ОУ МАЈ ГАД ! Соседите мои се премногу загрижени за мене. Јас прв работен ден а тие низ цел град свртеле телефонните по нивни пријатели да прашаат колку плата ке зимам own: ке кажам само БЉАК одвратни сте како не ви е срам бе....Неможам да верувам ејјјј што луѓе сме....Не си ја гледаат својата рѓа цццццц....
Многу ми е убаво кога некој ќе го расположам или насмеам. Во состојба сум 24/7 да тропам глупости и да кажувам смешки за да некој се смее. Наутро, на школо само јас влегувам насмеана и се чувствувам прекрасно кога видам дека мојата насмевка се пренела и на другите. И многу ми го грее срцето кога ќе сретнам и поздравам некоја стара баба или дедо на улица што децата само ги одминуваат и кога тие ќе се израдуваат на поздравот
Од многу личности и случки во животот бев разочарана. Но како што има лошо денови,така животот има и добри. И тоа не добри,туку прекрасни денови! Нема поубаво чуство во животот од тоа кога некој ќе ти подари љубов,внимание,нежност. Кога на некого ќе му бидеш на прво место,се ќе прави за тебе и ќе те цени,секогаш ќе се труди за тебе и нема никогаш да дозволи да те испушти од раце. Ќе биде твое рамо за плачење,твоја утеха,твој советник во било какви ситуации и било какви проблеми и да имаш. Ќе биде тука со тебе и кога ќе бидеш најсреќна,ќе имаш со кого да ја споделиш среќата. Ќе биде и твојот најверен и најдобар пријател на кого потполно ќе можеш да му се довериш. Ете тој,тој е вреден за чување. Ете тој ... тој е вистинскиот.
бидејки темате сакам да прасаш е заклучена сакам да ве прашам што да му купам на партнерот за полуматураа ?
Сум кажала ли некогаш дека највеќе мразам кога сум болна??? Ај што не ми се случува многу често ама кога ќе ми се случи поради неодговорност на глупави луѓе.....да можам смртни казни би им давала, кога си болен се седи дома и се оди на лекар, не се оди на гости кај трудница со две мали деца. Трудница, мало дете, бебе, стомачен вирус...............not a pretty picture. Сум кажала ли и дека сите по дома сме си така малку шлакнати, јас највеќе, сопругот се справува со децата додека јас си седам во вц, сум ја гушнала школката како да ми е најдобра другарка и не мрдам, сиротиот мораше малиот да ми го носи во вц да го дојам, што да правам, desperate times, call for desperate measures. Сопругот цело време ме убедуваше дека најдобро решение е да одиме во болница да ми стават инфузија, јас отпорната нееееее, добро ми е, ќе ми помине ете уште 2 минути и ќе станам од плочкиве, тоа после тие две минути сум се онесвестила, си ја акнав главата од плочките, свиткав раката и пак завршивме во болница. Да го послушав сопругот да одиме додека не се онесвестив немаше да си имаме работа со полиција, докторката во брза помош само со еден поглед на раната на празната ми тиква, свитканиот зглоб и со еден поглед на сопругот кој е огромен и плус целиот истетовиран и одлучила дека сум жртва на семејно насилство. После од кога се разбравме дека сум жртва само на предрасуди а не на семејно насилство ја прашав докторката како би се чувствувала она доколку и ја намалувам компетентноста како докторка само затоа што нејзината религија верува дека кравите се свети животни а јас сметам дека се вкусни животни.??? Грлово не си го чувствувам веќе, мислам дека солна киселина како да се имам напиено, децава битно добри се а и ово малово во припрема, го зезам сопругот дека сум го спасила од затвор да биде некому prison bitch ми даде смрзнат елекролит и ми кажа дека сум била попаметна кога молчам.
Same here. Го читам твојот пост и се вртам наоколу да видам колку чаши и шишиња, допиени недопиени има околу мене. Пијам многу вода и насекаде низ куќава имам оставено чаши и шишиња со вода, мислам дека ќе ме избркаат од дома уште малку ако продолжам вака. Ама што да правам па кога ќе ми се припие ќе треба да одам до кујна вака ми се при рака секаде.
Има 100 теми за подароци. Моежби нема стрикно за полуматура ама истите поклони се и тие што се купуваат за родендени и сл. Отвори најди побрај прочитај. Можеш да прашаш за предлог , но не и да добиеш стрикно одговор. Еве јас би рекла мобилен купи ама можеби си има ајфон па не му треба мобилен , или тебе тоа ти е прескамо. Ти најдобро знаеш што нема , што сака и што му треба. Можеш да разгледаш и да одлучиш од многуте предлози кои што се давани или да прашаш што од тоа и тоа и од тоа и тоа што е најубаво и сл.
Знаеш дека вистински си вљубен кога онака без причина ќе си ги замислиш твоите деца како еден ден учат да возат велосипед или се мушкаат ноќта во кревет до тебе и сфаќаш дека фантазијата ја има неговата боја на очи и предувести плави локни... Некогаш толку сум нестрплива да ги проживеам сите работи, да создадам дом, да ме гали по големото меше додека ја носи ќерка ни на рамена... Нека Господ ми ја даде таа среќа, ништо друго не барам од животов.
Мобилен на партнер за полуматура? Јас на мојот партнер за матура му купив кожен новчаник..... Или можеби си ја разбрала дека прашува на дечко ѝ за полуматура што да му купи..... Но пак е многу за деца на нивна возраст. И само на некој што има Ајфон не му треба мобилен а? Како и да е, се извинувам на оф топик.
..Утрово ме разбуди песничката за „Happy Birthday“ од мињоните, јас осмех од шестка до шестка. Толку пријатно ме изненадија сестра ми и татко ми, додека мама ми го правеше најубавиот доручек. Еех, времево лета..Јас не сакам да пораснам :'( Среќа јас уште се сметам за прцле малечко, си гледам цртани, ама тоа не ме прави толку малечко нели ?! Среќна си рипкам по дома, убаво си се чувствувам денеска и се молам некој да не ми го расипе денот. Еве Ви виртуелни тортички, ако не па ела дома кај мене, први ќе ја вкусите мојата вистинска торта. Спојлер Поздрав..
Вчера ми се погоди денот, па дури можам да кажам дека најубав роденден ни беше со брат ми од сите што сме ги славеле Во домашна атмосфера,со другарки и другари, со оние кои најмногу ги сакам, па дојде време и кога сестра ни ни ги запали свеќите (дури на крајот,кога останавме три души се на се , а на другите им се лутам што не пробаа од ролатот ) и требаше да се посака желба. Си помислив: што би можела да посакам уште? Ама ајде редот е таков па си посакав само среќна да бидам понатаму во животот Дефинитивно супер си поминав Пријатен ден на сите
Уште во 7часот сабалје ми сецкал овошје и го ставил во фрижидер за да појадувам кога ќе се разбудам Е оваа навистина не го очекував од него срце мое најубаво Човекот што ти прави појадок пред да замине на работа е тој да го чуваш ма лепотице Многуу сум среќна,многуу Имајте убав ден феминки ви посакувам многу убавини http://www.youtube.com/watch?v=FHCYHldJi_g Мелодијава е вистинско уживање ве поздравувам со неа
Мали чекори кон голема промена. Задолжително центарот на фокусот да се тргне од зголемување на наталитет и да се пренасочи кон отварање на психијатриски установи со голем капацитет. Неопходен е психо тест заедно со пописот на целото население и кастрација на ненормалните.