Две причи шо ми текнаа од други постови.Па каже : 1. И ја се изненадив со кој памет отвориле Кфц у Маќедоња, коа и онака се у поскапите и тука у Дојчландија. 7 евра е најевтино мени, 4 мевциња, 5 компирчиња и сокче колку едно лименче. Мислам, ако иделе на тоа дека некои пари ќе направат, можда и до негде се у право, оти знаат тука никој пари нема, али сите ќе стаат тоа сторињата на Фејс демек јаделе кај буржоазијата. Алоооо, Кфц ти е тоа, на филмоине шо го има... Мислам хелоу. 2. Иам еден менаџер тука на работа, муслиман и у процес на мењање име е , нели за да стане праф Германeц, и прашал еден стар готвач тука 100 години шо работи ( Германец оној, прав ), да му каже некое старо, познато Германско име, за така да си го смени... И овој, ко шо го дала мајка му, со цел памет и мртов озбилен, му рекол Адолф ... Ја после ова две ноќи не можев да заспијам од смеење. Ај доста замарав, Фала Многу Пријатно, да не речам ФМП па да си чукате глаата после случајно да не сум ве опцула.
Јадев у КФЦ уште пред една година да се отвори тука и не ми беше ништо посебно, џабе паѓаат у кома ко кузне шо да е. Ројал и 7ца у споредба со тоа се кралски јадења.
Како човек одраснува односно сваќа дека мирот со себе и околу себе најбитен му е на цел свет. Колку мир во една ноќ се собрала... Малку трае.. малку ми е..
Samo kolku sme nekogash neblagodarni i znaeme samo da kukame. Gospod ne dal zdravi pravi bez nikakva mana,i pak nesme blagodarni i na toa. Za zhall.
Сакам да кажам дека, немав баш сетено, ама кога си чистев луѓе од социјалните мрежи, имав шема. Несвесно секако. Стартна цел ми беше да остам мал круг на пријатели и познаници, за кои ми е грижа (за кој поќе, за кој помалку) и сите останати да не ми трујат ѕидот. Ама се дур дојде денот кога имав време да средам тоа, кога ќе сретнев мислење/ слика од некој - бришев. Е сега ... Збораме со школската и вика: "И ова се мажи", и јас враќам "да знам, тогаш ја избришав". И така ова многу пати, кога стигнав до заклучок дека поќето не толку активни на социјални мрежи кои ги немав забележано, ги забележав кога се мажија. И ради мојата "мисија" сите ги бришев кога се мажеа. Уствари мојата шема за бришење пријатели е мажачката. Следователно, другаркава ме искина од мајтап за ова, како тоа се плашела да се мажи, ќе криела слики од свадба на ѕид од мене за да не сум ја бришела од пријатели, како тоа дете немало да знам дека има зошто ќе морала да го крие за да не сум мислела дека е вонбрачно. Туку заклучивме дека и ако останиме со моменталните дечковци скроз исто ќе се презиваме, а веќе исто се викаме, така да нема криење мажачката зошто презимињата ќе се голем мајтап.
Е сега ме убеди ич да не се мажам. Фала комшике. Ако ме запроси некој,ќе му речам НЕ. Е оти? Оти димонка ќе ме избриши од сегде матуф...
Немам некоја посебна мотивација за ништо. Не знам дали е до периодов или од досада, тапа ми е значи. Иначе сакав да кажам некој збор за љубовта. Таа не бира каде и кога ќе се случи. Не бира време и во кого. Едноставно се заљубуваш и ооп си се заебал. Го земаш разумот и го ставаш на маса и си луташ така на каде те води срцето. Еее. тогаш е тешкото. Гледам сите ги обвинуваат швалерките на мажите, а никоја не си ја бара вината во себе. Да се запраша зошто тој маж имал потреба да отиде со друга жена. Па, тука делење на морал, на верни и неверни. Тоа не се бира. Можеш да бидеш и најморална девојка па да се вљубиш во некој што не треба. Може да се заљубиш во друг/а и после долга врска и после десет години брак и на 60 години. Лугето се комплицирани суштества, не е се толку едноставно како од страна гледано за ништо. Можеш да фрлиш десет години од брак или врска поради еден поглед или збор со некој странец. Не дека сум се нашла во таква ситуација, ама искрено ги жалам тие што се нашле. Срцето да ти сака, а сите да ти велат немој, па осудувања, па свашта. Инаку не сакам closed-minded people, ептен ми се банални нивните објаснувања за некои постапки и размислувања. И дали некогаш ви се случило само да го слушате некој и во моментот да ви се сушат 100 неврони ама не сакате да се расправате бидејќи мислите дека нема поента да се расправаш со некој толку глупав?
