Секоја чест на оние кои се преселиле во странство, а сѐ уште општо како личности стојат цврсто на земја (па со време и навистина се надоградуваат уште повеќе со светски вредности), не ја забораваат реалноста тука поради која ја напуштиле државава, ги сфаќаат и понатаму потешкотиите на другите кои се останати овде, и не се замараат со овдешните политики - прво за сопствен мир, па потоа и на оние со кои се во контакт/ги читаат на интернет. А останатите - да, и понатаму ќе ве „исмеваме“ за ароганцијата, „заборавањето“ на македонскиот и квазипатриотизмот. Sorry, not sorry.
Нема поубаво од љубов мајкина која се скратува од се за ти да имаш. И од последното жалче леб. Ќе сфатам и јас кога ќе бидам мајка што значи да си даваш душа за свое чедо.
Каква анксиозност ме фаќа кога треба да се јавам прв пат некаде за закажување термин или слично, што потоа откако ќе средам и ќе заврши разговорот се чувствувам како да сум го освоила светот. Welcome to adulting Amellie, get used to it.
Уште од мали нозе животот знаев да си го разиграм со љубопитството за сѐ она што би било интересно во детските очи. Љубопитство за сите скриени нешта, истражување под површината на она видливото, замислување на непостоечки но за мене волшебни светови и нурнување во нивните длабочини. Денес сѐ уште се водам од љубопитноста за нештата, но сега наместо да ги истражувам тие светови како секој од нив да е засебен, сфатив дека треба да се истражувам себе. Бидејќи тие се во мене. Живи се секогаш кога се туркам себеси до границите на невозможното, разнобојни се онолку колку што ги гледам виситнито и со верба, далечни се онолку колку што постојам, а посакувани исто колку што е голема вселената. Од тука до бесконечноста
Само јас пуштив клима на 30ка да дува? Не е нормално колку ми е ладноДа имав некој камин ќе си го запалевуствари може до вечер и печкава ќе ја стартам
Умот се избиструва кога имаш дете. Воедно стануваш најконфузна личност на планетава. Успешно ја однесовме на промоција и на изложба. Сосе ќебе и скафандер. Ко космонаут. Кратко ама слатко. Морам и јас самата да се задоволам со културни настани за да не побудалам. Сега и го пуштам Принс, она прета и прди како старец.
Сакам да кажам, влегов на форумот да видам да не ми стигнала некоја нотификација од вчера и оп.... Фала, фала, ќе продолжам така
Сдк... пред неколку години имав една голема љубов, за жал никогаш не успеа тоа "нашето." Го закопав тоа длабоко во душата и не сакав никој да го чепка.. се до денес кога моја блиска другарка ми прати слика од него со девојка му, насмеани и среќни. Нешто ме пецна, дали затоа што одамна немам прозборено за таа тема, или од други причини. Од тогаш многу работи се променија, јас денес сум среќна покрај една личност која ме сака таква каква што сум, но ова што го направи другарката со сликата, не и беше потребно... размислив пред да и одговорам, не сакав да реагирам бурно и со тоа сфатив дека на тоа поле се имам драстично променета од порано кога урлав кога се чепкаше по мое минато.. Си се гордеам со себе си дека на некои мои карактеристики и маани ги отргам или се подобруваат. Не е битно, нека има љубов само.
Пред 2 часа му реков на мм дека немам што да облечам вечер за на пиво фест. Еве уште чекам да престане да се смее и да ми ги симне чизмите од плакар...
Што толку те привлекува Исланд? Не секој може да се навикне на климатските услови таму, особено во зима