Во фаза на нервоза сум деновиве и се нешто ме нервира. Добро како еднаш не се научија како правилно се пишуваат зборови сВатив, да така напишан во академски учебник, кој бил автор, кој се пишал за лектор, како завршил факултет, магистратура и не знам што со вакви неписмености. И овде на форумов често гледам, читам како веќе еднаш не се научиле не знам, да користиш 24/7 социјални мрежи и притоа да не се научиш уште како се пишуваат правилно зборовите. Има некои и не знам, се` уште не го одвоиле. Ајде ќе се научиме. Тие се претежно правени грешки, да од возрасни луѓе, натаму не одам од овие средношколци што се обидуваат да бидат малку кул, малку неписмено. Второ што ме нервира е: Зошто не изговарате правилно зборови, онака како што треба? Професори имам заприметено тоа го прават, закЉучок, да закЉучок изговараат наместо како што е заклучок. Не се работи тука за дијалектизам, па да се вадиме: Абе знаеш така ние зборуваме тука, или пак неправилно изговорен збор т.е неправилно акцентирање на зборот. Еве си се нервирам заради едни документи што треба да ги завршам, чекам цел месец се направи. Ама која сум па сега и јас тука да пишувам и да солам памет. П.С: Едноминутно молчење за сите мои напишани мислења, зачувани и притоа заборавени да ги објавам.
Сакав да прокоментирам за јазикот односно за странцизмите Велите англичаните или ете не знам било кој друг у европа си го негувале демек јазикот со тоа што не употребувале странцизни ама еве јас ќе ве демантирам од искуство дека не е така дека напротив европјаните се љубопитни луѓе и со секого од страна штом ќе и тргне муабетот се распрашуваат и препрашуваат странцизми за туѓиот јазик на луѓето, односно интересно им е и се љубопитни а особено задоволни кога успеваат да пеоговарат некој туѓ збор Барем овде кај што сум употребуваат странцизми одосебно англиски, до толку што икс зборови дури и на англиски ги кажуваат ама сепак си се патриоти и си ја сакаат земјата и си го почитуваат јазикот без разлика на љубопитноста секогаш да можеш да научиш повеќе ете, ете да тргнеш малку подалеку од својот нос би рекле.. Исто и англичаните пак се толку мирољубиви настроени и се толку милни така за гледање кога воопшто не ги интересира од која вукојебина си напротив ќе се посмеат со тебе ќе пробаат да научат нешто ново да проширар видик и да повтпрат по некој туѓ странцизам. Да така почитување и љубење своето е едно а отворање на нашите видици малку подалеку од нашата земја е сосема трето односно воља и љубопитност да научиш нешто ново и туѓо, да пробаш да си светски, да се забавуваш, да створаш нови пријателства, да седнеш и да слушаш некој нов свет итн не е лошо напротив на денешницава е од корист. Јасикот никогаш не губи туку те прави малку по голем во однос на снаоѓањето и одењеро напред низ животот и нема ассолутно никаква споредба со почитување и сакање на нашето!!!!!
Никогаш не ја научив тежината на зборовите: се трудам. Дека некогаш и тоа е доволно. Знам дека морам, ама не знам како. Не за другите... туку за себе.
Ќе му се смачи ли на човештвото еден ден од трката по пари??? Мислам дека парите се најнесигурна вредност во цела историја на земјата.
Нека дигне два прста тој што му е интересно за добро утро да гледа сториња од дискотеки кај што хрчи музика и лупа бас толку силно до степен да ти се сјебе звучникот од телефонот.
Се додека општеството наметнува дека тие што учат, што не им се приоритет искачанките по ноќни клубови викенди, посветени се на други работи во животот, не се кул, а тие што не знаат како изгледа школото и дали 2 пати годишно доаѓаат, присутни се на секоја можна журка во градот, постојано се испијанети, не знаат ни кај тераат, се кул особи, нема да не биде.
Некој што го знаеш 2 месеци може да има многу подобри намери со тебе отколку некој што го знаеш 10 години. Не е до времето, до личноста е.
