Среќни се луѓето кои имаат другар за да им каже дека имаат дијагноза. Свесни се луѓето кои слушаат такви другари.
Уф, колку имам јас за кажување. 1. Ми расцевтал кактусот додека не бев дома, и ми прецветал. Не видов ни каква боја има цветот. Битно заврзал плод. Ќе си чекам до следно цветање да му ја научам бојата. 2. Сфатив дека некои луѓе кои ги имам во животот го сметаат дружењето со мене за привилегија, а не за поминување време со другарка. А ги сакам, мили ми се. Ама гледам се туфкаат кога сакаат да ме прашаат да излеземе. Па ако можеш, па ако не си зафатена, па ако сакаш. Ваљда затоа што се исти како мене. по малку повлечени и не сфаќаат дека на другата страна стои иста таква личност. Им изгледам страшно, што ли е? А неизмерно ги сакам 3. Денес: - Однесов суќна кај шивачка - Отидов на работа - Отидов во Џамбо по домаќинлук - Отидов во КАМ по храна - Готвев вечера и припреми за ручек за 2-3 дена за на работа - Прередував алишта - Чистев тоалет - Џогирав - Учев германски - Учев француски - Вежбав јога Да се истуширам и да си легнам, а? А се мислев да поучам уште нешто или да почитам книга ај ќе видиме како ќе бидам расположена. Сум се раздомаќинила, се надевам ќе ме држи повеќе од еден ден 4. Некои продавачки немаат допир со реалноста, жити се. Одам на каса во Џамбо, гледам метално кутивче до касата и одма му најдов намена. Го земам, ама нема цена, а некој и за крадење го спремил, скрил во него магнет за фрижидер. Јас поштена, го вадам магнетот, го оставам кај магнетите и ѝ викам на продавачката: - Можете да проверите колку кошта ова? Стои и ме гледа немо, како теле. - Се извинувам, може да проверите колку кошта ова? Ништо, не реагира. Стои и гледа директ во мене со скиснат израз на лицето. - Може да проверите колку кошта кутивчево? Ништо. Ме погледа уште малку па ме праша: - Работиве во корпава твои се? Си ги искуца сите, а јас стојам со кутивчево во рака и уште го држам. На крај дури без да каже збор го зема, ми кажа цена, го додаде на сметка и толку. Патем, ме праша пинот да и го издиктирам, што никогаш не практикувам, ама толку ми беше скиснато што гледав само да избегам од касата. После се развика на жената после мене, не знам зошто. Јас заминував веќе 5. За човечки ресурси може да позборуваме малку? Професијата ми е таква, динамична, и постојано ме контактирааат човечки ресурси од домашни и странски фирми, па се изнагледав на сѐ и сешто. За добрите нема да зборам, си им кажувам во лице ако ме бендисале, ама ќе се осврнам на лошите. - Те бара претставник на човечки ресурси од македонска фирма, и целата комуникација ја води на англиски. Буквално од а до ш. Седите ти и девојката на најмногу 10 киломентри една од друга, и двете во Скопје, ама глумите лудило. Па се тегавите за време: "ноу ај кент до ит дат ерли, ај ем ет ворк", "мејби лејтер? ат фор трти?" "ок ајл лет ју ноу ". "Хелоу ви хев три трти авејлабл. " "ноу три трти ис ту ерли" "вил 4 трти ворк фор ју?" "Јес фор трти ис ок" "ок ајл лет ју ноу вен ви хев фор трти" "хелоу ви хев три трти он мандеј тјуздеј фрајдер". И тука веќе ти пука филм од интервјусепшн и ѝ викаш дека за жал многу си зафатена и не си во можност сега да идеш на интервју. Смешно е да нема флексибилност на време некој кој тебе те побарал за да му отидеш на интервју. Значи тој тебе те треба, тие требаат вработен - ти веќе имаш работа. Ама некои тоа не го сфаќаат. - Пак македонче, те бара и ти кажува "бараме работник, плата до *фина сума*" и очекува дека веќе те купил. Толку. Му бараш повеќе информации за позицијата, и ти игра политички. Се работи 5 дена по 8 часа, без викенди и државни празници ајде дај мејл да ти пратиме тест. Јеа рајт, баш тоа ме занимаше. Му викаш ме интересира што работник барате, а не кога се работи, со вакви информации не сакам да одам на интервју. И онака нервозно ти става само лајк. По месец дена, по точно месец дена кога сфатил дека нема така да најде никој, магично има информации за позицијата, пак нецелосни ама нешто. Ти пишува "Здраво, имам информации за позицијата". Еве одма се затрчав да ти вратам... - Имаш закажано телефонско интервју. Се спремаш, чекаш, не се јавува никој. Во истиот момент кога ти пишуваш зошто никој не се јавил, госпоѓата од ЧР ти пишува дека пробала да се јави ама не можела да добие, па ако сакаш може да презакажеме. Нормално, не одговара на мејлот во кој и напишав дека сигурно имало проблем некој едно 4-5 дена, за на крај да излезе дека вртела сосема погрешен број, дури и во друга држава. Како прво, го имаш мојот број во моето ЦВ кое лично тебе ти го пратив, како второ, ти го пратив и во мејлот. Како успеа да утнеш, ај бројот, ама и државата? И очекуваш јас да имам доверба во фирмата?
