Еден месец се асвалтира улица од 300метри Прометна улица каде настанува тотален хаос Кога фирма со двајца вработени и две машини ќе добие тендер
СДК нема ништо поубаво кога слободниот ден ќе си го посветиш само на себе. Имав една обврска и се прибрав дома кај 3 и пол. И до сеа си гледав филм, грицкав сончоглед и пиев сок од боровница. Доста одамна го немав гледано 10 Things I hate about you. Бев в банка, и уште одамна се прашував зошто тие што работат на шалтер (не сите) се однесуваат дрско и имаат некој вообразувачки тон,особено постарите. Наместо да направат една барем мала насмевка, се однесуваат со клинетите небаре им украле милион долари. И особено морам да истакнам дека нема нешто ПОСЕКСИ од маж облечен од глава до пети во црно. Па и црн мотор. Баш денес на семафор стоеше еден таков згодниќ. Хормони... Друг муабет, научив дека најпаметно и е да се изразам себеси, не сум веќе онаа што ќе си чува се за себе и наеднаш ќе експлодира ко бомба. научив дека треба најдобро е трезвено да размислувам и да му пристапам на одреден проблем,научив да велам НЕ и да се држам до мојот став и да враќам, а не да ќутам,сеа не секогаш,ама во одреден ситуации. И на крај повелете на макарoни.
Ако вчера не експлодирав од нервози и стресови,никогаш нема.Станувам посилна. Мојот живот е само мој и што сакам ќе правам со него.Ако паднам,ќе станам. Ќе живеам.
Сакам да кажам дека не разбирам како некои луѓе не можат да сфатат дека имањето дете е планирање како од психички аспект, уште повеќе од финансиски. Со две потпросечни плати живееш скромно, плаќаш сметки, купуваш јадење, па за неколку дена пак снемало нешто пак за јадење, прашоци, хигиена такви работи, па доаѓа некој сезона па ти фали или палто или чевли, згора на тоа колата секогаш ти задава некој непредвиден трошок, па покана за свадба убаво се радуваш за младите ама мора следниот месец да го планираш буџетот да оддвоиш за поклон, трошоци, кошула за маж, чевли за тебе...... и на крај ти велат размислувај позитивно кога ќе имаш дете се ќе се среди, од каде знаеш може работите ке тргнат на добро, како така без дете, ќе има и за дете и за се.... па навечер се прашуваш како тоа магично кога ке имаш дете автоматски ќе имаш пари за се или како да размислуваш позитивн кога некогаш едвај чекаш да видиш плата на сметката за да испразаруваш во маркет дека дома фриждерот ти е само со ајвар и со некое јајце. Би сакала барем за момент да го имам нивниот памет да видам како тоа изгледа да гледаш со розови очила...позитивно нели.
Сакам да кажам дека нема да те отепа малку осет да имаш, особено кон стара жена шо има 76 години и му викаш дека другар на татко ти после операција имал компликации. Мислам океј е да знај ризици, ама не 10 минути од ко дознава дека треба операција и е уште во паника. Осет се вика то шо ти фали, осет.
Есен Ме потсетува на топлиот чај кај баба и неколку приказни повторувани милион пати, но секогаш одново интересни и поучни во детските очи. Денови во кои го учев значењето на сите зборови и сите тишини. Денови во кои учев дека молчењето е убаво само кога си со луѓе блиски до срцето, а таквата тишина секогаш смирува. Денови во кои заедно со мене ги читаше сите раскази и ја повторуваше таблицата, иако за тебе тоа беше нешто далечно. Денови во кои ме научи колкав дел од нашето битисување претставува вложувањето во сакани луѓе и колку е благородно и исполнувачко дело Секогаш одново се враќам на истата мисла, дека животот е поубав кога тежнееме кон симплификација на нештата. За да можеш да си погледнеш во себе и во истиот миг да можеш да го прочиташ секое делче од твоето суштествување, треба да те опкружува едноставност. И милион стремежи и желби да имаш, секогаш најпрвин тргни од наједноставната
СДК денес сум на боловање. Бев на доктор па не една, туку две вакцини ме изнабоцкаа и место да одам вечер на работа, јас ќе одмарам. На идење кон дома купив суши за јадење и мисо супа , па ќе си седнам сега да гледам клипови со К 15 оти само тие можат да ме расположат. Во клипов е опфатен македонскиот менталитет 100 % точно. п.с. Тошо : пред недела дена на комшијата Спасе ќерка му се разведуваше....... Ххахахахаххаха озборување прва класа
Понижувај ги тие што работат под тебе, игнорирај луѓе и животни на кои им е потребна помош, оговарај, превртувај очи и поврати кога ќе видиш истополов среќен пар, сеј омраза и колни по интернет, и за крај појди во црква да се молиш. Запомни: Ти не си лош штом си верник. Можеш што сакаш да правиш, само не заборавај да се молиш и се ќе ти биде простено.
