На фејсбук ми излезе предлог да правам квиз и да дознаам дали сум тим Тамара Тодевска или тим Елена Ристевска.
Можда сум олдскул особа ама ги обожавам врските и дејтовите на кои нема собирање со коли, носење по дома, брзање со одвивање на нештата. Туку се да се одвива полека, спонтано. Многу сум среќна што сум во таква врска која што е баш старомодна за 2018та ама мене ова ептен ми се допаѓа. Отсекогаш ми било сон да имам врска ко во 70тите или 80тите
Јас сум тип на човек што го фрла пакетчето од нешто што се приготвува и потоа го вадам истото од кантата за ѓубре пошто сум го заборавила упатството за подготовка.
Same here @Dream-Girl а во минатото мислиш не било така?Ахахаха било истото, ако си гледала Riverdale, Revenge ќе видиш.
@JollyGirl Иста реакција имав за квизот. Мислев до компјутеров е дека ми забегал, па измислува некои такви shit квизови Друго нешто што ми ја предизвикува истата реакција се тажаленките од типот на „Девојко, тој не те заслужува“ (и тука цела статија напишана за лошото искуство со некој момак што го имала некоја од „писателките“ на сајтот). Ваквите crap нешта можам да ги читам само ако имам ептен лош пмс, а некогаш ни тогаш И после идат статиите од типот на што јаде Меган за доручек, каде отишла Ким Кардашијан на ручек, како Џесика Алба ја прегрнала ќерката
Се сретнале двајца другари. Едниот му вика "Чао", вториов пак му враќа "Чао, чао". И првиов си толкува: "Чао, чао е слично со мјау, мјау. Мјау, мјау вика мачето, мачето пие млеко, млеко дава кравата, машки род од крава - вол. ОН НА МЕНЕ ВОЛ!!!" Сакам да кажам дека понекогаш непотребно си ги преувеличуваме нештата и бараме лошо таму кај што нема без да уживаме во едноставните моменти на животот. Зошто едноставно, кога може комплицирано?
Трудот, трпението, истрајноста и тврдоглавоста си докажав дека се исплатат во животот, дека некој тоа го цени, вреднува и наградува. На едно поле во животот си ја исполнив зацртаната цел, тешко беше, колку нервози имав, стрес, плачење и непроспиени ноќи, но непроценливо е чувството кога ќе стигнеш на врвот, кога маката ќе остане позади и само уште повеќе придонесува радоста и задоволството од успехот да бидат што поголеми. Денес почувствував големо олеснување, камен од срце ми падна, подрага оценка немам од оваа денеска заслужено што ја добив и само знам дека ќе ми биде уште поголем мотив во животот без разлика на каква препрека ќе наидам никогаш да не потклекнам, никогаш да не се откажам, туку напротив ако треба и со глава во ѕид да одам, но со сопствен труд, трпение и љубов да стигнам до целта како победник. А уште посреќна од денес ќе бидам кога ќе си ја остварам целта на љубовно поле и кога љубовта, трпението и преголемото разбирање што ги вложувам ќе ми бидат ценети и возвратени. А и да не заборавам уште нешто што сакав да кажам. Колку е потежок патот до целта, толку ни е подрага победата
Некогаш дома така е сала за состаноци. Слушаш чудни работи. И више не те интересира. Џумла (?!), Ларавел, веб ова, веб она, фонт, бек, дрн дрн... а попатно што просечен сервис за компјутери може бурек да јаде. Шрафови на сите страни, еден цела недела во патика си го носев. Фул пекиџ. Ќе ми пукне филм осеќам. Марш сВите по дома! Имате ли бре жени, фамилии? Ајт у три лепе. Ама... мирен, уљуден човек сум, еве праам чај, кувам кафа, точам вино, вечера сами си праат. Понеделник... Оди дете раѓај да те видам... не можеш да го напраиш, нема кога, а и некој шраф у гз ќе најдеш.
Епа вака да пишам и овде да не биде после дека не сум кажал и да не се натегаме по некои теми каде што не му е местото. Благодарание на некого на форумов има опција да му одговориш на некого на коментарот кој го напишал и нема потреба од пренесување на целата фарса и по другите теми. И ако прочитате некој мој коментар во кој изразувам гнев и бес нема потреба да ми пишувате или да ме прашувате дополнително за сето тоа. Да сум сакал да кажам ќе сум му пишел на некого. Оти од една таква ми се е.. мајката на чисто. Затоа во иднина кога ќе се случи такво нешто нема да одговорам , до сега сум одговарал од почит ама од сега нема да го правам тоа. И никој не бара од вас да сожалувате некого или ако некој напише нешто кога му е тешко не значи дека се самосожалува. Ви благодарам многу на разбирањето Ај со здравје..
Мојата совршена комбинација,ever ! Дај ми речник,лаптоп,учебник,тетратка,молив и пенкало. Тоа е мојот живот.
сдк факт е дека жена ако сака ќе пукне со прсти и 100% ќе се смени она што наумила. сдк факт е и дека жена некад се уморува и и е преку глава да пука со прсти и сака да ужива понатаму.. место да менува.
Сакам да кажам дека во последно време сте многу нежни на форумов. Ќе репилицираш нешто на културен начин, ќе земе ќе се кара со тебе. Ќе напишеш нешто како зезање, па ќе те сфати погрешно и пак ќе се кара со тебе. Ќе се обидеш да помогнеш на некој, па ќе ти рече да си стоиш настрана со арогантен тон. Не, не ви е форумот за се' виновен, ниту пак некој позитивен лик што сака да искомуницира со вас, туку до вас е проблемот. И мене ми се случувало да ми пречат одредени ликови во одредени денови, ама не се втурнувам веднаш во расправии затоа што многу почесто фрустрациите доаѓаат од самите нас. И да, за некои ликови од форумов, feel free to find yourself because I am writing about you. И да, верувам дека ќе си се пронајдат и тие за кои никогаш не би пишала вакво нешто И не, не планирам да одговорам ако некој ми реплицира само затоа што се пронашол/а
Видов завчера баба и дедо како се држат за раце додека се шетаат на кеј. Си помислив... нели ви е жешко бре, нели ви се потат рацете??? Итс офишл, не останала тронка романтика у мене.
На некои мажи незнам како треба да им се објасни пооширно, за да сфатат дека многу се трудат и многу грешат НИКОГАШ вербално не докажувај на други мажи дека таа е ТВОЈА жена. Нејзе тоа и е ,,работа,,...тоа мора таа да го прави...ако те сака Невербалното општење е цела наука СДК џабе се докажува некој кога таа не го рецка 2%
Од денес се збогувам со едно од моите најголеми животни задоволства - цигарите. Teшки денови доаѓаат, стискајте палци.