СДК, дека лажат-сушат. Секоја повозрасна генерација, на помладата истото им го кажува: 'Еее во наше време; ние вака, ние онака. Најубај, најпаметни, највредни бевме. Бла-бла-бла' Ниту сме биле, ниту тие пред нас биле, ниту тие пред нив... Исти стоки сме сите. Секое време си носи свои предности и проблеми... а луѓето.. сакаат само да се фалат и идеализираат она што минало. Зошто памтиме она што нам ни одговара, а не реалноста.
СДК, ова: И не само за геј/транс млади луѓе (посебно тинејџери во најосетливите години), туку воопшто за оние на тие години кои во нешто се поразлични од околината и bullied, осамени поради тоа... а нивните родители не ги разбираат и притоа за сè им е крива технологијата и интернетот во денешно време. Да, точно така - виртуелната реалност и луѓе кои не ги ни знаат вашите деца лично, им ја даваат толку потребната поддршка која е ваша работа. И тоа зборува за вас како луѓе и родители, не за денешното време. ФМП.
Еве ви каде сме ни 'Македонците', што се тупкаме по гради со 'Македонштината'!! Е оваа е таа 'македонштина'! Пу! да ти се плукнам во чукање по гради, суштински... за нешто што ги назадува младите!! И тоа е дел од таа 'македонштина'.. произведувањето на назадна младина! Со ништо од денес немаме што да се пофалиме! Затоа се фалите за туѓи достигнувања.. затоа толку ви е битен Александар! Оти само некој си пред 2000 години, со име 'македонец', направил нешто, што ние ни на сон не можеме да го сонуваме... Еве ви ја веста! На! Читајте! Светска банка: Учениците во Македонија учат 11,2 години, ама знаат како да учеле само 6,8 години Да, драги мои! Со 'квалитетот' на денешното образование во Македонија, нашите деца учат 11 години, за да стекнат знаење од само 6 години! Во превод: пола од годините поминати во клупа, им се залудни, пошто никој ништо не ги научил во толкав период!
Инспирирана од бројни постови објавени тука, за личности кои придонеле за напредок во науката започнувајќи со медицината како аспект кој не засегнува сите, па сѐ до инспиративни личности од музиката, сликарството, литературата, спортот или филмската индустрија, решив и јас да споделам чија приказна е инспиративна за мене. Најпрвин човек, а потоа жена која знае да насмее милиони луѓе денес преку нејзиното шоу кое претставува уникатен начин за прикажување на „обичната“ страна на славните личности. Со години следејќи нејзини емисии, секогаш се воодушевував на начинот на кој знае комично но ненавредливо, да изнесе реални случки од животот на некој со кој можеби имала сосема кратка средба или контакт до снимањето на емисијата. Секоја нејзина емисија делува неосудувачки кон ниту една раса, човек или заедница. И од прашањето од каде толку многу разбирање за различноста која владее денес, дојдов до одговорот дека всушност таа била една од првите личности која собрала храброст да ја изнесе својата различност или подобро кажано да ја претстави својата личност во целосно искрено светло во едно од најгледаните шоуа во тоа време, во емисијата на Опра Винфри. Елен ДеЏенерис потекнува од она што се смета за „нормално“ семејство со двајца хетеросексуални родители. Сепак таа како личност се определува за геј врска. Тука пропаѓа во вода она тврдење од хомофоби дека луѓе кои се определуваат за геј врска мора неопходно да имаат таков пример од опкружувањето. Иако серијата (Ellen) во која глумела сѐ до ’97-ма година кога ја признава својата сексуална ориентација била доста популарна, нејзината гледаност опаѓа веднаш по јавното изјаснување на Елен. Дури и преку ликот кој го глуми во серијата (Ellen Morgan), таа се бори за да ги прикаже проблемите со кои секојдневно се соочуваат припадниците на LGBT заедницата, но ваквата нејзина заложба наидува на повторно осудување, намалена гледаност на серијата и по неколку месеци и нејзино укинување. Елен по ова цели три години прави пауза од изложеноста на телевизиските екрани, запаѓајќи во депресивен период поради осудувачките реакции. Во 2001 година таа се појавува како креатор на нова сезона на серијата Ellen, која овојпат го носи името The Ellen Show но повторно ваквиот обид завршува безуспешно. Нејзиниот најуспешен comeback на телевизиските екрани се случува во 2003 година преку шоуто The Ellen DeGeneres Show, за кое после само три сезони емитување има добиено дури 25 Еми