат луѓе без речник постојат луѓе што не се истомисленици. Секој човек како битие се почитува,а не едниот да го буцка другиот. Верувам не ви било еднакво и вашата кожа да се осети. Се додека си заслепен и подбуцнат нема да ја видиш реалната слика. Извини се дава од срце,а не колку ради реда. ФМП
@carangigia ако си човек со емоции, значи може да те повреди да раскинеш врска, да те изневерат пријателите и слично. Секако дека не е исто како да се бориш за живот, но тагата е сосема нормална емоција и не треба да се потиснува само затоа што на некому му е полошо. Емотивните луѓе може имаат емпатија и за другите и ќе сочувствуваат и за оној што е болен од рак, и оној што нема вода за пиење и храна за јадење, ќе сочувствува и за децата од Сирија.. Овој муабет го правев сега брзо, и не разбирам како може да ти помогне во некоја ситуација да знаеш дека на некој друг му е полошо. Всушност, многу често се осеќам полошо затоа што не можам ништо да сторам со тоа, се осеќам гневно затоа што сметам дека не е фер, и тоа мојот проблем не го решава, а далеку од тоа и туѓиот. Треба да сме свесни дека има многу лоши работи во светот, треба да сме благодарни за тоа што го имаме, и треба да научиме да се сакаме, разбираме и почитуваме. Тука не помага она ништо не ти е не се глупирај. А јас па се фатив да филозофирам
Се нервирам ко звонам на телефон и итно е, а тој на кој му звонам кој знае кај му е фрлен телефонот и не го слуша т.е на вибрации му е.
Срце ме боли кога гледам во темите за музика колку млади постираат песни од тие на Николија, Јала брат, Буба Корели и остала банда сељачана...
Тешко е да разграничам дали ти не разбираш што значи да имаш депресија или така ти чини. Ама, ако не го разбираш вистинското значење на поимот депресија, ако не знаеш за каква болест станува збор, не го силувај зборот. Само да бидеме на чисто, еве го твојот прв пост, каде имаш напишано Дали не знаеш соодветно да се изразиш или во даденава ситуација ти одговара да се правиш дека не разбираш, не е битно, еве јас ке те просветлам и ке ти посочам дека првото твое мислење, кое многумина го цитираа, и цитатот подоле немаат исто значење. ---------------------- Си ме цитирала, само не гледам како прашањето ти е поврзано со темата. За да те цитирам, треба да имам депресија или?