СДК секој ден се почесто и почесто наидувам на такви што ставаат 10цм молив за усни под и над линијата за усни, чисто информативно не изгледате убаво, напротив ко гуски сте, ко мајмуни, ма и животните поубави од вас се. Ако не земете до носот ставете поубави ќе бидете. Е вака изгледате!!! Стварно одвратно е многу.
Ох луѓе знам дека сум досадна со оваа тема ама овие девојчињава од некој си 12-13 години не престануваат да ме изненадуваат. Ај тоа што се шминкат и носат 15цм штикли ај.. ке замижеш некако,испаднала со 10-12 машки и тоа дупла поголеми од нив..ај и на тоа ќе замижеш некако,ама на 13 години да изгубиш невиност е тоа бре никако не ми е јасно ! Па и без страм дома на родителите им признала.15 годишно девојче има дечко,спие со него и оди со друг кој вооедно има женска и со него спие! До кај отиде светот бе ?! Има дечко па уше и без страм му се пика на друг! Што е многу многу е! Туку ај нивен живот,си се осеќаат големи-протв срца неможеш! **** Ај да се навратам малце на мене,не знам зошто секогаш лошо ги проценувам луѓето,можеби заради тоа што се кријат зад своите маски,изгледаат фини, добри и там си мислиш еј конечно некој асален за муабет и оп си го покажува вистинското лице.И тоа не ми се случило само еднаш. Пс:да помине оваа недела и повторно ќе почнам нормално да дишам! Цела недела напнато,возбуда,силно срцебиење,спуштање оценки.Нека ни е со лесно на сите. Ај сеа чао
Време на матури па и полуматури ... цели свадби бе. Завршено осмо. Да заборавиш на што си дојдена. Гледаш играат, па жива музика... сдк песна ечи дури до стамбола. Па, кај сите турци и Асан Ага. И цело Скопје чаршија да ечи од пусти мерак тато ќе ја лечи. Е сега од пола месец што ќе бидеш sнгрка( без пари) тоа друга работа. Важно тато и мама свадбата без младожења ја направија. Да ви кажам циганска работа и кај понекои нашево стана Уште фали на микрофонот да кажат која тетка, стрина, вујна што донела. Немој да сте ме карале Јас само да си кажам (со Турски чочек полу - матура) За неколку години зурли и тапани да биде алис свадба. Што го тупиш Озбилна, во МК касни модата. И Анџелина на полуматура била како невеста само не знам која група гостите ги забавувала. Спојлер Анџелина на полуматура
Вечерва преубаво си ја поминав, ноќва! Со симпатијата во друштво, другар му што ми се пушта нон-стоп, со бубалицата од клас, со другарките, ехее смеи, шали, едноставно конечно сфатив дека поубаво ми е да искочам со друштво надвор да се смеам и да јадеме пица или сонцоглед да грицкаме одколку да се затворам дома и само хорор филмови да гледами да читам страшни приказни! Значи опседната сум со хорор филмови и трајлери, или некој книги,или некој необјасливи случки на нет што ги читам! Неможам да се сопрам, и навечер се будам во 12 или во 3 саат почнувам цела куќа да проверувам иако знам дека нема ништо, но ако не видам дали има некој у шкав или под кревет.. нема да исчезне тај немир у мене и не ке можам да заспјам! Почнувам да имам некој синтоми на параноја, и секогаш било ден,било ноќ, јас се вртам наназад, се мисалм дека некој ме следе.. Се договорив со другарки, викаат уплах било, сакаат да ме носат на бајачки, иако мн не верувам, но човек кога има зор, секаде ке одите! Ако и тие бајачки не ми помогнат, ке почнам стручна помош да барам! Инаку, денеска е 1-ви Јуни. Имаме уште точно 10 дена за школо! Конечно после 10-ти ке можам да спијам по цел ден А не ми е за тоа дека е 1-ви и школо ова, она, повеќе ми е дека нетот ке ми се убрза, дека е бавен бетер полжав! И така ја со мојата среќа, пустата математика ми се падна на екстерно :geek: а јас фаќирката тапа математика, сеа фале уште и информатика, или физика да ми се падне па да се сликам за паштета :geek: Море пу, пу да не си подречам! Нека ми се падне ликовно да ја изгорам за сва времена! Ке видеме таа на кој 1 ке пишува у дневник.. Лека ноќ на сите! (и ве молам не гледајте хорор филмови навечер! :3 )
Некако почнав да уживам во вечерната самотија, последниве неколку денови, во кои друшка ми е црвеното вино, чашка , две, и си заспивам како јагне... Деновиве ми се прилично работно напорни, па не сум способна за комуникација и преку ноќ, но ќе помине и ова. Си велам, жена сум, но јбг, работам како маж бре! Ајт одам јас уште една чашка и Ух, утре е недела Среќа!!!
Kакви се луѓе има значи! Гледаат само да те искористат и потоа те фрлаат како ѓубре.Страшно,какво време дојде,не можеш да веруваш и на најблискиот.Немам зборови!!
