Моите патешествија со татко ми... Ми иде на сред фрижидер да му го пишам мејлот и пасвордот од фб, за више да не ме прашува. Али озбилно! Година ипол има фб, нејќе никако да научи. Вчера цееел автобус мислам дека ме слушна кој му е пасвордот. Шестпати ако не му го повторив, јас глава сечам. Кога му го правев фб, се мислев некој полесен пасворд, за да му текне. Најлогично-неговиот роденден и плус уште нешто. И роденденот нејќе сеа да го запамти. Не бре, кој ќе рачуна месецот кој месец е по ред. Најлесно е мене да ме праша. Бесплатно е, не сецка и не бара Јава! А вчера у автобус, сите ме слушаат внимателно, мислиш шифра за банка кажувам. И покрај тоа што му го кажав шестпати, шестпати го згреши. Му викам фонтот да не ти е сменет? А што е тоа? Caps lock да не е уклучено? Не бре, на автобусот јас ко да објаснувам. И кога дојдов дома, приметив дека на неговата адреса додал уште едно ѓ. И после нејќе да се пушти, е па нејќе братче. А све друго памти... Идивиди, Кајгана, Кукурику, Оннет, Мотика, Црно бело, Курир, Точка, триста сајта памти. Јас не знам ни да набројам толку.
еб... времето. Во глобала не пцујам ама ова ги претера сите граници. Лани ова време размислував за одмор а сега се виткам во ќебето. Ни желба за излегување, ни за диета. Денес се ми се јаде , сите манџи во глава ми поминаа ...ако не ми се јаде ми се спииие. Февруари што беше светол со сонце а сега уште малку зимски сон да ме фати. Само овој дождот да престане не мора да е плус 40С. И официјално немам што да облечам https://www.youtube.com/watch?v=QcShVH6SDI4
Нон-стоп му го бериме гајлето на другите... Па што ќе биде ако бидеме малку себични и гледаме засебе? Има случаеви кога прво нештото ќе го направиш за другиот а потоа ако имаш време засебе. Не треба да се ставаме на последно место и после да ни пука глата зошто не сме ги завршиле обврските. Времето е потребно и засебе..
Да златна сум видела многу тука како го тупат за факултети и ги мрзи да учат и се жалат и од професори и од се ! Извини молим ти се испадна на форумов се се асални теми само сеа екстерново ви боде очи. И ако прочиташ асално ќе видиш дека реков дека прашањата си ги имам одговорено , има некои кои не ги знам и не штети да побарам помош !! Пола од прашања што се на екстерново ги нема по учебниците и затоа и е створена толкава паника. Јас во учебникот немам цела тема !!!!! И како да не барам помош ??? На крај краева баш па ти знаеш ја дали учам и колку учам -.- Не сме ни први ни последни ама тоа не значи дека не е стресно самото полагање ! За секого е индивидуално тоа. Ако тебе те мачат постовите за екстерно скокни ги бе. Може и мене ми бодат очи многубројни дебилски постови овде па никому ништо .ФОРУМ Е ! И темата Образование е со некоја цел стаена овде ! Еве еден предлог : не ја отварај да не ми се нервираш со нас што не учиме
Зарем постојан луѓе што се толку без срам бре?! Денес, се качувам во едно такси, а со мене исто се качува еден тип, може да се рече дека имаше околку 25 години. Ме прашува таксистот каде ќе одам, му кажав. Арно ама, и овој типот ќе идел на исто место. И како седеме, само слушам нешто тррррт И јас како да не се насмеам? Типот си прна. И озгора на тоа, ми шепоти на увце и ми вика -Ќе извиниш, од гравчето е. И јас ваква Дали да плачам, дали да се смеам?! И на сето тоа, јас му викам -Браво брат, само отвори го прозорецот бидејќи копа. Фала богу стигнавме и јас што побрзо испаднав надвор, оти гас маска ми требаше внатре.
