Која е потребата да се писка (не офка) за време на односи? И дали е нормално да се писка од 10 вечерта до 5 наутро? Еден месец не сум спана и слушам порнич во живо од комшијата до мене. Не сфаќам дали имаат односи или ја силува. Ми се иде да одам во 4 сабајле и да му тропнам, евентуално да ги снимам за да се видат.
И јас пискам.. Ако ти сметаат, тропни им на врата и кажи им дека ќе им викнеш полиција за нарушување на јавниот ред и мир. После 22часот, забрането е да се галами.. до 06 наутро.
Сите ќе си добијат тоа што заслужуваат. Тажно е кога некој не ја цени твојата добрина. Епа тогаш повеќе нема ни да ја добијат. Сега јас ќе бидам таа што ќе ги смени правилата на игра.
Веројатно не ми текнало во моментот да пишам мислење хаха . Нема везе ( шо би рекле тетовчани ) , поентата секако беше да го прочитате текстот , и самите да одберете што треба а што НЕ треба , според вас секако . Имај убав ден
Мајка ослабнала 40тина кг оти била предебела за да си игра со ќеркичката. Абе мајка да си на овој свет. Нејсе, кога веќе прочитавме и видовме слики -пред, редно беше да видиме слики -после, како мајката нели, си игра со ќеркичата Ама мајката премногу внимание привлекла за да стави слика како си игра со дете, затоа ќе ја гледаме по купаќи и долен веш како позира Абеее...
Сакам да кажам дека не се нормални КФЦ со цениве За цена на кофичкине три кокошки печени на ќумур ќе купам па сите дома во кома да паднеме од прејадување, сосе мачорот. Криспи чикен на Ројал бургер мислам 120 денари беше, а комотно можат и двајца да се најадат. А во Сити Мол, ми останува фаворит Уста Дурум Донер.
Кој ќе ги лечи луѓето што нема да се иселат од Македонија? Само што се слушнав со вујко ми кој има скоро 70години и е пензиониран општ доктор. Го викнале да работи во приватна поликлиника бидејќи младиот доктор кој бил претходно се иселил. Абе стварно ме загрижува ова прашање во последно време. Тие што се поискусни сите се пред пензија, во пензија... Тие што се новодојдени т.е дипломирани немаат појма , бидејќи сите на кои што им работеше главата си заминаа во странство. Кој ќе не лечи нас, нашите деца ако останеме тука? Страв ме фаќа.
Сакам да кажам, дека некои не го разбираат поимот 'рамноправен' рамноправен Вид збор: Придавка Кој има еднакви права; заснован врз рамноправност.
Ми се оптегна денот некако... Пак ме совладаа мисли за светот и човештвото... Се трошам на нешта и некои кои не заслужуваат ни внимание, ни време... Се надевам на невозможни работи... се надевам на поубав свет... Сакам да ги гушнам овие мајмунчињава што ми се дома... и да им кажам пак: 'Дрога ми сте... Вашата близина ме смирува.' - И да заборавам на светот околу нас...
Гледање серија со доење измеѓу, по некоја повераќаница и кака дополнително, налудничав апетит, глад за печени пилиња, колачи со многу крем, биг мекови и виенски шницли. Да да. И мерење време во секунди и минути кога она задремува за на раат да извадиш сармичките од замрзнувач, да уклучиш машина, да здиплиш куп алишта и да фрлиш тон списанија што се ашкаат леводесно по паркет. А домот, мириса на бебе. На Џонсонс бејби лаванда. На Бекутан марамици и ново. Она е нашето мало еднороже. На педијатар ја пофалија дека со моторичните функции е како позрело бебе. А таа дури во среда ќе прави 2 месеца. Издржа скара во Визбегово, роденден на Водно, ги издржува и нашите секојдневни ситни кавги и ни го подобрува животот... Што ли си мислев пред да ми се случи, да ми дојде на свет? Крајно сум била занесена со глупости, тоа е факт. Што ли сум направила во минатите животи за во овој да ми ја подари токму неа, таква каква што си ја замислив и дури и побарав? Немам поим. Еве баш сега дреме, јас јадам одмрзнато парче торта и гледам Аmerica's sweethearts. Мужот е на спорт. Печени пилиња и те како во секој миг сакам. Сакам само да бидам добар родител за да и таа биде добро дете и човек. Се плашам, но ќе дадам се' од себе. Иако нема мерка за тоа... освен да си го сакаме детето и да му пружиме љубов и да уживаме.
Se prasuvam ovie koi imaat blogovi za gotvenje,kako im uspeva sekoj den da zgotvat,slikaat I izedat... #prasanjakoimemacat#
Во маркет дрзок тон кон вработените. Краво една ти за што си платена!!! Додека вработената услужуваше друг муштерија(мене),од таму жената со набиени комплекси урлаше позади рафтовите. Оди викам јас ќе почекам,услужија забеганата. Сдк За 12.000 плата некој да те понижува и навредува затоа што таа била потрошач и имала право што сака да прави Ако си потрошач имаш одредени права но НЕ: Да навредуваш вработени Да буткаш роба од рафтови. Да преместуваш робата ти кај сакаш. Да пипкаш лебови. Лечете коплекси дома,забеган народуили овде на Фемина...