Сакам да кажам да се пофалам, си фатив прв клиент за шминкање хаха Ајде решив да ги послушам сите да почнам да шминкам како хоби едно онака.
Има денови кога многу сакам да си одам дома.Да се гушнам во мајка ми.Се да ми помине.Да ми се врати спокојот.И денес е ваков ден.Многу сакам да сум дома.
Многу пати досега сум почнала да пишувам пост во врска со оваа тема, но бришев. Се воздржувам да коментирам на такви теми. Во време кога наместо да кажеме дека навистина сме напреднале, жално е што има толку млади со назадни сфаќања. Конкретно зборувам за случаите кога жена деградира друга жена од Х причини. Предолго време жените се третираат како суштества створени само за да му служат на сопругот, свекорот, свекрвата, имаат одредени професии што се само ,,женски", итн. Најтрагично е што овие работи ѝ ги укажува една жена на друга, со доза на плукање, осуда и омаловажување ако оваа втората отстапува од кажаниве ,,правила". А после слушаш кукање како тоа не добивале почит од машкиот пол, во 21 век биле третирани како во времето на нивните прабаби и слично. Најчесто вакви муабети сум слушала од постара генерација, иако сѐ повеќе и од помладите истото се слуша. ,,Учи да готвиш, свекрвата што ќе рече во иднина, треба домаќинка да бидеш, маж и деца да гледаш", ,,Чисти, пери, средувај секој ден, женско си, не е тоа работа на машкото, такви се тие", ,,Што ќе ти е стан/кола, кај мажот ќе си најдеш, домот машкото го наследува", ,,Не шетај со дечкото за рака, утре ако раскинете што ќе рече народот", ,,Ами како така без деца, зошто се мажиш". Затоа има еден куп пропаднати бракови, бидејќи ,,годините ти поминале", па мора да се мажиш, не треба да пребираш на тие години. Важно е ти деца да изнародиш, иако не стоиш добро финансиски и не си спремен на таква сериозна одговорност, ама едноставно ,,така треба." Шокантно е како тоа женско може да мрази готвење, тоа е ,,женска работа" што мора да се знае. Ако се омажила на 25, а нема деца сѐ до 30, нешто не е во ред со неа, најверојатно е ,,болна нешто". Зошто самите на себе си поставувате граници за сѐ бидејќи така останало или така рекле постарите? Вредноста на еден човек не зависи од полот, а сѐ додека дозволувате вакви работи да имаат влијание врз вас и самите тоа да го прифаќате бидејќи така мора, не барајте почит.
СДК дека платениците што протестираат секој ден пред собрание кога е најголемиот шипц, допринесуваат кон поголемо загадување на воздухот.
Sakam da kazam deka vrne sneg, milina nadvor. Jas sakam da izlezam ama treba da riljam sneg . Ako de, ne mi e prv pat
Преку барата па на север ма Бабе Сдк дека многу ама ПРЕПРЕПРЕмногу ме нервираат несериозни луѓе. Како бизнис зделки да склучуваш со такви? Многу ме нервираат и несериозни работници... станал сабајле, го болело грбот и не дојде да работи...Алооо и мене ме боли грбот, нема ни година откако искршив пршлени, поминав 12 недели врзана за кревет па еве ме офкам кукам и станувам.. Оди Македонијо напред со вакви глупаци оди во некоја дупка пропадни и доуништи се златна Македонијо..
Колку многу ми требаше дождов.. Пијам кафе насабајле и го гледам ме релаксира .. милина На вечер обожавам кога врне да го слушам Обично ми буди милина, емоција, љубов и топлина без разликљ колку е тажен кога човек е среќен наоѓа среќа и топлина и во дождот и во тмурноста
Знаете што?Ми се гади од луѓево ми се гади. Секој ден читам по форумов јадење буреци за свекрви, роднини па дури и за родители.Читам како си забивате нож едни во други.Има доза циничност и лицемерие во голем дел од постовите.Многу си ја отвараат устата како аждаји некоии.Многу се лае а малку се знае.И на крај кучињата вакви кучињата такви.Епа затоа не лаете многу многу по страна за секој да има кој да ви помогне кога ќе ве збрка некоја ГНАСНА ЏУКЕЛА. Читам примитивни мислења и затуцани размислувања.Тука, на фејс а и надвор од соц. мрежи.Читам шљам и бљувотини.Ајде да ги отруеме ајде вака ајде така.Замислете дека на некому неговото куче му е cè.Имав една комшила Бог да ја прости немаше ни маж ни деца.Од кога ја знам беше со мачиња.Куќата и беше полна со мачки, дали расни дали улични.Сите ги ранеше и си ги чуваше.Господ не и даде деца и маж ете па си ги чуваше нив како очите во главата.Чим може да размислувате животно да убиете можете и човек да убиетe.И на крај кучињата се многу паметни суштества.Многу попаметни од некои луѓе кои имаат сума сумарум 2 грама мозок. И да со постов не вперувам прст кон никого особено.Ако конкретизирам кон некого бар ќе го тагнам. one interesing fact about STUPID dogs
Good morning Charlie Good morning Angels Точно е 6:15 сабајле и погодете кој мисли на секс уште рано наутро ? Тадаааааам , ЈАС А она што сакав да го кажам е :
Сакам да кажам дека овој пат жими се, ќе издржам една недела на гастер- френдли диета. Не се издржва ова поќе.
Сдк аман веќе од луѓето она имала тетка/сестра/золва/брат/сват у некоја земја слушнала нешто и ти кажува како е кај тебе и тоа со таква самодоверба мислеш го видела таа сето тоа. Дај бе луѓе зборувајте за тоа што го гледате и преживувавте не сте интересни со вашите смешни “информации” и никој не ви ги бара ок. ФМП
Заборавив на симпатијата, а толку време се трудев да го најдам и да го направам да ми биде симпатија. Така ми наложија другарките, дека ми требал симпатија во животот. А јас све го заборавам Замисли дечко да ми беше, и да заборавав дека го имам. Или сопруг. Затоа немам де, фина особа сум, нејќам луѓето да се осеќаат запоставени. Хммм...како да и го преведам ова на баба ми, а да не звучи налудничаво? Воглавно заборавам многу работи, ми закржлавел мозокот треба да го вежбам. Затоа ми е незгодно да лажам. А пак од друга страна многу банални работи памтам. Вчера гледав една емисија со Морган Фримен, нешто поврзано со господ беше името (си? Ај форгот олреди ). Имаше едно племе некаде во Мексико каде девојчињата на 12 год прават некои ритуали за да го примат бог во себе. Не беше нешто злоставувачки, трчање кон сонцето, пеење песни, правење колач... За да се спреми да биде жена. Вакви "невини" традиции ми се интересни и примамливи за коментирање, ама емисијата не даде доволно податоци, а сега никаде не можам да најдам повеќе за племето Ако некој знае ви се молам упатете ме. Да имам што да пишам во следното СДК И то. Чус, ариведерчи, цаи џиан, аригато гозаимас.