Не копнеам по 'еден ден' ... - сакам денес, сега, одма, зошто само тоа е важно и не знам ни дали утре ќе ме има а камо ли тој оној 'еден ден'...!
Сакав уште пред некој ден да те прашам, матуфа да не си ? ама ај реков имитираш Битолчани. Ама ти си тоа што си
Во ред е ако дојдат нашминкани на вежбање после работа со минимална шминка на себе. Ама брате мили пред некој ден имаше една уана би милфица со кило шминка како за на свадба и пунџа со обетки до рамена и вежбаше со хулахопки од оние месо боја. Да, да убаво прочитавте. Со хулахопки!
Никогаш нема да можам да сфатам обични луѓе низ секојдневието кои не ни имаат било каква корист од политика, а на најважни општествени прашања кои сите нѐ засегаат - гледаат тотално од партиски аспект. Ти му зборуваш за неквалитетно образование, како децата се препуштени на булинг и неправди уште од најмали нозе, за бедно здравство, мизерни услови за вработување на младите, загаден воздух што сите го дишеме... а он ти се пали исклучиво сега од аспект дека е против власта, или пак веднаш само релативизира со „а во време на другите да не беше подобро?“ и на толку останува. Како е можно до толку некому да му се испере мозокот и избрише свеста? Не, знам дека не сум јас претеран и нереален идеалист, туку вие сте срам за општеството.
Или пак како сега овие правеле повеќе лошо од минатите, па ги оправдуваат тие од порано затоа што биле (по)мало зло. Чекај да размислам... НЕ. И едните и другите се за никаде, точка. И не ја гледам поентата на оправдување на едно зло, само бидејќи е помало од друго. Исто како да речеш добро е што ми удираше само шамари бившиот дечко, овој сегашниот со тупаници се служи. Ни едниот ни другиот оправдувања не заслужуваат, само клоца во газ.
Си зборувала за моето мислење, но си "заборавила" да ме тагнеш Коментаров ти нема смисла искрено. Според тебе значи дозволено е ти да им се спротивставуваш на други, а некој друг тебе да ти се спротивстави со логично размислување не смее, така? Во ред е и да не се согласуваш со мене, само нема потреба да ми обајснуваш што се open-minded личности, затоа што многу ми е јасно кои се такви како што ми е јасно дека ти не си една од нив. Сакаш пример за open-minded личност?! Еве ти ја посочувам @Someonespecial Читни некое нејзино мислење и ќе сфатиш што значи да си open-minded
Да не беше форумов немаше да знам дека сум нарцис пошо имам селфиња на инста, а за сликите на плажа у купачи, да одам малце у црква со крстена вода да се попрскам, голем грев. Кај наоѓате време уопште да се замарате кој колку слики ставал, па и на ден колку сториња и не знам што, плус дијагноза самољубие да заклучите.
СДК дека се согласувам со мислењето на @Dream-Girl погоре.Скроз СДК многу се збори малку се знае СДК ме стега душава и знам дека нешто лошо ќе се деси, кому и кога не знам ама грдо чувство имам ми се тресе душава без везе. СДК машките се стварно створења со ниска интелигеција.Не зборам за Ајнштајн, за Тесла и тако даље зборам за машките во ДВАЕСЕТ И ПРВИ ВЕК, 2018 година! И зборам за машки до 20год.Ок не се сите такви можда во земјава ама јас тие што ги знам сите се исти.Обично не генерализирам ама тоа е. СДК многу сум оладена од блиска другарка, така осеќав дека треба и некако calmed сум, деновиве сум ладна со сите и поубаво ми е така. СДК дека вчера скроз заборавив да пишам нешти во ФМЌ.Ќе надокнадам утре.И такој ај убав ден имајте си.
СДК... Да се дефинираш себе си значи да се ограничиш. Многумина (не) свесно ја вклучуваат црвената линија и се дефинираат низ лимитирани ставови. Кога се воздржани оставаат најдобар впечаток зашто тогаш се либерални.
Како може да си дозволите да имате секс без кондоми? И не само млади..Возрасни луѓе, со деца, се швалерисуваат со рендом луѓе без кондом??? Абе не треба никој да ви кажи дека здравјето ваше е во прашање! Поубаво било без кондом... Ма немој? А кога ќе трчаш по доктори и ќе си ја трескаш главата, тогаш убаво ќе ти биде? Не се исплати толкав ризик, за задоволство од пола саат-саат.
Кога ке ги земеш мојте чевли,и ке го поминеш мојот пат од животот,тогаш ке можеш да ми мудруваш,а до тогаш,немој не суди по мојот изглед.