Добро што им е на луѓево со кесите у маркет? Еве денес видов жена во Тинекс на каса, си зела од кесите за овошје и зеленчук, кои патем се бесплатни, а потоа, скрз ноншалантно си ги стави јогуртот и цигарите. На некои луѓе треба да им се наплати кеса за лимони. Уште подобро би било да си ги тркалаат до дома.
Најубав подарок е оној без повод. Кога знаеш дека некоја личност многу ти значи, не ти треба да чекаш повод за да го докажеш тоа. А најубаво е тоа што не мора ни да е скап, ниту физички понекогаш. Најскапоцениот подарок секој може да си го дозволи, а тоа е она што се подарува од срце со многу љубов. Вредност, а не цена. Само не секој го сфаќа и го прави тоа.
Ако не ставиш стори на инста, исто ко да не си бил. Ако не ставиш слика у ‘што последно си купивте’, исто ко да не си купил. Е многу е забавно и да се види кој ви подарил секси долен веш. #дасевидираскош
Сакам да кажам , прв ден ПМС, времето скапано, мрачно, депресивно , но тоа не ме спречува да станам и да се шекнам на песничево. Монадики ......нихта афти.......гиа сена, гиа сена.........апопсе кегоме ....... П.С. Тоа што е претерано згодна пеачкава, признавам, алал да и е на линијата. Хахахах почнав да се осеќам ко маж и да го дркам на неа
Што проблем имаш ти со кеси не ми е јасно? Гледаш кој што купува и во какви кеси става? На каса често среќавам кеси од тие за овошје и зеленчук доколку некој има две или три ситни работи да си ги стави внатре да не купува поголема. И да побараш ќе ти дадат без проблем. Ама манијаци за ќесиња немам видено.
Немам никаков проблем со кеси. Имам проблем со луѓе кои бараат бесплатна кеса а купуваат мастики. Имам проблем и со луѓе кои земаат кеси наменети за овошје и зеленчук. Кај вас у странција можеби стојат, кај нас на каса нема такви кеси. Факинг не е нормално да земеш кеса од делот каде што стои овошјето и зеленчукот, да ја шеташ низ маркет и да си го спакуваш јогуртот.
Ах кога ќе го утнам маркетот по работа Пак ли заборавив да поминам од таму Кај ги спомнавте кесите,мозок немам веќе
Поненормално е да приметиш дека некој земал кеса, ја шетал низ маркет и на крај ставил јогурт во неа. Освен ако работиш на каса па ако сметаш дека е погрешно оти не му рече да ја врати? Дозволено е? Ќе губите муштерии за една мала пластична кеса која не вреди скоро ништо?
Па кога нема бесплатни книжени ќеси кои според ново/стариот закон требаше да ги има во сите дуќани, луѓето ќе се снајдат. Не ми се верува дека постојат луѓе кои замеруваат за 2 денара.
Се наполниле 400 страни откако последен пат сум пишала на темава. Помина исто толку долг период на бунтовност, гнев и лутина. Кога ќе ми текне колку пати гневно срце треба да го излечиш со болни ситуации толку повеќе со секоја наредна, а иста како претходната се лечиш самиот себе исфрлајќи се поголем бран на лутина. Чуден механизам, но доста делотворен. Сега сум мирна, у суштина многу тивка. Има тука таму некоја ситница, некоја замачканица што се уште вибрира но отокот, собраниот гној во душата се истисна...
Нема јас да губам муштерии, немам акции, ниту во Тинекс, ниту во Рамстор. Не замерувам јас, не зеле од мој маркет. Снаоѓањето е проблем. Штом сопственикот на маркет не треба да замерува за 2 денари, зошто потрошувачот да не си ја плати кесата? Уште некое прашање?
СДК Кој беше по тоа магиите ? Како може бре се трудиш да напраиш нешто и таман ке ти тргне, од друга страна се сјебало нешто, па трчи таму
Дојде моја познаничка од немачка. Година дена се таму. Ми се пофали дека синот и користел самсунг s sieben. Можам да си легнам сега.
Секси ми е што заборавила дека седум е седум а не sieben. За една година. А не дека го барата немачкиот, труп беше пред да отиде и труп се врати. Ама нели, у немачка бев пер.
