СДК дека кога ќе лајкнам некое мислење кое е од пред некој месец, а притоа не сум искоментирала во таа тема се чувствувам како некој манјак кој демне или како оној пријателот во групен чет кој само чита а ништо не коментира.
Сакам Да Кажам дека после толку години веќе уште на прво гледање добро ги познавам оние... ...со скришна солза длабоко во срце... ...со скриена злоба далеку зад поглед... Болни од немоќ, болни од желба за одмазда
Те сфаќам до последен збор, со се делот за ПМС. Тогаш е тоа кога мрачам по темава за сешто. Вака од ко ќе се олеснам ретко да цитирам или да мрачам по теми. Ама те цитирав да ти кажам дека дур читав мислењето не знајш колку луѓе ми паднале на мисла. Дури и многу близок роднина за кој често пишам кој е апсолутно екстремен, таман за муабетов. Знајш дека познавав човек што сметаше дека една марка на телефон е лоша. Му реков дека не е и ми рече во право си. По три дена ми кажваше како таа марка е добра. Почна да сака работи како одредена група луѓе, зошто ги идеализира, а сите знајме дека идеализација не е ни добра, ни здрава. Почна да не јади одредени работи, и да јади други шо до тогаш не ги јадел само за да се вклопи. Мислам ... Страшно. Сакам да кажам добро е да припаѓаме на група, ама ако се идентификуваме со неа се губиме себеси и то е шити. Дечко ми. Кога сум во ПМС и се закачам за се, нарочно одбира нешто шо не го ни мисли, ама аргументира како да му е најголема пасија само за да се контра. Или кога сме во досадно друштво се контра колку да се зборни нешто. Ама толку добро расправа, чиниш вистина го мисли то. И стварно е интересно Сакам да кажам дека денес се успав. Станав сабајлево и не можев од кревет да станам и си прилегнав. Си напрајв аларм и прилегнав ама тој не го ни слушав. И еве сега станвам, успана, се осеќам како денот да ми заминал.
Јас сум онаа будала што секогаш се излетува како прле пред магаре и се бори против неправдите за колективно добро односно за сите засегнати во ситуацијата. Во минатото се случуваше тие кои ме тапкаа по рамо во мојата намера да променам некои работи односно да се потрудам да исправам некои неправди, на крајот не ја добивав нивната поддршка мудро си молчеа. После тоа се чувствуваш како некој да те уринирал од ќерамиди. Епа на таквите лицемерни гадови можам да им кажам само дека доколку еднаш ја изневериш довербата кај ваков човек не се обидувај да ја вратиш повторно. Човекот кој имал намера да ти помогне на ваков начин и не бил себичен туку барал да се исправат неправдите за сите вас па и за тебе. Потрудете се да го цените и почитувате тој труд. Ај со здравје.
Многу мразам неодговорни луѓе. Што ќе те остават да чекаш знаејќи дека ти е битно и на крај без трошка осет ќе се прават ко ништо да не се случило.
Damn, проектов ич не е веган френдли. Не може ни да стават: No animals were harmed in the making of this project.
Некои луѓе кога ќе престанат да зборуваат со тебе почнуваат да зборуваат за тебе. И не сфаќаат дека тоа повеќе кажува за нив отколку за тебе.
@worrieddd верувај дека постои секогаш поголем баксуз. Да не задоцни на испитот или уште полошо да не падна?
Ем задоцнив, имаше сообраќајка на патот. Ем не положив, комисики ми беше испитот ај згрешив нешто ама секој пат ми се погодува да влезам со колешки што немаат појма и на крајот и јас си паѓам со нив... а професорите не се замараат, имаше 70 души, а комисиски е поскапо ееее ќе си се частат. Си кажуваат смешки ќе си пукнев и јас од смеење : Влегувам јас и уште две, професорката го соблекува сакото и им вика на професорите: - Леле жешко ми е климаксот ме фаќа. А тој едниот професор и вика - Ај види види С. многу касно ма(55г) климакс те фаќа па ти си можела до сега да раѓаш. А она му враќа - Зошто стара не сум стара, годините не се битни битно како си се осеќам. И така они се смеат си се пуштаат еден на друг муабети си прават не се замарат. А мене тука главата ме боли дали ќе положам. Ох мори мајкоо.. аман веќе пола година се влечкам со испитов....
Ајде ќе биде само здравје ќе положиш . Јас прв пат во 4 година слушнав од колега дека предметот го полагал 11 пати до сега. Така да теши се дека не си најголем баксуз. Инаку на никој не му е толку за парите што ќе ги даде колку за нервозата и непреспиените ноќи. Ајде со лесно и со среќа нареден пат , па уште дипломската и да честиш после за дипломирањето . Само не се разочарувај и не се обесхрабрувај.
Само во Македонија можеш да играш и пееш со мајка ти, татко ти, вујко ти, стрина ти, баба ти и други роднини стари и млади, на песна во која се зборува за фалусот на авторот.
@RAF Camora и ја имам еден колега 15пати полага еден испит и мислам дека уште го нема положено. Не дај Боже да стигнам до таа бројка, ќе се откажам. Ајде здравје ќе биде наредниот пат. Фала ти на охрабрувачките зборови.