Сабајле дури чекав бус полицаец во униформа најлаганица си помина на црвено и го испцу шоферот што му свирна. Полицаец. Во униформа. fyrom ladies and gentlemen.
Food for thought за самопрогласените добри момци, да се фати денот од сабајле! Интересна појава е ова. Демек самиот факт што е он толку (наводно) фин и добар му дава загарантиран пристап до девојка, и она не може да го одбие у никој случај. А ако се случи да рече не: *пцовки* како можеше мори ти, *ваква таква* да ми речеш не?
' Како да постапите ако наидете на чопор кучиња ' Штом се деси некоја трагедија налик вчерашната, вријат социјалниве мрежи од експерти, кучешки психолози и чукнати љубители на истите. Пазете !! Не едуцираат како да се однесуваме ако наидеме на чопор од кучиња ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. Сите имаме идено негде на страна, па еве кажете дали во некоја нормална,цивилизирана држава сте наишле на пуштено животно на улица ? Нормално дека не. Замислете, таму некаде во нормалните краишта, ваквите совети се сувишни.
Пензионери + вторник + јсп автобуси = кошмар Уште да почнат луѓе да јадат по автобуси бидејќи немат кај да седнат. А кога ќе им отстапиш место, те гледат попреку чиниш в скут им седна, а не фала да ти кажат.
Нема отстапување место на пензионери во денови кога не им се наплаќа. Нека се возат кога не е шпиц на раздвиженост, па нека седнат.
Кога сме кај пензионерите и јсп,порано станував,и дури им помагав со багаж и што све не,али од кога станаа безобразни,за гага возења не ги есапам ни 2%,затоа што ретко се возам во автобуси,и кога се возам плаќам со моб 40 ден во еден правец,не им станувам повеќе,затоа што се безоразни премногу,се качуваат и симнуваат на секој 2 станици менуваат автобуси нели да си ја исполнат нормата,а која црна норма?да се акаат по град,да прават немири и гужви,да се караат со младите како сме безобразни.Најтрагично е што пола од тие што се акаат низ град,не оти знаат кај идат ама ај,дома кукаат како не им е добро,како све ги боли,како се болни,а за надвор и шетање по јсп и правење гужви се први,и ништо не им е,затоа и пред некое зимо имаше пепел од страци направени на мраз,затоа што се мрднати во паметот и се акаат на -10 степени,ама ако им е,наместо дома да седат на топло,тие неееее да си ја исполнат нормата,абе мрдната држава сме биле, и бетер ке станеме.
Нека си плаќаат и нека шетаат. Плус, ова само во Скопје е пракса. Ем најголем град, ем најмногу гужва во сообраќајот, ем бесплатно возење за пензионерите... Мислам.. логикава..
Сакам да кажам значи дома дур и на брат ми на нерва му оди фактот шо баба оди по него и не го остава да пофати било шо зошто "тој е машко, така треба". И секогаш ко ќе ја прашаме шо има врска дека е машко, не е фатен во рацете, вика дека е машко, за други работи било машкото, за други женското. Не требало тој да пофаќа женски работи, не требало тој да си фати алиштата од ко ќе се преслечи или пу- пу скраја да е сам да си постави маса и сам да си ја раскрени. Заради ова сум најсреќна дека не сме во заедница. Ова ако некој се думаше како се створат паразит мажите.
СДК на секое одење на гинекологист се палам. Еве денес бев на контрола и само што почна да ме допира докторот на цицки убаво се осеќав, ц ц ц , не знам зошто се палам ко манијак, морам да смирам хормони . Се останато помина во ред контролата, ако се задржев уште малку мислам дека ќе ми се присакаше секс со докторот , а човекот не е крив што сум напалена у последно време. Мора да си барам лек, не се издржува иначе. Маки
Да беа луѓето една третина како мене светот ќе беше подобар. Некој да ми каже зошто сум волку наивна и мирна, не се сакам што сум ваква, во овој свет најдобро е да се биде лош па сите да те ценат повеќе. и преку глава ми е од луѓе искористувачи, лижачи и што гледааат само за себе, самобендисани. преценети, а за жал еден куп ги има такви!
Секојдневно читаме апели за помош, броеви за донации за болни луѓе на кои им треба лекување, молби до сите граѓани да помогнат да се спаси ЕДЕН ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ....а на друга страна пак имаме глутница на диви кучиња скитници кои ни ги преплашуваат децата, им го загрозуваат животот и што е најстрашното и во денешно модерно време најтрагичното е што истите тие кучиња им го ОДЗЕМААТ ЖИВОТОТ а ние ништо не превземаме....
Седам така малце со затнат нос и болно грло под ќебе прееска и вртев канали на ТВ, па наидов на цртани на една од нашите локални телевизии. Ми текна на детството, кога така настината ќе се случеше да не отидам на школо во основно, а веќе бев станата сабајле (или пак кога ќе се вратев ептен рано со губење повеќе часови, ради штрајк или нешто друго - оти отсекогаш не сум утрински тип, па на викенд тешко некогаш да станам сабајле ) - и ќе ги загледав цело претпладне така на овие чкљ каналиве, синхронизирани на српски... Sweet memories.
Фризерки што не кратат доволно ме нервираат еднакво колку и оние што кратат премногу. Доаѓа сестра ми стрижена и ми вели "И реков до рамена да ме истриже, до рамена ли е ова?". Го гледам несреќниче, косата до кај прслукот што се запетлува. Абре будало едно што ќутиш ко плаќаш, речи и. Врати и се нека те дострижи. Ако треба нацртај и кај ти се рамењата.