На фејсбук странана на вип оператор еден се имаше пожалено зошто на пинк телевизија давале програма од пред две години... Во Европа ќе сме оделе.
Кога сме кај канали...со сегашниов кабелски оператор под чиј договор сум уште и истиот пробувам да го раскинам, се расправам скоро секој ден заради пружената програма. Од околу 150 канали за кои плаќам претплата и кои се наведени во тарифниот модел, јас фаќам само дм сат и 2 3 други налик тој, СИТЕ можни пинк и точно 10 порно канали. Со операторите никако да се разберам викам ќе дојдам до газдата некако може ќе се разберам. И царот ми рече вака: - Што ќе ти е HBO кога имаш pink movies, и 5 6 пинкови филмски подканали. - Што ќе ти е MTV и VH1 кога имаш DM SAT и KCN - Што ќе ти е Discovery а имаш Pink Info Порно каналите биле за едукација и за луѓе кои немале пристап до интернет. Он дошол до заклучок дека ние младите не сме умееле да го цениме своето, а подведени сме биле по странското. Бегај Европо
Скоро 20 години истите овие објаснувања ги 'терам' по провајдери и кабловски телевизии... Редно е да преземите вие помладите. Да почнете вие да ги информирате ваквите, дека има свет и надвор од ексЈУ
Оставен телефонот во дневна да се полни,јас одам во соба да чистам,стигнувам до ходник слушам ми ѕвони телефонот,за 5 секунди сум до телефон,а пропуштен повик нема....Океј,ај си реков ми се причинило,пуштам правосмукалката да метам,слушам на врата чука внука ми и како да вика тета,тета,гасам правосмукалка и одам до врата,одклучувам,викам во двор кој е??? Никој нема Беше малку језивко,ама не би го сврстила ова во необјасниви случки #машкииздржав,само си реков не сум луда и се насмевнав Вчера беше задушница,а јас не отидов на гробишта,ама со случкава ми текна на една глупост кога бев тинејџерка. Беше "мртва Сабота" а тогаш нели според суеверните глупости кои го окупираа Православието лошо беше да периш алишта тогаш и да се капиш оти ќе ти излезеле мртви коски,е јас се искапив тој ден и исправ рачно мои алишта,исто бев сама дома ко денес,и одам да ги спрострам да се сушат и од нигде никаде до нозе ми се појави мачка и тоа гламносана црна,прецрна,испаничена се јавив кај татко ми,му викам доаѓајте си во двор има вампир(вампир бе)му објаснав на татко ми за мачката и ми се развика да не се глупирам,си дојдоа дома и со денови ме зезаа за случката,а мачката ми беше гостинка неколку дена во двор и ја хранев @Mr. Right Добив желба ко за крај на година да ти го објаснам значењето на зборот Нејсе,ама ај нејсе (Се надевам не тролаш со прашањево-тоа значи нема врска,не е важно,во таа смисла е). ФМП
Абе, стварно не се убиваат оние црни пеперутки? Една ми сбесна во соба никако неможев да ја избркам и ја фатив..умре.
Не тролам, ама луѓево почнаа да го користат тој збор уште кога почнаа турскине срања да ги даваат. И "со помин нека е" е од турска серија. ЗоЖто?
Останато е уште од турско де. Најди замена за ,,со помин нека е”.Што ќе кажеш?Ај брат побрзо да ти помине?Пак е истото.И нејсе ти е као батали, нема везе.
Има мноооооогу турски зборови што ги користиме секојдневно, останале и тешко скоро невозможно дека ќе се искоренат.
Една бивша колешка додека беше трудна од уста не вадеше дека најголем страв и е ќерка и да се роди грда ко татко и...