Истовремено ми е интересно и напорно кога после извесен период ќе излезам од пештера и ќе фатам да читам мислења од далечната `45та и таман ќе сакам да забиберам некоја манџа оно зациментирана дискусија, манџата одамна готова, изедена, а членовите више на зимување отишле. Ако не тоа, еве ќе се деси да заборавам додека стигнав до крајот. Жими се имав нешто сочно за тој со тетоважите и ламборџинито ама забораив. Минатиот пат така кога се вратив во цивилизавија го открив глаголот „хефта“со целата своја заменска дејност, совршенство од збор, кој више ми е во редовна употреба. Вечерва добив порив да се сретнам со нешто ново и еве ме. И јас приметив дека ФМП е станато ин, и би најавила дека и јас ќе го пишувам за и јас да бидам ин нели секако вака тазе слезена од планина, ама мислам дека е патент на Гош и нејзе најдобро и стои па сепак јас ќе им се вратам на кармините. Добро е, успеав да го фатам тој момент ама што е ова со кокаколава? Ако ми кажеш што значи, ќе ти кажам јас за ФМП и плус ќе те викам шеќерче. Договорено, шеќерче? И молам просветлување што е ова? Као озбилно Спеши е банирана? Види ја ти, good girl, gone bad. Ја користам оваа прилика да дадам поддршка за @KateKane да отвори тема за рандом тривиа факти. *** Знам дека постов ми е како мрсна тетка што седи на прозор и чека матерјал за трач, ама не е тоа, само ми треба подгрев за камбек. Убава ви вечер добри луѓе. Со љубов, Ваша М,
Дали некој размислувал колку може да биде безвреден и бесмислен животот? Само немојте со фразите треба самиот да ја пронајдеш смислата на живот. Секој ден од твојот живот се трудиш да бидеш подобра личност од претходниот ден. Се трудиш да се грижиш да не ги повредиш туѓите чувства, а секој ден се наоѓа по некоја будала на која не и е важно за твоите чувства и те дупи во здрав мозок. Секој ден се соочуваш со некој кој е спремен да те прегази само за да стигне до посакуваната цел. Секој ден се соочуваш со нови разочарувања поради преголемите очекувања. Полека разбираш дека животот е борба во која оној кој е немилосрден и кој е спремен на се успева да ги оствари своите цели. Во еден период од животот ќе станеш апатична личност. Воопшто нема да размислуваш дали ќе ги разочараш другите туку ќе се трудиш да не се разочараш самиот себе. Бидејќи ќе сфатиш дека не вреди да го правиш тоа. Колку и да се трудиш во нечии очи ќе бидеш лоша личност, бидејќи луѓето на различен начин ги перцепираат работите. На крајот од твојот живот луѓето ќе те помнат по добрите или лошите работи кои си ги направил во твојот живот или пак нема да имаат по што да те помнат. Јас сакам да не ме помнат по ништо бидејќи сите луѓе имаат различна перцепција во поглед на поимите како што се доброто и лошото. Ај со здравје...
СДК... Ако пронајдете личност со која може безрезервно да разговарате, сте имале среќна ѕвезда да запознаете човек што ве разбира.
Одамна никој ме нема наречено девојче Денес муабетам на фб со Белмондо (за чевли) и им викам - добро тогаш, штом не може да стигнат за два дена, ќе ги пратите кога ќе се вратам во МК..благодарам на одвоеното време. И ми враќаат - нема на што девојче. Убаво да си поминеш каде и да одиш.. Уште што не потрчав накај огледалото да видам дали стварно личам на девојче или сликата што ја имам ме подмладила
СДК дека успешно се справив со летните вруќини, со оглед на тоа што немам клима. Ми текнува колку сум должна на Стопанска банка и одма ладен пот ме облива. It works народе.
- Обично девојчињата сакаат кукли, а момчињата убави коли. Но тоа е само до 15 години. После е обратно ...
https://www.crnobelo.com/zivot/ljub...koja-go-chekala-da-sfati-shto-saka-od-zivotot Oва треба да го прочитат сите мажи што незнаат да го ценат тоа што го имаат,и сите девојки како мене што дале 100 шанси,јас се пронајдов и ме расплака
Деновиве, другарка која ја знам многу кратко, ми посочи дека најдобрата терапија за себе е сам да си седнеш на сладолед. Не, навистина! Ја послушав. Извонредно! Додека вкусниот и истовремено леден залак ти растекува низ грло, не само што ти лади уста и грло туку и мозок. Освежува мисли и лади глава. Сега знам на што мислеше кога ме упати таму. Утре, иц а дејт! Јас ја носам неа на по едно ледено ладење мозок.
Таман поверував дека среќата конечно ми се поднасмевна , ми покажа по 1948326393 пат дека нема да се насмее целосно , туку дека ќе стане ваква И после негативец, епа негативец