„Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе го погледнеш своето срце. Оној кој го гледа од надвор, гледа само соништа, а оној кој гледа во себе, се буди“ - Карл Густав Јунг. Па, ај да се будиме...
Тој што ми го украде точакот во сред бел ден,и тоа од влез врзан,од пред врата,абе бел ден да не види.Да ви се плукнам во завидливите луѓе гнасни,пред 2 год моторот ми го украдоа,сеа точакот цццццццццц.
Барав прозори, знаете од оние долги и широки, тргаш навечер завеса, се местиш у фотеља се покриваш со кебе си вариш какао и зјапаш у мирот и у дожодот. Или читаш книга што знам или седиш на телефон. Е јас такво имам ама ладно ми е бе да седам до прозори макар и со кебе... Зјапам сега у дождот.. нека потрае... Јас би да легнам ипак
Имам забележано дека секој човек во себе крие две личности и секој ден,секој час и секоја минута има борба меѓу тие две личности.Тие две личности се како две крајности добар-лош и има целодневна битка меѓусебно за на крај една од тие страни да се закити со триумф.И нели може да се најде средна точка меѓу тие две спротивности? Која е целта ако денес си добар полн со разбирање и мил а утре си неподнослив,лош,лажливец?
Зарем секој не е свесен што прави и за последиците од тоа? Зошто факинг секој пат мора да се спомнува истото па истото. И после ќе речат не се нервирај..
Сакам да кажам дека некои денови ми врни, како во цртаните што над ликовите излегва облаче со дожд. Знам дека мојот ум е мој најголем непријател и за се има објаснување ама дур стигнам до објаснувањето, прашање е дали ќе останам нормална.
Кога ќе станам и ќе погледнам од прозорецот дека сончеви зраци ми влегуваат во собата, одма некако порасположена сум. Да можам дождот и облаците би направила да ги снема засекогаш. Ова ќе биде убав ден, има сонце.
Им се восхитувам на луѓе што се среќни кога има сонце, им се искача, шета.. Ја коа ќе видам сонце сакам да се пикнам у подрум до тегли ајвар и да преспијам дур не стемни, или уште подобро да заврне. И сите ме нервираат.
Кога некој не го заслужува вашето внимание, не се трудете со збор да му кажете дека неговото постоење нема никакво влијание врз вас. Едноставно заобиколете го Или-рипнете го