Сите осудуваат без да знаат каков си навистина...Жално е ,според изгледот ,финансиските средства те осудуваат луѓево.Вчера,доjде едно ново дете во играорнава група моја и нормално,од еднаш не можеш да научиш да играш како професионалец,ама за жал,оние 17годишни идиоти(и машките и женските) тоа уште не го сфаќаат.Очигледно заборавиле како тие почнале и од каде почнале,како играа тие на почетокот не се сеќаваат?! Се сеќавам како ми беше мене,како јас се чувствував кога и мене ми се исмеваа на училиште за многу работи,кога не бев прифатена од другите таква каква што сум,кога видов како му се потсмеваат позади грд на детето,се присетив што се' мене ми се случуваше,ми падна многу жал...На 17години да не знаеш да бидеш во одредени ситуации малку посериозен,да се клештиш како нездрав,брееј некои луѓе навистина како без мозок да се,срам да им е.Побогативе,ако некој е посиромашен од нив,абе ќе го откапат од оговарање и исмевање.Тие растени цел ѓивот во луксуз,пливаат во пари,па смешно им е друг некој кога нема толку финансиски средства...Па ако нема пари куче не е,човек е побогу! Кога ќе престанат луѓево да осудуваат врз основа на изглед и твојот статус во општествово?! Од ваквите ни пропаѓа човештвово!
Денеска сум многу среќна. И од што сум толку среќна, паднав по скали. Како што станав, јас си продолжив да се смеам и пеам. End of story.
http://www.youtube.com/watch?v=jMVOh7TcWaE Ме растажува што таквите дегени се резултат на размножување на луѓе без мозок. Нација идиоти. Таквите луѓе не се менуваат.
Не ми е јасно како може бе да има толку несредени луѓе Ама буквално. Вработена на убаво место каде што дневно преку неа поминуваат многу луѓе,каде што треба да застане пред нив и да им објасни да им каже да ги советува ... Мрсна у глава,лицето цело за на депилација ,веѓите несредени,без ни малку шминка и кармин на неа Не ми се верува што гледам пред себе понекогаш ... Страшно !!!
Couldn't agree more! Место тие да се најсредени, они..И никаквo оправдување немаат за несреденоста, почнувајќи од мрсната коса (уште во Понеделник), несредените нокти. Ние велиме за средени, а некои ни лична хигиена не разбрале што е.
Ај ваквите барем еднаш ги гледате и готово, али овие другиве што сега ќе ги искоментирам се и полоши дури, инаку согласност за постовите! А секојдневно да трпите девојче во клас, со мрсна коса РЕДОВНО од понеделник-петок, што мириса на пот, цела учиница буквално мириса и ќе ти се прави најубава и се фали дека ИМАЛА парфеми од Италија по 5000 денари биле вакви такви. Место прво да се избањаат со вода, они у парфем се бањаат, а парфем и пот заедно=мирис полош и од контињер.
Сакам да кажаам..не знам што да кажам денеска нешто не ми излегуваат зборови од уста не знам што да кажам или пак имам многу работи што да кажам па не знам што попрво,како да имам милиооон работи за кажување а уствари немам,не знам и јас да се изјаснам какво ми е чуството денес чудно.. алал да му е на некој ако ме разбра што кажав
Излегов на неколку круга со ролерки, да искористам убавото време и да проветрам глава од вртење по учебник и одговарање прашања... Се враќам накај дома и слушам меки детски гласчиња како се расправаат: До тука е голот! Аааа, нареден пат кога ќе падне топката во некој двор, ти ќе ја земаш! А таман бев во спортски фазон, со ролерките... уште 5-6 години минус, некој времеплов, нешто? Колку сакам вакви пролетни детски игри, ми иде сега да си се наместам на тераса и да си навивам. Милина бе!
Не знам за вас, ама јас уште од сега да си кажам дека во наредниот живот сакам повторно да бидам жена! Баш сакам да пишам за нашата моќ на трансформација, не дека е нешто ново или којзнае колку мудро, ама мислам дека тоа ни е во коренот на психата. Ги љубам од дното на душата оние денови кога имам на располагање часови за припремање за излегување, нешто што мажите никогаш нема да го разберат. Всушност, ова припремање е пола од забавата, му доаѓа нешто како предигра, загревање, период кој е стресен, исполнет и интересен. Прво едно добро излежување и размислување, третман за коса, третман за лице, депилација на раце, нозе, бикини зона, кубење на брк, чупање на веѓи, лакирање, фенирање, избор на штикла и пробување на сите можни комбинации... Да ми го дадеш цел ден, малку ќе ми биде и пак ќе доцнам! Јас во мојов живот немам запознаено жена што не доцни за излегување, 10мин не го рачунам, тоа е нормално, па секогаш нешто излегува и искрснува во последен момент!!! Понекогаш ми се растурила фризурата - па морам да ја поправам или не сум задоволна од линијата на ајлајнерот па морам да корегирам, или не дај боже во последен момент да видам дека немам што да облечам! Panic Station и тоа одма по дефиниција го става зборот ШОПИНГ следен на листата... Знам дека ниту еден маж нема да ми го забележи накитот или маникирот, тоа не го правам за тебе ниту за некој друг. Тоа го правам првенствено за себе и своја лична сатисфакција, затоа што се чувствувам добро кога изгледам добро. И сето тоа вреди, поготово кога случајно ќе ве сретне комшијата па нема да ве познае и ќе сака да се запознаете, повторно! И тоа одма по дефиниција значи дека во рок од 5 дена максимум, или ќе ми се расипе некоја машина или ќе ми се запуши нешто низ куќа... така случајно... Жени бе, жени, не дека се фалам, ама мајку му - за се не бива!
