Јас кога бев средно, обожавав неработни понеделници и петоци (поубаво звучи во мојата глава оваа множина). Е уште ако се погодеше во четврток да сум прва смена или вторник - втора смена - Сега ми е сеедно. Од домашните дознавам кој ден е, евентуално ако се договара некое дружење со цело друштво во сабота. СДК, треба да направам нешто во врска со деновиве, веќе не е интересно, всушност монотоно ми е вака.
Тешко се вклопувам. Уште потешко со луѓе кои не ме сакаат многу, сеедно им е и такви кога покрај нив се чувствувам како 13то прасе. Мора да бидам со нив уште 1ипол година најмалку. Такви се околностите. Ме убива ова чувство на отфрленост. Не велам дека јас сум совршена и мора сите да ми пристапуваат, но тие луѓе повеќе одмагаат отколку што ми помагаат. Самодовербата ми е уште пониска. Си ствараат слика за мене дека молчам оти сите ги мразам, дека сум волк маскиран во овца и сум дволична кога ќе се насмевнам.. Не сум таква... Немам шанса да се докажам вистински. Може да се врати времето? Сакам да почнам од почеток. Некаде подалеку. Сакам да си дадам нова шанса, да си докажам дека не сум мизерен губитник кој само молчи...
Нечовек е тој што води туѓ есап Од шо мака да се брцка во туѓ џеб? Инаку времето утре исто вакво сончево и топло А и празник,ќе се шета некаде
Најмразам кога ќе се договорам и особата ја нема никаде. Јас понекогаш каснам ама се јавувам. Пријателка вчера ме побара и кажа утре после 5 ќе те барам идеме у центар да се маабетемеи викам со задоволство. И кажав кога завршувам и пак и пишав денес дома сум те чекам, и чекајќи си дремнав еве после саат ипол уште никаде ја нема. Не судам знам настината беше, има болна мајка и дечко кој е зависен од неа ама можеше да пише или да се јаве. Е така сеа ќе станам и ќе одам у кујна ми се јаде месо со томато сос. Ќе пробам нешто да смислам или ќе барам на интернет.
Случајно ќе сретнеш “другарка“ со која си дружела пред неколку години. Она ти се скарала поради најбанална причина, потоа проба да разговара со мене за да се смириме, но не и дадов шанса. Денес случајно ја сретнав, ме гледа заинтересирано сака да знае до кај сум со животот, а истовремено остава впечаток дека пак би сакала да се дружи со мене. А јас? Пак ти оставив ист впечаток, памтам кога ми рече барем здраво да ми речеш, како лесно го фрли другарство во вода? Епа го фрлив поради твојата постапка. Денес само ја свртев главата и ја одминав, иако не сум и лута. Можеби згрешив што пред неколку години не и дадов шанса да разговара со мене, но сепак сигурна сум дека пак не би се дружеле. Се променивме и двете, созреавме на различни области од животот. Сепак се најдобро во животот.
Нема ништо доблесно во непишаниот императив во главата на некои луѓе дека млад човек со кров над глава и солидно физичко здравје - мора во секој момент да биде среќен, задоволен од сѐ и полн со енергија, и дека ако си дозволи да биде уморен, нерасположен и да се пожали на нешто - веднаш значи дека е разгален, мрзлив и себичен. Напротив, целата површност на светот е собрана во овој концепт.
СДК#1 До толку е 'влезена длабоко' конзервативноста во некои, тотптан со сите предрасуди и осуди... страв ме фаќа. Ич не сакам екстреми! СДК#2 Луѓето често не бараат совети, туку валидација на нивното веќе зацртано мислење. Некој да ги потапша по рамо, и да им каже:'Да, така е!' Имајте на ум!
Најмногу мразам кога некој друг сака да ми го организира времето, ми кажува што, кога и како да правам.
Ќе се навратам на муабетот од пред некое време за кесите, простете ми што ви отворам стари рани... Имав дома околу 4 големи кеси полни внатре со украсни кесички збирани претежно од подароци и бутици. Сите беа здрави и претежно употребени по еднаш. Но, ми држеа премногу простор. Ги фрлив сите пред околу месец и половина. И погодете што? Сега ми требаат. Сега купив токму такви кеси зашто ми требаат. Ах, драги гледачи, па како да не ми пукне душата...? Како секогаш фрлам баш пред да ми затреба нештото?
Објавувам пост на женска група на фб. Ништо посебно. Една безобразна ме исмејува јавно во коментари. Дали беше истата од два профили не знам, ама едниот ептен на лажен ми заличе. И ми пиши као да не објавувам повеќе такви постови и уште еден куп навреди. Јас ладнокрвно пишав хахаха и значи вие сега ми браните да објавувам постови? И прц забранив понатамошни коментари на објавата. Они мене хахаха си честитам самата на себе, не паднав на провокации и баш ми беше гајле