Гледам денес сите ставиле слика од црвени облаци, па есен, па пејсажи, па врагови... Јас во периодот кога било зајдисонце, пеглав и ништо не сум видела. Нема што понатака да ви причам за мене. Јасно ви е. М,
Си купив костени преска, марула.. смокви и лешници.. Кога да видиме со маж дека појдовме некаква супа да бараме на штандот стои подравка Онаа познатата со "школките" Грабнав 10 Ојдовме дома свариме супа испековме костени и буквално цел ден си го посветивме на нас тројца, како семејство Не може ништо повеќе да ме стопли од ова, не може ништо повеќе да ми има важност од ова, со се ова се акумулирам ... уживам полнам батерии и се радувам Си велам дека сум најсреќна Најзаљубена Во нив двајца
СДК ВЕРУВАМ дека ќе се врати тој. Да, и колку да излгеда невозможно. Врувам дека Господ е голем и ќе ја виде неправдата и ќе ми даде сила одново да започнам нешто. ЕДЕН Е БОГ.
Често размислувам зошто некои луѓе ја сфаќаат твојата вредност дури откако ќе те изгубат засекогаш...
Вчера поминував покрај 8-ми Септември клиниката. Налетав на пар дечко и девојка. Навидум нормални и здрави. Девојката липаше од солзи. Иако не ја знаев сепак ми се стегна кнедла во грлото.
Добро бе, од страна кога ве гледа човек изгледате како едвај да чекате да ви се деси трагедија за да извлечете максимална корист од луѓето играјки на карта на сожалување.
Благодарам до @referentka @Lella која и да ми го избришала во Последно што си купивте.... мислењето што ја пишала причината зашто е избиршано. И извинете за сликата скроз заборавив.Ако е за сликата од Golden Rose карминот. Нече се поновити
Ако женско изневери во врска/брак, подобро фрлете ја на клада и запалете ја, пошто како тоа она планира да продолжи со животот најнормално, кога на челото има толкава етикета курва, кој ќе ја земе таква мераклика,со опашот што стално и мрда хе хе ?!?! Кога машко изневерува, полни сТе со толеранција и емпатија. Во природа им е, па машко е ехеее нормално е, дур не те тепа остави го нека тера со други што има да се буниш ти , дај му втора шанса, монотоно му било, аааа таа курвата го намамила он не е крив, де де па сите вараат. etc etc Ова е вашата т.е нашата реалност. Ми се гади од вашите двојни стандарди, лицемерие и балканштина.
@lovestoneddd Имав еден дечко крајно љубоморен. Ме смееше да ми титне машко на телефонот, ни другар, ни соработник на 1000 километри од мене. Ми се закачи за да се смириме, ме сакал. И вика кажи да не му давам лажна надеж на девојчето. Кое девојче бе? Па имал девојка ама не е ништо страшно што тој си пишел и ми изјавувал љубов, само пишување било тоа. Бљуцнав малку во тој момент.
Сакам да кажам, happy witch day. Кој мисли дека не треба некој да се радва денес поради поводот, повелете на цревца и гнојни мозолки.
Мислиш дека е готово. Мислиш дека си влегол во слепа уличка и дека нема излез. Но, не е така. Никогаш не ни било. Бог секогаш е тука за тебе и ти го чува грбот.
Собираме денарчиња и ни стигаат колку за кутија цигари и четири нескафиња. Цела вечер тегнеме голтка по голтка и се смееме до солзи за ситуацијава. Си фантазираме како едниот ќе успее да стане познат уметник па ќе имаме да купиме и грицки. 'Колку ќе беше смешно да немавме и за цигариве а?' - сигурно уште посмешно ќе ни беше. Се разденува ама никој не сака да си замине дома. Заедно ништо не не боли. Сета тежина станува полесна, сите проблеми се чинат смешни, се што не мачи поминува. Утре пак вака. И задутре. И дента после. Единствена болка да ми биде во образите вкочанети од смеа и ладен ветер. Ај следниот месец може ќе биде поарно па ќе земеме и пиво и грицки.