Кога "растеш" разбираш кој е со поентата, а кој гладен за внимание. Вториот ти искача од секаде и мисли дека некоја вообичаеност е негова грандиозна исклучителност. И самозаљубеност. Стануваш многу селективен некако и не купуваш веќе ничие срање.
Моментот кога се плашиш да и веруваш на сопствената среќа и сопственото достигнување. Моментот кога се си мислиш ќе се разбудиш од некој лош сон и дека нема да е долга убавата емоција. Па молчиш и се криеш а среќен си, среќен си што не сакајки си успеал во едно големо достигнување, дека најмалку кога си се надевал си успеал во целта, кога најмногу си се откажувал, најмалку си се надевал дека ќе биде добро .. Моментот кога си мислел дека се е црно уствари се претворило во розево.. Се плашиш да си среќен знаејки дека се е минливо и менливо Дека си се навикнал на нервози, падови, на солзи Дека си бил убеден дека не си можел да си среќен и успешен И ете.. И кога си среќен не можеш да бидеш среќен бидејки не си навикнал да си среќен. Живот . Крај краева кога размислам подлабоко колку работа стои зад оваа среќа, колку пот, колку измерисани алишта, колку непроспиени ноќи, колку црнила по рацете.. Само јас и он си знаеме. Дека среќата ни е заслужена
Срцето ми крвави од болки поради предавства,но не се предавам. Секогаш ќе верувам дека постои искрена љубов.
СДК успехот е субјективна ствар. Она што за еден е животно достигнување за друг не е. За некој успех значи кариера од соништата и голема заработка, за втор основање семејство и целосно посветување на истото, за трет баланс меѓу работата и семејството, за четврт живеење сам и/или со миленици итн итн. Никој нема право за друг да речи: "Види го/ја, ништо нема постигнато во животот" само затоа што не се совпаѓа со она што за нас претставува успех. Барем јас така го толкувам тоа. И мене лично ми е незамисливо како може личноста одредено нешто да го смета за достигнување, but that's just me. Тоа не го негира фактот дека е успех сепак. Ако те исполнува она што си го постигнал и те прави среќен..тоа е успех. Залудно е да се споредуваме со достигнувањата на другите и да коментираме за нив, бидејќи секој човек е различен и е приказна за себе. Среќата како корен на поединечните успеси е највистинскиот и најреалниот успех што постои.
Избегнувам да гледам вести бидејќи лошо ми влијаат на психата,ме надразнуваат сите тие лоши работи што ги гледам и слушам,ама реалноста е дека тие се секаде околу нас,колку и да затвараме очи пред суровата реалност.....
Замислувам свет без болести, без сиромаштија, без глад, без суровост, без тажни лица. И пред очи ми доаѓа некоја природа, луѓе си шеткаат спокојно, се поздравуваат, си прават муабет со смеа, животни околу нив. И ништо не ги тревожи, се' е мирно, мирно во душата. Детски мисли.
Не е секогаш во ред да се напаѓаат оние луѓе кои не донираат пари на луѓе кои треба да се лекуваат овде или во странство,а кои коментираат за процесот. Зошто? Затоа што и меѓу нив има лица кои би сакале да донираат пари,но не можат бидејќи немаат.Сепак,и со самото споделување на социјалните мрежи дека на некој му се потребни пари за операција и лекување,можат многу да помогнат дури и повеќе од оние кои имаат пари и донираат бидејќи веста ја споделуваат со 10,20 или 30 души,а тие другите на други им пренесуваат и така многу луѓе се известуваат. Не брзајте со „паметни“ критики!
Интелигенцијата ми е секси. Мислам дека најбитен фактор за некого да пуштам во животот, дали како партнер или како пријател ми е да е паметен. Да можеме да зборуваме за наука, наместо да оговараме дур го тегнеме кафето и се жалиме за све наоколу како не чини. Обожавам луѓе што се начитани, што имаат знаења од многу области, што не се задржуваат само на тоа што го учат/студираат туку сакаат и на други теми да ги прошират видиците во животот. Обожавам луѓе што и кога ќе завршат факултет не престануваат да се образуваат, одат по нови цели, постигнуваат нови знаења. Луѓе од кои што можеш да научиш и дознаеш многу работи. Е сакам вакви. Штета што се ретки. Ама баш и затоа мојот круг на луѓе е тесен ама пак вреди како за 100 луѓе. Затоа што со нив пиењето кафе е дознавање на многу работи во областа на светот и науката, а тие работи не се муабети што простата маса ги прави. Бегам како ѓавол од крст од луѓе кои што се што знаат во животот е да се замараат кој што прави и да се споредуваат со другите, а они освен што се жалат со прст не мрднале да се обидат да променат нешто за да станат задоволни. Подалеку од такви.
http://www.femina.mk/новости/животн...дува-болно-момче-кое-нема-да-ја-дочека-зимата Чувствата се измешани.. „Беше неверојатно. Пожарникарското возило ми беше омилениот дел, затоа што никогаш не сум се возел во такво." Ме погоди в Колку само работи би требало да ги искуси прв пат во животот...А нема можност Сфаќам животот е вреден многу.Некои работи треба да се ценат многу,и да се искусат
Сакам да кажам во случај да разговарам со србин / босанец / хрват им одговарам на македонски јазик па дури мешам и мој штипски дијалект уз пат. Доколку не можат да ме сфатат преминувам на германски, а доколку сум замината во сосема друга земја, преминувам комуникација на англиски. Неам намера да зборувам српски со нив, иако имам сретнато голем дел македонци одма се префрлат на српски. До сега немам сретнато некој од северните соседи да ми зборува на македонски, така да не гледам причина зошто јас би употребувала српски.
Ладново време ме тера само да се покријам со мекото ќебенцевда си сварам една огромна чаша кафе да си ја пуштам серија ако ми здосади да ја гледам онаа втората.Кога шољата ке дојде до дното ќе ја исплакнам и ќе ја наполнам со врел чај ќе го оставам лаптопот а ќе ја дочитам книгата.Колку ми е досаден животот што една петочна вечер ќе ми мине вака,можно ли е до толку да ми е скиснато од излавање или пак само времето си го прави своето?
Дефиниција за упорност е сељачана на социјални мрежи. И секоја секунда од твојот живот да штракаш send request, во иста мили секунда ќе те одбијам. На профилна тупа фаца со златен ланец околу врат, на кавер света петка или која и е да е, и на sидот Шабанарија Шаулиќ и компанија. Во што може да се пронајдеме јас и ти ? И последен да си - не би, и животот да ми зависи од твојот request - пак не би.
Каква е твојата казна? Мислев ќе те стигне побавно, ама те стигналс веќе. Не знам што е полошо, ама ме претвори во себе. Бев среќна што страдаш, бидејќи јас страдав. ама никогаш претходно не сум се радувала за нечија несреќа толку многу. И сите мускули да ме болат од работа, и душата да ми е скршена, ти повеќе страдаш од мене. и јас сум грешна, простете ми