Јас да си го кажам моево пријателе и да те поцитирам малкуцка дека од недела подосаден ден нема. Сите весели и расположени и расприкажани,што убаво си се дружат. Само да си кажам,не знаев дека и координати и мапа треба да означам тука
Не користам инстаграм и фејсбук, таму има најзбутани такви причи , човек да си рече: шо праааааам ја. Иначе Недела е ден за кулирање .. не треба да биде досаден. Зависи шо си праела вчера и завчера .. хехе
Многу пиев вчера и уште не сум трезна и така развеселена сите ми делуваат друштвени а јас пукам од досада и на секое цитирам
Колку било лесно човек да ме изнервира периодов. Ама уште полесно било да им вратам Еве ќе си кажам, безобразна сум, некултурна и се останато, доколку си го заслужиш И додека не си го средам животов периодов, не ме закачајте А морам да си го средам, ова не иде више
Пишав еднаш, ама во друга тема, многу сте нежни овде на форумот. Од време на време, некој обавезно ке се пронајде у нечиј муабет. Разврската е следна - или членката ке се правда 'јас не вака, онака правам затоа што' или членката ке почне со муабети од типот 'мене животот ми е совршен, другите ми љубоморат и не треба да ми се мешаат'. Најинтересни се оние кои контра-цитатите ги украсуваат со навреди. Некогаш е забавно да се чита од страна и да се фаќа сеир, ама најчесто не ви личи на годините. За ред и мир на форумот, нареден пат пишете дел од матичен број, за да оние кои се пронашле у муабетот укапираат дека мислењето и го посветувате на сосема друга персона. Што се тиче мене, пишувајте дво-тро-смислени мислења, и онака ништо не се дешава на форум ако нема препукувања. Ке заборавев, легендата вели дека во лп се дешаваат забавни работи, ама ете, мене никој ме нема вклучено во ниту една.
Кога и да се почувствувам глупаво ми текнува дека има луѓе што се караат по форуми и се нервираат за она што го пишал некој лик кој можеби трола и нема попаметна работа
Не си хејтер. Тоа се вика интимен живот,кој некој сака да го прикажува на сите или не. Јас спаѓам во таа втората група.Јас го делам истото мислење со тебе. Сето некако со тие веридби,свадби,крштевки е како монотноно,ставаш слика од прстенот, од чашата вино зад неа и тоа е тоа. Некој сака да се експонира. Сето ова е некој американски филм во кој живееме,ерата на технологија и напредок. Мене,лиќно ми е глупаво да ставам таква слика, или па да си го покажам трудничкото стомаче. Мислам,хрллоууу!!! Е,сега сите си имаме некој одреден став кон животот,сите си го живееме како мислиме дека треба. На вавките искажувања на приватност на ФБ ,почнав и воопшто да не му обрнувам внимание. Кој како сака нека прави. Ем си штедам енергија за себе,од едното те исто кажување демек аман веќе од фб,го направија семнеен албум споделен со цел свет,ем си гледам што ми одговара што не. Позз
Денес се разбудив со страшна главоболка, поголем доказ дека ќе настапи драстична промена на времето не ми треба.
Ми помина цел ден. Ама нема врска сега се ќе научам до кај 02 часот. Леле колку неодговорна личност сум значи ФМП и држете ми среќа.
Фала ти Господи што секогаш ме издигаш,и што ми даваш сила да продолжам кон мојот сон,со Господовата сила стигнувам до целта,да луѓе до целта,наскоро нов бургер бар во Скопје,локација Водно,ке ги добиете сите информации до крајов на месецот.Само да ве известам дека ке биде нешто сосема нова во градов,каде што ке се разликуваме по многу работи,од месо,до сосови до све.
Некаде прочитав дека детство е кога ги гледаш цртаните Том и Џери и ти е интересно и пресмешно што Џери го надмудрува и често и претепува Том ,а созревање е кога пак ги гледаш истите цртани, сфаќаш дека и Том е жртва и ти е жал за него,а и Џери е кретен. Навистина длабоко !
Oние луѓе што за силувана/вознемирувана девојка ќе речат дека сама си го барала, се прашувам дали во потенцијални силувачи се ставаат себе и сите мажи од поблиска фамилија, со оглед на тоа што вината е во девојката нели, силувачот е како сите луѓе, само бил испровоциран.
Мислам дека наскоро ќе напишам сличен пост само за друг вид на локал и друг град. Знам какво е чувството да гледаш како сонот ти станува реалност. Ти посакувам многу среќа и успех и истото си го посакувам себеси и секому кому му треба. Што побрзо соништата да ни станат реалност.