Некогаш се мислело дека во овој стих делот "поради ангелите" означувал дека жената треба да ја покрива главата за да се заштити од инкуби. За инкубите пак се верувало дека истиот демон бил и инкубус и сукубус, па така, прво заземал женска форма и одел во сон кај некој маж за да му го собере семето, а потоа истиот тој демон заземал машка форма и одел да го остави тоа семе кај некоја жена. И така, жената вештерка неретко завршувала на клада, а мажот невино се излекувал од аферата. Не знае тој ништо, демонот заземал форма на жена му, тој во неа го истресол, а не во комшиката
Читам вест: Секој ден по едно лице завршува на токсикологија поради мешање на солна киселина и варакина додека чистеле по дома. Сдк колку и да сте вредни по дома и сакате домот да ви сјае, не си играјте хемичари. И во маркет е грешка што ги ставаат варакината и солната киселина едно до друго.
Жал ми е што се запоставив себе и му го посветив цело внимание нему и пак не беше доволно,си ветувам дека ќе се доведам во ред и дека ќе си продолжам со плановите таму кај што застанав бидејќи се одложив за него,се смалив себеси,се потценив.Прво да почнам со поздрава исхрана,па да повежбам малку,па да положам и да си купам автомобил бидејќи релацијата дома-работа ми заштеди некој денар,а дали ќе имам пак емотивна врска во животов,незнам,разочарана сум многу.
На овие години почнаа да ми се случуваат работи што би и се случиле на некоја хероина од глуп ром ком каде истата е кламси и оквард, и каде у позадина иде гласно смеење од "публиката". Достоинствено ги прифаќам патем. Што ако ми се истресло ќесето со овошјето, само прави се дека тоа е сосема нормално и секојдневно, прибери и оди си по патот. Чудни ми се случкиве деновиве и не можам да анализирам од каде настануваат, ама стварно се надевам дека ќе престанат. Итс нат фани. Сакав да кажам дека сум боса и тоа ме прави хепи, ама тогаш добив инсепшн, мисла во мисла во мисла...и ми се приплака. Затоа...ај со здравје
Извини што не те прашав каде требаше во Скопје да се отвори бургер бар,нема да ми се повтори следен пат.
Глеам овие автопералнине низ Битолана се прат демек ај са у свет ќе влегваме,да маниме инглиш за поќе впечатливо и побрзо забележително да биди... И така имиња стаиле нешо као:ВАШИНГ КАРС(пазете ова на кирилица напишано),Mr.Wash... и разни ми ти срања...алооо ретардиранииии....Блажета Конески се преврќа у гроб,а такоџе и Крстета Петкова Мисиркова...за шо ве учеа бе?За шо се мачеа Кирил и Методија,за шо праеја Климент и Наум бре? За да пишите Вашинг карс,Прање колица,Господин Ваш и разни други тралалајки? Неаме ние наши текнувала,наши уникатни имиња,морало на англиски? Ај шо е на англиски ќе се трпи до негде то,ами напишете го барем на латиница убио те гром јбт! А не онде Вашинг карс или рент а кар ми пишите на кирилица....и шо са демек шпикам инглиш,али сам македонац па че то да врајт он кирилејшн? Неписмен народ,силна држава. Прости ко гра.
Како да не се нервираш. Со какви психопати воздух делиме. Добро бе колку треба да си дебил за отров да расфрлаш. Да ви се плукнам во гнасите психопатски, сите да се сотрете. Не ми се верува, околу основно школо и сендвичара кај што идат мали деца секој ден имаат отров фрлено. Да видам некој отровот што го расфрла во уста ќе му го набутам. Што ти згрешило животно за сите да земеш да ги труеш. Створења одвратни сте!
СДК одам да спијам. Утре ќе биде: Помогни Боже да положам. Научив до негде, па белки ќе ме послужи среќата да ме прашат тоа што го знам. Добра ви ноќ.
Неколкупати ми доаѓа искрено да се скарам со некого на форумов Некои луѓе си направиле некои филмови за себе, а толку се проѕирни... понекогаш стварно ми иде да ви кажам дека тие што си мислите дека сте...не сте Ама после ми текнува дека не е моја работа, и дека не ми се замара и затоа Се прашувам, дали луѓето кога градат еден имиџ за себе, со сила и сакаат одредени работи само затоа што се дел од тој имиџ Дали кога луѓето припаѓаат на една група друштво, со сила и сакаат одредени работи што ги сака групата, само за да бидат прифатени од истата? Постојат ли уште луѓе што кога некој ќе каже дека сака сирење и тие веднаш одговараат дека обожаваат сирење? Или одма го хејтаат сирењето ако е кажано од група друштво што не им е по мерак? Љубопитна сум. Можеби конкретното прашање би било, постојат ли возрасни луѓе што ова го прават Во пмс сум и на рака можам да избројам кого сакам. Затоа пишувам глупости, за да не се закачкам со некого
1. Кога регистрираш фирма, називот мора да биде на кирилица напишан. 2. Не сте интересни кога се обидувате да омаловажите некој, а вие сте понеписмени од него.
СДК: Си го добив 17от трофеј на Фемина : Лудуваат по тебе! Ве сакам дечки и тие што ме сакате и тие што не ме сакате
Скрoлaм утрински низ инстaгрaм, убaви слики, смешни текстoви, интересни видеa и тук тaму твит нa кирилицa -немa пoгoлемo злo oд неизживеaни луѓе, или -не се уживa истo вo секoјa прегрaткa...дoбрo. Само одбери тема и кажи ми дали да бидам за или против. Небитно што реално мислам, за забава можам да се расправам од сите правци
@Bridget Нејќам со тебе или со било кого Би сакала на моменти да плеснам "во фаца" на некои...ама неам м*да. Или не ми се замара до толку. Или ќе си ја нарушам репутацијата Многу сум лажна, знам. Башка и јас не сакам сирење, ама ич.