награди. Денес, после цели 15 години, шоуто сѐ уште постои, а Елен е личноста позади која стојат повеќе од педесет награди за нејзиното шоу, нејзината глума (позајмен глас) во анимираните филмови Finding Nemo и Finding Dory, за нејзините хуманитарни акции за заштита на животните, за нејзините напори за обезбедување на еднакви права на LGBT заедницата како и за нејзината храброст да признае пред целиот свет дека и таа е припадник на истата. Како круна за нејзиниот open-minded начин на размислување и прикажување на истиот пред милиони луѓе ширум светот, таа го добива Претседателскиот Медал на Слободата во 2016 година, затоа што токму таа е најдобар пример за истата. Е сега зборувајте ми дека постои „послаб пол“, а уште повеќе дека жените се претставнички на истиот. Зборувајте ми дека една жена не може да биде подеднакво паметна, успешна и ценета како и маж од иста професија. Зборувајте ми дека луѓето припадници на различни раси, култури или друг вид заедници не заслужуваат да бидат подеднакво почитувани како и оние од заедниците чие постоење и разбирање на истите не го оспорувате. За крај неколку нејзини цитати како еден од најдобрите примери за open-minded личност и личност која може да ве мотивира да не се откажувате од ништо во животот, а особено не од своите права како поединец притоа не потценувајќи ги и правата на било кој друг поединец. Спојлер: Цитати „True beauty is not related to what color your hair is or what color your eyes are. True beauty is about who you are as a human being, your principles, your moral compass.“ „I stand for honesty, equality, kindness, compassion, treating people the way you want to be treated, and helping those in need. To me, those are traditional values.“ „Most comedy is based on getting a laugh at somebody else’s expense. And I find that that’s just a form of bullying in a major way. So I want to be an example that you can be funny and be kind, and make people laugh without hurting somebody else’s feelings.“ „Be open to learning new lessons, even if they contradict the lessons you learned yesterday.“ „Though you feel like your not where you’re suppose to be, you shouldn’t worry because the next turn you take, it will lead you to where you wanna go.“ „It’s our challenges and obstacles that give us layers of depth and make us interesting. Are they fun when they happen? No. But they are what make us unique.“
Еееех, ми се откина од гради ова ееех Растевме со приказни како нашето образование е едно од најквалитетните во светот, како наши луѓе кога одат во странство се особено ценети и успешни, благодарејќи нели на нашите факултети, како земјата има толку природни богатства и убавини како никоја друга, како луѓе како нас со топлина и добрина нема... Северна Кореја можеше вода да ни носи. И кога ги отворија границите, кога допревме до компјутери и интернет дома...шок. Читаш статистики, статии, гледаш како државата ти е задња рупа на свирало, ниту школство, ниту убавини природни, ниту живот квалитетен. Воздухот отров да ти бил а ти поима немаше додека не прочита на нет проценти за загаденост и не си го виде градот во топ 3 загадени во свет. А мислеше дека живееш во земја со чисти реки и огромно зеленило. Ееех...
Имаме другари што живеат на Запад и кажуваат дека основното и средното образование им е катастрофа. Факултетите им се одлични. Интернетот исто така урна бариери во нивно идеализирање преку моќната поп култура која ја наметнаа во светот. Има истражување дека на пример Американците, Канаѓаните, Британците, Германците и ред други од генерација во генерација стануваат се подебели и подебели и дека многу млади луѓе страдаат да положат тестови со елементарно знаење. https://www.nytimes.com/2018/08/15/upshot/opioids-overdose-deaths-rising-fentanyl.html Има и многу убави работи што ми се допаѓаат кај нив, а недостасуваат кај нас.
До човекот е.. Не е до другите. До тебе е! Ако цел свет ти греши и Ако сите нечинат, и Ако се тебе нешто ти се случува и Ако се другите се виновни, и ... Прстот место да го вперуваш постојано во некого или нешто, барем еднаш стави си го на глава.
РИП Милена Дравиќ. Замина уште една Балканска дива, великан во своето дело и лик. Со секоја смрт на уметниците со кои растев преку нивните дела, како да заминува и парче од моето детство. You live on. <3