Добро утро. Ценете се жени. Децата растат, куќата се прави, работата се добива. На крајот од денот остануваме повторно жени што умеат да сакаат, да даваат, да ценат и да разбираат се освен себе си. Животот поминува, во таа секојдневна машинерија лесно се губи идентиетот и интегритетот. Дајте си светлина, бидете насмеани, бидете возбудени ради себе, дозволете си малку да се расипете затоа што тие ретки моменти во возрасниот живот ве потсетуваат дека сеуште вистински живеете.
Си лежиме со ќерка ми на сред спална. Пијам кафе, а таа си ги ѕирка рачињата - мои се или којзнае чии? И пушта гласови. Надвор огреано сонце. Животот се тегне ко добро парче стопен кашкавал. Решив денес да не правам ништо, освен овошна салата и плазма кекс со млеко за појадок. Си ја гледам така колку е мала и самураична, колку ни го збогати животот мене и на татко и, колку едно копче за одговорност и безусловна љубов е постојано вклучено. И дека на толку небитни нешта сум им давала важност, на какви све не будали сум им обрнувала внимание, драго ми е што сега имам постојан потсетник што е најважно во животот. Секое утро е различно и полно со нови звуци и сознанија. Со неа. На моменти заборавам колку грандиозна задача ми е дадена. Да одгледам човек. Се надевам ќе успеам.
Не ја разбирам и нема да ја разберам потребата на возрасна жена-изградена личност(бар така сметам)и мајка на две деца-секој втор ден да постира селфи слики и да си самокоментира колку е таа убава на 40 и без шминка.... Ете не можам да разберам...
Јас можам --------------------- СДК дека имаме уште муви за лапање... како општество. Политичката и економската ситуација не е ваква каква што е, заради некои 'зли сили'... Заради нас е. Жал ми е...
Има луѓе што трујат со тоа колку немало луѓе. И мислат дека се поарни. Епа не те слушам бе брат ќе си одам ако сакаш и господ биди. не те слушам.
Те аднува некој на фејсбук, ниеден заеднички пријател и она што може да се види на профилот се слики од коли, пари, крстови и голи газови. Овие последниве две не идат баш у комбинација, али според типот се 5+ Типот - просечен, ако ги спуштам малку стандардите. Па и на моиве години фала богу да ги имам, не се палам повеќе на искинати фармерки, мотори и бед бојс Ама би му дала на секого шанса Прифаќам пријателство и во рок од 60 секунди, месенџерот бомбардира - Здраво - Многу си убава и згодна - Кога ќе може да те носам на кафе - ако нема како да дојдеш, ќе дојдам ќе те земам од дома Не одговарам на пораките одма и следува ова - Што е работа? Одма ми се налути? - Тука си? - Тука си? Не, не се зезам. Што се случи со обичен муабет и барем основно запознавање. Ваков напорен пристап не прави никакво добро. Па и да ми се свиѓал дечкото, ова ќе ме одврати. Ох, Боже поможи Велат за секое лонче ина капаче, каде ли е моето??
- Си ги имам моите 5 минути и си ги чувам в џеб. Орочени ми се. Кога ќе ги искористам ќе траат две недели. - Ако почнале да не те сакаат, значи си направил нешто правилно. (Не знам дали е Далај Лама или Пауло Коељо, ама во право бил ) - Камен од срце ми има паднато и ете, така некако, лесничко ми е. - Црна чума сум и никому не му се зборува со мене. И ако. Вреди. По потреба ќе бидам уште поцрна.
Дали сум неамбициозна или како и да би рекле другите, што седам дома и си го чувам детето, и што се радувам кога во текот на денот ќе зготвам доручек/ручек /вечера која е вкусна и со сласт ја јадат ќерка ми и мм?! И се радувам кога ќе добијам комплимент од нив дека ручекот е превкусен или мекиците се "прсти да изедеш" ?! На тоа ми се сведува секојдневието.... Толку од моите достигнувања Мојата амбициозност(ако воопшто и ја имало) , ја потиснува на страна и не доаѓа до израз ужасно ниската самодоверба и преголемиот страв од неуспех. Се надевам само дека ќерка ми ќе ги наследи сите овие особини (во позитивна смисла) од мм, а не од мене за да еден ден стане самоуверена , храбра и успешна жена .
Позитив на денот: додека пред аптека мајка разговара со друга жена, ќерката со приближно 2-3 години го подава рачето кон рекламата со апчиња, а потоа рачето го пика во уста. Си велам оваа се накљока со апчиња. СДК апчињата не се за јадење.