Колку брзо помина времето, пораснавме. Јас се чувствувам премногу младо, а годините ми летаат. Немам инспирација никаква за пишување, паметов ми лета во друга држава. Држава која ќе ја посетам за брзо време. Како се ближи времево се повеќе и повеќе сум возбудена. Ми трепери нешто во душава. Малку страв од непознатото има во мене. Не е дека не сум била надвор од Македонијава, сум била, ама на олку долг период баш и не... Ќе ми недостасува тој и тоа премногу. Последниве денови го гледам дека се труди да ми бидат совршени, да уживаме и двајцата, но не можам. Во душава имам немир. И друго нешто да се пофалам, снаа имам. Не во буквална смисла, но ќе биде за брзо. Се надевам ќе почекаат главната да си дојде од странција. Е тоа сакав да кажам, растеме, времево летна брзо, до вчера за играчки зборувавме, а сега за свадби.
Чувството кога мислите дека сте бескорисни, е најгрдото нешто што може да се доживее.. Не знам дали кај сите е вака, ама имам си моменти кога си потонам во мојот свет. Си фантазирам за нешто, си сонувам убаво, и кога ги отворам очите се разочарувам. Зошто? Зошто непотребно се препуштам на илузии, кои знам дека не би се оствариле никогаш? И да, мака ми е од клишето 'Никогаш не вели никогаш'! Соновите се за тоа, за миг да се побегне од суровата реалност, да се насмееме благо, копнежот да го претвориме во мала реалност. Единствено што знам е дека ниту еден сон не ми најде пат до реализација. И затоа сонувам, правопропорционално со несостварувањето на секоја замисла. ** И така, уште сабајлечки слушам стихови за збогум. Разделби тешко прифаќам,и се обидувам максимално да ги одбегнувам. Моментот е кога знате дека некому морате да кажете збогум... Премногу болна разделба би била. Свесно, би си ја предизвикале таа болка? ** И да се вратам на чувството на бескорисност. Го знаете она чувство, кога мислите дека.. нема цел вашето постоење. Кога мислите дека раката која ве држи, ве држи од.. сожалување? Кога сите очи кои се вперени во вас, ве гледаат со сожалувачки поглед? Кога и домашните во сожалуваат? ..Е баш така си се чувствувам јас. Незнам дали е до денов, ама премногу чувствителност има во мене. ** Ви посакувам убав ден пријатели! Бидете добри, позитивни, искрени и внимателни. Некому топол збор, може да му значи повеќе од материјалната поддршка. Ии не дозволувајте да бидете водени од мислата 'Нека трае додека е убаво'. Некој, секогаш излегува повреден од 'траењето на нештото'.
Јас не знам што е работава.Екстерно информатика полагам,кај таа професорка што не ни предава БАШ ништо,само седиме и после научете си вие. Ах,жении..стискајте ми палци за утре,одамна не сум била волку несигурна и нервозна.
Уште кога го видов спотот и кога и го прочитав презимето,знаев дека потекнува од балканот. И да типката е родена во САД како дете од емигранти од Дебар -Македонја. И нормално дека и се насмеала среќата,да беше родена тука и нејзините да не емигрираа во странство,сигурно ќе беше мажена веќе со три деца во некој дел од мк или светот...за жал....испаѓа дефинитивно среќата ќе треба сите да сија бараме надвор. http://en.m.wikipedia.org/wiki/Bebe_Rexha http://m.youtube.com/watch?v=wvzfOyW0ZMo&feature=kp
Спојлер Исто и кај мене. Матматика сум утре, 400 задачи треба да научам, врска си немам. На математика само си седиме,книги не носиме,пола клас не одат на час, а наставничката си пие јогурт и ништо не предава. Ниедна лекција незнам од учебник. Е ај научи сега... Најдов јас кога да се затрескам. Баш за време на екстерново. Уште од првиот момент кога го погледнав како некоја струја да ми помина низ телово. Се наежив цела. Па уште кога ми возврати со поглед... абе се стопив ко кашкавалче. Никогаш не сум се чувствувала така. Неможев да го тргнам погледот од него цела вечер, а богами и он од мене. Па намигнувања,смешкања,па уште погледи.... а јас глупа,го гледав ко теле во шарена врата. Не ми беше јасно.. не го ни знаев,ни име,ни од каде е, ни години, абе ништо.. а така се почувствував. И така ви викам феминки, го најдов на фб, го аднав и веднаш ме прифати, и во иста секунда ми ја лајкна сликата. Абе мн бев среќна, од што бев среќна фатив и низ дома почнав да чистам. Па уште кога дознав дека бил прв комшија на баба ми... И знаете што одлучив? Ќе си го поминам летово кај баба.. Ај одам јас, задачиве сами нема да се учат. Имајте убав ден.
Па каааај си бе Јуни?! Дали знаеш колку те чекав а?! Ајде сега, тамам дојде, сега малце побрзо со убаво топло време, а не навечер уште палтенце да носам.