Ми текна на еден момент на почетокот од романот Пиреј. Бугарски војник поминувајќи покрај црква се крсти. Момче се стрчува да му го допре оружјето. Војникот му удира шамар, за кој во романот е потенцирано 'со истата рака со која претходно се крстеше'. Мислам дека истата таа 'шлаканица' е застапена кај скоро сите луѓе во различна форма. Обично е најприметлива кај тие што не се ни свесни дека 'удираат', а паралелно имаат потреба да се претстават себеси како луѓе со добар дух, со почит кон другите, со религиозни ритуали и на други начини (начини има колку што има и луѓе). Друго што читав скоро истражување кое вели дека ниеден човек не е толку добар колку што мисли дека е. Има логика. Пропорционално некако би дошло, колку повеќе човек мисли дека е добар, толку помалку е уствари. Психолошката потреба да се докажеме во нешто ни доаѓа баш од таму од каде што најмногу ни фали на душата. А многу фали на некои луѓе да бидат светците што сакаат да бидат. Ама кои сме ние да им дадеме до знаење за лажната претстава што ја имаат за себеси? Автоматски истата грешка ја правиме. Освестувањето/ просветлението/ сознавањето (како сакаш читај, речници има колку што има и луѓе) не доаѓа кога некој од околина ќе ти каже што е добро, а што не, дали си добар или не си. Доаѓа од себеси, од животот, од самите нас, од стапиците што сами си ги поставуваме, од Бог, 'одозгора' - како сакаш кажи, животи има колку што има и луѓе. Ниеден живот два пати не се повторил. Ниеден живот не е во иста форма со некој друг. Свесно добар се станува кога истиот прст што лесно се вперува кон некој друг, се става прво на својата сопствена глава.
Голем дел од луѓето велат дека постојат многу мал број на добри луѓе. Што подразбирате под поимот добри луѓе? Дали за вас добри луѓе се оние кои ви се вовлекуваат во задникот глумејќи дека се искрени додека од друга страна го кријат своето вистинско лице. Таквите лицемерни суштества ги сметате за добри луѓе? Ги барате вистинските добри луѓе кои се искрени со вас и не се како претходните. И што правите тогаш со нив? Ги повредувате во првиот момент? Па зошто ги барате тогаш ? Поради која причина? И нив сакате да ги уништите? Епа ако повеќе ви одговараат лицемерните зошто ги барате овие другите? Останете со лицемерните и не се жалете дека не постојат добри луѓе. Оставете добрите луѓе да бидат вистински сакани и почитувани од оние кои знаат да го ценат тоа. Ај со здравје...
Сите се либерални на форумов и надвор од него.. А уствари вриштат од предрасуди и се најголемите лепачи на етикети во општеството .. Некој ќе рече не поддржува хомосексуалци и одма ќе добие етикета - хомофоб. Друг ќе рече дека му сметаат уличните кучиња и одма ќе добие етикета на убиец, поддржувач на заловувањето итн.. Трета ќе рече дека сака да менува партнери и одма е курва.. Да ви се плукнам во либерализмот, кога свесно или несвесно од сите страни ви вриштат предрасудите.. Не сте свесни колку сте иритантни .. ама тоа е друга прича..
Ни го отруле кучето што не пречекуваше на работа. Тоа мило суштество кое не лаеше на никој и обожаваше луѓе. Кученцето кое сите го обожававме и храневме како свое. Крв да серете, КРВ. Ако ве најдам кои сте, ќе го молите Сатаната да ви ги скрати маките. Толку.
И викам на мајка треба колата на компјутер да ја стават да видиме што грешка ќе покаже овој пат. И она збунето ми одговара па зар и тоа иде преку компјутер? -Да мајка да се е технологија веќе. Затоа народот страда.
Ај ако не да се возиме со коњски коли ко на времето. Тие се поправаат рачно, нема тука технологија, па може тогаш нема да страда народот. До тоа ќе да е...
Ха ! Жената е од малку постарата генерација и многу не е запознаена со техологијата за среќа и подобар живот има. П.с и сега се поправаат рачно а преку компјутер само ја пронаоѓаат точно која е грешката! Не знаеше дека и коли одат компјутерски. Значи.... не би повеќе да коментирам.