Познавам девојка, (колешка) две години повозрасна од мене која секогаш кога ќе ме видеше чувствуваше потреба да ми се обрати со формален акцентиран тон, и да ме персира. Тоа од прилика звучеше вака: ,,Колешке, дали би сакале да ви купам доручек?" или.. ,,Колешке, дали мислите дека ќе врне?" ,,Колешке, зошто не одите порано дома?" Не помина долго време додека не ми пукна филмот еден ден. Едноставно беше посилно од мене.. И велам ,,Марија, дали ти мене ме доживуваш како божество или авторитетна фигура?" А Марија цела во прашалници, ме гледа збунето, и промрморува ,,Не, зошто?" - Па, зошто покрај тебе имам чувство како да се наоѓам на врвот од Лајбницовата пирамида, и велам. Мислев нема да сфати, ама пет минути подоцна ја видов како го извади мобилниот и гуглаше нешто..битно од тогаш повеќе не ми се обрати со колешке туку по име. Денес ми се случува слична ситуација, но со колега, и се осеќам многу важно вака, искрено да ви кажам. Шала на страна, ако нешто од секогаш не сум сакала е некој да ме персира за да ми укаже почит. И кога сум држела предавања или конференции изрично сум напоменувала дека ако имаат било какво прашање присутните сакам да ми се обратат по име, не по презиме и не со ,,вие". Знам дека во нашиот јазик постои непишано правило, кодекс на говор за да се искаже кон некого уважување или бонтон, но јас како почитувач на нецензурираниот жаргонски начин на комуникација, едноставно не сакам да живеам во тој лажно нашминкан свет, па затоа пробувам да го избегнувам колку што е можно повеќе. Тоа ,,вие" во многу ситуации, (како на пример во мојата), односно кога колегите меѓусебно постојано имаат потреба да се нарекуваат така, повеќе претставува бариера, отуѓување, отколку одлика на култура. Авторитети и идеали не градам, што значи не сакам ниту да бидам гледана така. А и немам толкав степен на дисоцијација за да стигнува до дијагноза multiple personality disorder за јас, Стојна и Ема бидеме - ,,вие".
Годинава Нобеловата награда дефинитивно заврши во убави раце. Капа долу за сите, не можам да искажам со зборови која почит ја имам кон годинашниве победници. Во областа на физиката наградата ја земаат Артур Ешкин, Жерар Муру и она за кое ми е ептен ќеф, наградата ја добива и жена - Дона Стрикленд. Артур ја подига наградата заради тоа што измисли "оптички пинцети", односно ја преточи неодамнешната science fiction во реалност, а тоа е да се користи светлина за да може да се набљудуваат и опсервираат и најмали честички. Со овие пинцети ќе може да се набљудуваат најразлични бактерии и вируси без да се оштетат. Ова би значело револуција, особено за вирусите кои иако се познати како маневрираат, уште малку им можеме во борбата против нив. Доведено е до перфекција да може да се набљудуваат и некои живи клетки, што дополнително би ни овозможило да научиме како телото ни реагира при одредени стимулации. Кралицата и Жерар се задолжени за создавање на ултрапрецизни ласерски пулсеви со висок интензитет. Во превод од сега ќе може да се користат ласери со максимална точност, ќе може да се таргетираат и најмалечки ткива и ласерот нема да може да утне ниту милиметарче во човечкото тело. А она кое ми предизвика солзи на очи е откритието во медицината, односно поконкретно во областа на имунологијата, а тоа е потенцијален "лек" за рак. Сум пролеала крвави солзи заради тој збор, посебно затоа што веста ја примив кога бев сама и уплашена, па денес посебно ме израдува оваа вест. Во нашиот организам ракот успева да најде начин како да им "побегне" на клетките задолжени за да убијаат се што е туѓо, па овие научници се верува дека го пронашле механизмот за тоа како тие клетки да успеат да ги "уловат" и туморските клетки. Ракот е константно во топ 3 најголеми убијци на модерново време, јас верувам дека секој човек има фобија од истиот, пола Македонија а и светот се осетиле ниско и немоќно пред него. Ако успееме да го победиме, стануваме дел од таа генерација која живеела со вакви великани, исто како генерациите со Бел, Тесла, Њутн, Ајнштајн, Флеминг и многу други. Уште еднаш
"Оние" денови од месецот знаат понекогаш да ми бидат тешки, со јаки болки, замор, гадење после јадење, да ми е претопло итн. И секако гледам да не се заморувам кога ми е вака или да легнам. Ама тука ќе се најдат луѓе што откако ќе им ја кажеш маката зошто не можеш да стоиш на нозе или зошто не сакаш да јадеш или да кренеш нешто тешко ти коментираат: е арно де, не си трудна...aj ма па и ти, јас со какви болки сум стоела, вие денес многу осетиви...ништо не ти е, еее па нормално е...доста се жалиш, има луѓе со полоши маки.. Да знам дека е нормално сe' тоа што ми се случува, ама можете барем малку да имате факинг разбирање зошто сепак сум осетлива и лесно може да ми се слоши од стоење и дека не кај секого поминуваат тие 5 дена без мака. Не сте во мое тело да знаете како се осеќам. Имав и школска што два дена има толку јаки болки што од кревет едвај станува и не и' помагаат никакви лекови. Ни јас не сакам вака да ми биде ама тоа е, мајка природа.