Идентитетот па идентитетот... Нас менталитетот треба да ни се смени за да мрднеме напред. Тажно е што треба да копаме илјадници години назад, за да најдеме нешто што ќе не прави горди. Го гледам градов и се прашувам, дали тој се промени, или погледот ми се промени. Порано го боев и пишував во толку многу емоции и бои, сега не ме прави посебна, ниту јас него. На крај крајот, како да ти е семејство, ќе си речам... ама колку и да е грд, дип даун јас пак те сакам Скопје. Можеби сепак си истиот, а јас таа што се промени. Ги гледам луѓето, колите што се движат, младите што излегуваат... како да го изгубив своето место во овој град. Како џин да бев, кога го газев, сега мравка.
Ај вака. Пред врата во веце пред мене стои девојка со ботокс усни,си се шминка, си става пудра, јас си миев раце. Ја гледам,ме гледа и културно и викам: Девојче убава си. Знаете со добив, ношналантно превртување очи. Епа... срц ако ме читаш извини што ти реков убава си,не требаше.
Сите се фатија комарци, па комарци. А некој да прскаше против сељачиштата што секој ден ми ги касаат нервите?
СДК... На чекор сме да научиме да ги разбиеме кристалите во кристалната решетка, но не и предрасудите.
Дали тоа @WildMk ќе долета од Шведска и ќе ја реши судбината на нас македонците ? голем ден денеска за нас македонците...ајде за арно за убаво само
Многу ми се интересни моите роднини и пријатели низ дијаспорава. Од една страна не ти пружаат рака да те повлечат, да ти помогнат да се снајдеш, кажуваат како било тешко и немало работа. Од друга страна се гласноборци за бојкот на референдумот Епа фала многу, не знаев дека до толку сте себични и ограничени
Дојдов да јадам го*на за денешниов ден, ама после ова не можам. Лут сум на животот, на луѓето, на Бог. Малиот борец нека почива во мир.
Душа убаваааа Стварно се надевав дека ќе оздраве и дека конечно ќе ја победи борбата со ракот. Детето успеа да го сплоти целиот српски народ, а енормната сума за операција беше собрана за краток период. Остатокот од парите 70 000 евра ги донираше фудбалерот Немања Матиќ. Во болницата во Барселона, лекарите на детето му понудиле да го посетат Меси или Пике, но Душан одбил, он сакал да се дружи со фудбалер од Партизан, Немања Милетич. Детето беше премногу посебен. Нека почива во мир и спoкoј вo Царството Небесно. П.С. и пак некој ќе се жали, а не може да сфати дека здравјето е најважно......
Сакам да кажам дека времето ми влијае толку многу, па сум нерасположена, раздразнета и се тоа ама утре е први Октомври и утре почнува Инктобер и то е она шо прај да не се осеќам шити. И вака ве канам на темата, да ме дружите цел Октомври со цртеж праен со мастило. Се шо ви треба е стило и хартија. Детали имам пишано во темата.
Влегувам дома, ставам вода за кафе. Отварам фрижидер, вадам пиво. По некое време слушам нешто врие на шпорет Ех Ангело... Сега што да пијам?
И јас се надевав искрено, чекањето за пари си го зема данокот. Знам, имаше и еден човек што сакаше да го продаде ресторанот и да ги даде парите за Душан. Жално...
Демократија не е само права, туку и одговорности. Демократија не е за оние кои не знаат што значи зборот 'демократија'... ... за нив 'ќотек'... дека 'од Рајот е излезен'... и така...
Нема немајки на светов. Секоја мајка си го сака најдоброто за своето чедо. Секоја со своите можности и способности се труди да му обезбеди љубов, нега, заштита. Ама, постојат одреден тип на мајки, на кои им е побитно да си го испијат кафето, да одморат глава и наместо да му изблендаат нешто здраво на детето, наместо да го истрчаат негде надвор, да го прошетаат, они одлучуваат дека пораат глава ќе и е да му го тупне телефонот в раце, да му купи тост и газиран сок и цел ден задоволено е демек. Жално! Ја не сум љубител на деца, не знам да си играм со нив, да зборам бебешки и такви ствари, не ме бива едноставно. Ама свесно не би си го уништувала детето па што сака нека е.
Има едни жени... кога ќе се појават џабе на све што е совршено ако го нема зракот тие што го имаат...