Реалноста на денешното модерно општество преку илустрации, многу реално и жалосно: https://www.facebook.com/108347729199569/posts/2072344422799880/
Имам толку мн работи кои треба да ги завршам, а ја си седам на форумов и си читам. Избркајте ме!!! Чао уживкајте си сите кај и да сте, ја се гасам од сите социјални мрежи на едно 5,6... дена
Вујко ми оставил слика на фб од ќерките, а долу некоја рандом жена кометирала: - На тато двете принцези, ајде сега ви фали уште едно братче. Еве сега ти пиша коментар, одма луѓето ќе се фрлат на правење братче. Како може да се толку прости луѓето еве уште се чудам. Толку малограѓански и прости муабети, може само необразовани луѓе да ти кажат. Во земјава ако имаш син и ќерка или двајца синови си завршил работа, ама ако имаш една или две ќерки ништо не правиме... Мора да родиш уште едно и да се молиш да биде машко, за комшиите да се сТреќни. Инаку нема шанси на родителите да им е желба да имаат ќерки, нели кој маж не посакува син? Не гледаш за себе дека немаш работа, немаш леб да јадеш, туку си викаш чекај ќе седнам на фб и ќе им коментирам на луѓето какво дете да си родат. Со кое право се мешаат по туѓи бракови, животи и семејства? Абе малку, барем еден грам мозок да имаш, па таква глупост нема да пишеш или речеш. Не знам зошто интернетов е толку достапен за цела раја. Треба да се постават некои граници... Ова веќе не се поднесува. СТРАШНО!
@JollyGirl не е до образованието,до мене имам магистер што се занимава со такви муабети цело време,до свеста и осетот е.
Некои вести од претходниве денови ме тераат да се запрашам какви комплекси се во прашање. Мислев за иселенициве наши... Ќе си речам ајде туѓи пари, не треба да ме интересираат. Мислев народот прави држава, ама изгледа идејата за истата е посилна и побитна отколку народот што живее во неа. Ама како да им противречам, па и јас дел од овој народ не сакам :/ Како и да е... ќе си ќутиш, ќе се насмееш или ќе се натажиш. Колку и да вртам, најголема болка ми е здравството. Сликање со апаратура која како нови кондури ја чуваме само за посебни денови, или муабетот од 40ка за навлаки за теписи, така и со медицинските апарати. Ќе ги покриваме со старите, да не се оштетат случајно новите. Чекаме резултати повеќе од 3 недели, ако може сите бактерии да изумрат до тогаш, да бидат чисти, зашто нема ни лекови. Фалсификувани цитостатици, затоа што баш тоа му треба на болен од рак, или доктори што.. знаете веќе. И те боли затоа што светот работи за да се справува со оваа страшна болест која како епидемија се шири, нас единствено решение ни е да молиме за донации, затоа што знаеме овде спасот тешко се наоѓа. Ама ако, арно ни е, тие таму во светот не знаат како е да излезеш на кафе со пријатели, ладни луѓе се, со фамилијата не се во добри односи, дозволиле педери да им шетаат по улиците (страшно!), се оставаат со деца (омг!), не знаат традицијата да си ја чуваат... и се е тоа битно, додека сфатиш колку не е. Можам само да се надевам дека ќе сте здрави, па ако откриете во што е разликата, на друг безболен начин да биде. Добро утро.
Сакам да кажам и сакав во некоја друга тема да го искажам ова ама еве тука ќе кажам. Сакам да и се земе на една жена старателството над детето зашто тоа не е жена таа безчуствителна жена кон своето дете. Седиме во паркче и има една жена со мало дете сигурно има една година или година ипол тек сеа почнало да оди она си седнала на клупа телефонот во рака детено во количка плаче моли за внимание,со рачињата мафта накај нејзе ,а она со телефонот во рака и си прави муабет ,ајде тој ден следен ден пак исто го држи за една рака и со другата телефонот и го шета детено уште нестабилно падна почна да плаче душиче. И така со телефонот по пола сат-сат дури и го кара зашто не било мирно му вика па нормално дека нема да е мирно тоа дете сака внимание,сака мајка ,ајде разбирам да се јави некој да поправиш муабет 10мин али саат време и детето плаче посвети му внимание еден ден тоа внимание мајката ќе го бара од детето. Друго ... се чудам на собраќајнава култура до каде е стигната и до каде ќе оди до кога?До кога бројот на загинати ќе се искачи многу високо?Кога судите за секоја собраќајка со загрозен живот ќе бидат казнети од 5 до 10 години затвор за возачот ,тогаш ќе им дојде памет? Да одиш по тротоар и да незнаеш дали сигурно дома ќе стигнеш?Дали ќе стигнеш мртов или страшно повреден поради некој селјак што неможе да чека гужви и семафори па вози со огромна брзина на тротоар. Не ни доаѓа памет нема ни да ни дојде си бевме заостанати и такви ќе си останеме.
Сакам да кажам дека е доста интересно кога читам некоја книга или стрип по стоти пат, ама секогаш кога читам наново осеќам дека се возбудвам, читам побрзо, па се враќам назад за побавно. Знам шо ќе се случи, ама пак осеќам неизвесност, како прв пат да ја држам книгата. И само си сликам за да не случајно заборам некој возбудлив дел, а реално - никогаш не заборавам.
Нема кадар кој знае да ракува со нив. Немаме доктори доволно. А од тие што ги имаме, повеќето не се во тек со напредокот во медицината. Она што го научиле пред 20-30 и повеќе години, на тоа се застанати. Ни има кој да им плати да одат на дообука, семинари, ни имаат желба да одат да се доедуцираат.