Пак јас, во конфликт со промените Се научија дека ми се ахилова пета, па удри. Моите дома се решиле реновираат. Кујна, спална, ходник, дневна, се изменија, ставија пархет, треба да донесат и нова комода... Е да, поубаво е, ама различно е, едноставно не е како порано. Колку се само безмилосни луѓето спрема спомените. Се обидов да го оставам минатото зад мене, ама тоа не сака да ме остави мене. Му се допаѓа да ме држи за врат. Да ја имам сега таа храброст, па да изгорам секое ливче што го чувам да ме потсетува на среќните денови, албумите и старите дневници, да ги избришам старите чатови, да го фрлам секој предмет што го чувам за спомен.. Ама ја немам, еднаш во лутина избришав пораки од телефонот и сега морам од стариот дневник да си ги читам (среќа сум си ги запишала). Тоа е тоа, ќе си живеам во сенката на минатото. А кога ќе ми текне за една година дека ќе си мислам и ќе се навраќам постојано на моментите од овој период..
^^ И јас имав една таква слична ситуација се молев побрзо да стигнам затоа што ќе се онесвестев во секој момент Таксистот си беше малку поголем и запотен и очигледно беше дека со ручекот имал и печени пиперки и многу многу лук па и прозорците беа затворени, воздух од никаде
Ај за арно нека е од утре и кај мене свеченно започнува да звони аларм и најдобро од сето тоа е што мене тоа ме радува. Ај со арно нека ми е ....
А не, јас не реков ништо за посебната тема, туку за тоа што и во оваа тема и во многу други теми па и на телевизија се тупи за истото, а посебната тема си е сосема ок и ја има мојата поддршка, само треба да си остане во тие рамки, а не да се шири насекаде. Ок е сега?
Нема поубаво чувство од тоа да заспиваш со една личност во мислите и да се будиш со истата таа личност. Нема ништо поубаво од тоа толку да си приврзан со таа личност,да го чекаш моментот кога повторно ќе го видиш. Од кога ќе се разделите да го чуствуваш неговиот мирис,и вечерта повторно во кревет пред да заспиеш да го чуствуваш истиот мирис и да не ти дава сон .. една личност да ти се врти во главата и да фантазираш и фантазираш ... Нема ништо поубаво од тоа да се биде среќно заљубен ...
Убаво велат, најблискиот ако не те зафркни, никој друг. Спојлер (Или поубаво речено, ако не ти го спопикат) На една личност и дадов милион шанси, сите ги прокоцкува. И упорно ме бара, на моменти ми се улижува, таман ќе имам грам доверба на неа, одма ми освествува каква е. Е, до кога веќе !?
Колку се радувам кога ќе прочитам нешто вакво ,кога некој е среќно заљубен мечтае и фантазира само за него...кога насмевките се секојдневие а заедничките мигови се непроценливи ... Само оние кои го имаат почуствувано ваквото чуство можат да не разберат нас заљубените Си се пронајдов во оваа па морав да те цитирам Нека ни е вечна љубовта и секогаш да го чуствуваме оваа убаво чуство
Денеска околу 14 часот на тротоар пред факултетиве на Бит Пазар ама од страната на судот,чекајќи на семафор бев сведок на страшна случка. Со одат дечко и девојка,дечково како мрднат се дере,вика на цел глас мавта со раце накај неа,ја влече за рака и залепи шамар,девојчево си оди тој по нејзе.Плачејќи седна на ѕидот од оградата се наведна и од ташната извади палома да се избрише овој пак ја удри,уште посилно.Губре исфрустрирано ако си маж тепај се со маж,не со некој што е послаб од тебе. Се запали зелено и отидовме,што се случи понатака незнам...само криво ми е што не ми текна во тој момент да уклучам телефон и да го снимам,па да види клошарот кога ке му дојде полиција на врата и кога ке го има на вести и по интернет порталиве кои со душа чекаат некоја таква случка.
Кога полека се исполнуваат малите желби што собрани во куп причинуваат среќа, секогаш ми се јавува едно големо нешто кое ја спречува насмевката на лице. Душава - ко Вардар после порои. Ќе ми прсне од измешани емоции.