Оптимист сум, бидејќи ми е бескорисно да бидам нешто друго. Имајте убава работна недела,и ужибајте во животот бидејќи знаете ЕДЕН Е .
Лелее која среќа е кога ќе си ги најдеш одговорени прашањата за екстерно на фемина ми се иде да заиграм
Како на маливе бебенца им викаат гомце, ѓубре..? KAKO? Koja e поентата? Замислете една ваква баба : - „Абе кај си ти? Шо се смееш? Пу! Гомце едно.“ wtf?! Кај го плукаш, па и уште гомце било. Мори мрш таму
Зошто во Македонија и за наједноставни работи на човек му требаат врски? Можев да си завршам работа на мала врата, ама не, јас ќе сум одела по правила. И не ми е прв пат да се заебам. Ама сепак не, не фаќам врски за нешта од кои не ми зависи живот. Врски само за на лекар. За друго - не, фала. Не сакам да бидам дел од тоа. Тоа се тие моменти кога сакам да ме снема тука и да се разбудам во некое организирано општество. Па колку сака нека е досадно.
Ако не извадам 5ка на екстерново Лана Дел Реј е крива. Цело време нејзината нова песна ми се вртеше во глава и си ја потпевнував, никако неможев да се сконцентрирам. https://www.youtube.com/watch?v=DPBJ23gv4kw This is ultraviolenceeeee
Гомненце не,но губренце да.Епа вака јас кога сум била бебуш,мајка ми,баба ми,тетка ми итн.. , ме викале така.И татко ми му се бунтувал,зошто вие така моето лепотиче го навредувате со погрдни зборови.Мајка ми му велела дека е од милост. И така некој ден татко ми на ТВ гледал,една емисија.Во емисијата објаснувале зошто така му се викало на децата.Така старите викаат,ако детенцето е лично,па за да не се урочи.Но исто така од мислост му викале така.И така татко ми од кога ја изгледал емисијата ги остави баба ми и мајка ми што сакаат да си зборат .Еве ти,оваа случка моите ми ја кажуваат по 20 пати годината ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Машала стигнав и до 2000то мислење .Па за нова година 2016,со ова темпо ќе имам црвено цветче .Почастете се
Сакам да кажам дека не сакам никогаш да заминеш од мојот живот зошто ќе бидам многу тажна немој никогаш да ме оставаш...
Јас кога/ако бидам мајка ќе бидам како татко ти. Сигурно дека викаат од милост, ама јас претпочитам мили зборови за милост. За урочување јас ќе му ја мислам, ако треба и чорапи ќе му облекувам наопачки ама со гомце/ѓубренце на моето дете - НЕ! . Spoiler Мојот цитат ти е во 2000, која чест Aј да ти се множат мислењата
Моментот кога личноста која некогаш ти била драга во животот ти кажува дека уште малку и останало Тој ми беше пријател, кога имав 12,5/13 години не се сеќавам бидејќи повеќе време поминало дали тој ме додаде на фб или јас, важно на почетокот се се вртеше околу Еминем. Тој беше од Мароко, живееше во Њу Џерси и постар е од мене 4 години. Се зближивме, догло време се допишувавме, бидејќи немам постар брат дружбата со него ми годеше, ме тешеше во „љубовните проблеми“, дури едно време имав и симпатија кон него, а тој немаше ни една слика, а потоа тој се смени и се испокаравме и јас го блокирав, а потоа и го забравив. После неколку години одкако се скаравме од другиот профил тој ми пиша "hi you fat cow" Тоа повеќе ми дојде смешно, па тој се сеќава на мене а ми пиша за да ме навреди Секако направив PrtSc на тоа и си го зачував Помина помалку од половина година и нешто ме копкаше и го одблокирав и му се заблагодарив за навредата За чудо, тој појма немаше која сум. А потоа ми раскажа, дека до пред некое време бил на рехабилитација, дека пред тоа почнал со дрога и станал лош човек ама сега се сменил и дури и ми се извини. По некое време пак почна да ми пишува и пак по неколку месеци ми призна дека е зависен од дрога и алкохол. Појма немам како, ама од тоа што му го пишував се одвикнал од таа зависност и ме известуваше дека бил трезен. Денес пак ми пиша. Ми кажа дека ќе си го избрише акаунтот на фб бидејќи му останува малку од животот и не сака да му помине на фб. Мислев дека така вели затоа што пак почнал со дрога, ама ми кажа дека почнал со дрога кога му поставиле дијагноза за рак, а сега престана, како што ми кажа, ама туморот е проширен и не може да се спречи... Ама ми вети дека ќе се бори, дека нема да се врати на зависностите и дека нема да ме заборави
Уште малку ќе наполнам 27 години боже колку се плашам од моите години повеќе падови отколку среќни денови имав,полна бев со самодоверба со сјај во очите со енергија,зошто сега сум толку емотивна толку кревка се плашам од све се плашам дека времето ќе ме прегази,мојата душа е празна незнам зошто можеби сеуште не сум ја пронашла ни вистинската љубов а што направив јас?што за цело ова време што?
Внимавајте со кој контактирате и кому му ги давате на „изволте“ вашите лични податоци бре деца. Бог да чува сте и после некој трет ви е крив. Само тоа имам да го кажам од муабетов погоре.
Сакам да си кажам дека и јас кога бев на факултет си имав свои маки. И сите други си имаа... Ама не гледав многу да ги тупам на сите со своите полагања и други ангажмани. Ќе разговаравме некогаш да си се искажиме и толку. И наместо да земат книга и да учат, многумина мислат дека ако ја тупат на интернет (тука, па и на фб) дека некој ќе им ја реши маката и ќе полага место нив. Посебно овде, си има посебни теми за тоа. Ај сега слики од вашите нокти да постираме овде ? Или да прашуваме рецепти за храна ? Треба да се има осет за се.
Aриел,во Македонија човек е приморан да фаќа врски бидеќи секогаш ОД (него-нас) се очекува да се заврши некоја работа некому +,да се протне нешто под ракав ,да се пикнат работи под тепих .Јас порано се нервирав кога знам дека нешто можам-знам да направм а сум приморан на (таканаречени) врски ,но веќе отрпнав па и го сменив мислењето знаејќи дека можам сам да го водам орото......
Не знам зошто вакви работи се уште се случуваат на форумот, стварно не знам. Еве имавме пример еден таков со ocila која што ги полнеше темите во храна и пијалоци и кога и да го отворев форумот она секогаш беше последната што коментирала, стигна до црвено цветче и се изгуби од форумот, а јас никогаш не ја сметав како релевантна членка поради тоа што стигнала до црвено цветче, не е битно тоа, како да ви кажам... јас сум три години на форумов и одвај до 1300 мислења стигнав, јас не знам како успевате, алал да ви е...
Тоа сакав да кажам...Вака поубаво се изјаснив без ништо да кажам.И да кажам дека имам херпес голем како мене... и идам да спијам лека ноч