Океј е сте раскинале, сите сме минале низ тоа и знаеме дека боли, ама досадна си бре со тие срце парталните песни и текстови на фб сте раскинале ама тоа не ти дава за право да го плукаш по фејсбук и да го нарекуваш секако, да го означуваш на секое и сите твои другарки да те "подржуваат" со лајкови и коментари од типот тоо маче кажи му или срце не се нервирај не вреди многу се нервирам кога гледам така! Бог да чува *************** Морам да цитирам и да кажам дека многу се пронајдов во пишаното, тешко на тие околу мене Цел ден да се јадело бре и не ми е криво што толку јадам, криво ми е што не се фаќа за мене
Сега баш Спешлка ме потсети на фудбалов. Поима си неам од фудбал, мислам дека глава ќе скршам ако почнам да ја водам топката... али ептен знам да рогам упм. О б о ж а в а м! Обожавам да рогам. Многу лоша идеја ми беше еднаш кога ја рогнав у стан, али среќа мајка ми не примети. Си игравме со татко ми. Не знаеш кој е поголемо детенце. А пред некое време, бевме на гости со сестра ми. И сеа ја коа видов двор, очиве лубеници ми се сторија. Па уште топка? Готово, пресреќна. И јас прво рогање, туп кај комшиите. А имаше некоја бодликава ограда, нема шанси да се протнеш. :geek: Пробав еднаш, али у себе си викам: Елено, ти низ 4 метарска врата да пројдеш ќе се сопнеш, а не пак низ бодликава ограда. Седи мирна таму. Башка удолница. Шо ќе праиш... Зимање греблото, сестра ми метлата... влечи, влечи, не се довлечкува. Не е моја топката, ако ја дупнам со греблото, отиде ја*ана. Ај некако ја извлековме. Јас пресреќна што сум ја извлекла топката... зимање топката, дигање у вис, рогање... оп кај другите комшии. А тој па Енглез да ти бил, пола разбира, пола не разбира. Едвај и од таму ја извадивме. И морав да прекинам да ја рогам. Ептен сакам дворче, бе.
Никогаш не можеме да му кажеме стоп на мозокот. Тоа е една турбо-машина која е создадена да собира информации и мисли и истите да ги преработува во моменти кога не ни се потребни.
Нема ништо поубаво од првото внуче во фамилијата Првото ангелче На мојата прва братучедка ( внука на мама ) се породи. Имаше лесна и убава бременост. Сакам да имам маж како што е Петар ( нејзиниот сопруг ) ( а се надевам дека дечко ми е слична верзија хаха ) и ги испонуваше сите желби.Не дозволуваше да го истресе чаршавот после ручек.Таа беше принцеза само и фалеше круна. Вчера околу 11 часот во приватната болница систина се роди Ивона. Мала и нежна, одма мајка ми кажа.Ја посетивме.Навистина е прекрасна. Денес разгледувавме подарок со мојте Го очекувам денот кога ќе ја гушнам и нежно бакнам..
СДК дека се изнасмеав убаво па ај и вас малце да ве расположам посебно оние кој имаат свекрви хахаха http http://www.youtube.com/watch?v=7MTk0cGfdzg#t=170
СДК дека ме мава депресија. Сабота, се слуша музика од кафиќите по градот, а ја седам сама дома. Немам каде, немам со кого. И најмногу мразам цел ден да ми помине пред компјутер, и пак го правам тоа и пак се нервирам. Сакам бре дружење, филмска вечер, запивање по дома, музика, заебанции, игри... Мислам дека целиов живот ке ми помине во четири ѕида.
Секогаш и постојано живеам со стравот да не ги изгубам оние кои ги сакам, оние кои ми значат.. ама дали постои некој воопшто што се плаши да не ме изгуби мене? Ама изгледа не.. Ми се смачи веќе секој пат да пишам на истите теми и да тажам за нешто, па секогаш нешто сум тажна и нерасположена.. што се случува со мене?? Зошто ми е вака се.. како да ме има заречено некој.. Не можам повеќе да издржам!