СДК дека неможам да верувам каков ни настана народов болен и безумен,безчуствителен на што личи ова на сред улица да стават вакво нешто и болно ко прво деца има на тие улици ,тие деца не треба вакви работи да гледат. https://plusinfo.mk/секта-или-умоболно-изживување-сатани/ Закон не постои во оваа држава за вакви болни умови
Сакам да кажам дека сум среќна што на 2ри Ноември ќе се праи концерт во Борис Трајковски во чест на ТОШЕ
Целава оваа дискусија се развлече од едно сдк мислење. Се фативте за ситници па првото мислење скроз излезе од контекст. Само ме интересира дали навистина не ја разбравте поентата или така ви чини? И не се замарам со кесите, аман, што ви е? @x.Daisy.x Си ме сфатила буквално, дадов само пример. И јас истото го правам кога купувам неколку работи, а кога одам во планиран шопинг со себе носам торба за пазарење, па не земам ниту една кеса.
СДК... Кога ќе ги пропуштиш возовите и не знаеш на кој перон да застанеш останува да се надеваш дека животот ќе го промени возниот ред.
Животот има повеќе начини да ја тестира нашата изджливост. Или не се случува ништо, или се случува се' одеднаш
^Почнав да штедам вода со синко заедно се бањаме.... Сдк... а мене да ме видевте денес во Кам... секој зеленчук и секое овошје во посебно кесе го складирав..... и плус си купив ќеса за другите замрзнати производи. Ќе ме направевре неТачка.
сдк 1: # чувството кога седнуваш да си го ажурираш CV-то и ги дополнуваш трите нови работни позиции = great success # сознанието дека всушност во минатите 12 месеци си сменал три работни позиции и повторно си на нула и во потрага по работа = сдк 2: чувството кога со уживање јадеш сочна, кремава чоколадна торта со уживање и лижејќи ја вилушката м'мкаш па пивнуваш голтка вино =
Некогаш Пушкин рекол: “Знам, среќата не постои. Постои само спокој и волја“. Каде јава мали Божо? И, како да побегнеме од секое зло? На коњ или со нешто друго и каде? Во магла, незнаење? Каде? Кога во денешното друштво се е обоено во злоба: злобна радост, злопамтило, па дури и љубовта многу често е злобна... Каде јава мали Божо? Јава кон својата детска слобода и своето искрено срце... Таму во планините. Нешто што сите ние заборавивме да го правиме. Коњот е симбол на неговата и нашата слобода. Амин
Она кога луѓе околу тебе се расправаат за сфаќања од 17ти век а ти си толку изморен што те мрзи да им ги отвараш очите па ја напушташ просторијата
У Немачка скоро никој не купува ќесиња пластични у дуќан. Оти се скапи т.е. чинат колку една вода најевтина. Сите имаат платнени што се диплат за у ташна, или оние еко пластични ко од Икеа, и ги носат со себе кога пазаруваат. И се продаваат у секој маркет, евро отприлика. Или па земаат од празните кутии од производи и со нив пазаруваат. Или имаат колички на тркалца. И у бутик коа ќе купиш нешто ситно, а те гледаат со огромна ташна или торба, те прашуваат дали ти треба ќесе. Али на пример кај зеленчукот и овошјето, се што ќе купиш си ставаш у посебна ќеса, за да можеш да си го измериш, па и еден лимон да е. Али наравно, иам познаници од Балканов кои ги крадат ќесињата, или па ракавиците и кесињата од кај пецивата, она ко злато да украле, оти да не им ,, затребаат ,, , јес да 60 кесиња се 99 центи, али јбг. Ваљда за тоа се работеше у првичниот пост, али не моеш ти против тужните причи за броење до последен денар за едно ќесе, коа дома имаш една ќеса, со сто ќесиња внатре, и ја чуваш испод мијалник или у фиоката со леб. А да, и не е феминизмот крив шо децата се багра, него ли шовинизмот. Немаат децата само мајка, него ли и татко. Жената се промени, него шо праиме шо мужот остана ист. Ма да искрено, за тоа жените се криви, шо ипак пак испаѓа дека феминизмот е крив за се. Јбг.
СКД: Треба да се отвори тема Ќеси. Во воведот да пишува зошто во продавниците нема хартиени ќеси? Кога одите во продавница дали си носите ќеса од дома? Дали за еден купен производ купувате ќеса? Доколку немате 2 денари да платите за ќеса дали производите ги носите во рака, во ташна или враќате еден производ само за да купите ќеса? Доколку немате 2 денари за ќеса дали купените производи ги ставате во бесплатната ќеса што сте ја земале за купеното овошје? Оф мори мајко, три дена на форумот се коментира за ќеси. После некој ќе рече Baba Rada отварала “глупи теми“. Голема работа ако некој земал ќеса од овошје што не се наплаќа и таму ги ставил сите производи, грдо е да се загледува во луѓето што купуваат и во каква ќеса ги ставаат производите. П.С. секоја продавница нека вработи по еден душегрижник на ќеси за да контролира дали некој купил ќеса или земал од ќесите за овошје.