СДК дека ве познавам доволно долго не мора да се правите нешто што не сте сега пред лугето. Мразам луѓе кои мислат дека откако ќе им се подобри финансиската состојба се нешто подобро од останатите, а притоа забораваат од каде доаѓаат, што правеле и како правеле. Драги мои можеби џебот ви се наполнал но, умот ви се испразнал комплетно. Скапата облека, коли, накит не ве прават интелектуалци како што мислите дека сте. Жал ме фаќа некогаш колку уствари вие сте сиромашни во душата...
Навистина е веќе излишно да се укажува на ова во време кога нивото и свесноста на човекот треба да е издигната на многу повисоко ниво, но жалосно е колку сè уште родителството (посебно мајчинството) се смета како единствена највисока цел, титула во животот и просветлување. Не негирам - многу важна сфера е за тие кои сакаат и го планираат, но е сепак една од улогите кои ги имате во животот и само делумно влегува во сликата за вашиот карактер. Една жена не станува автоматски светица кога ќе забремени/стане мајка - секако, според манири и човечност во општествени ситуации треба да се почитува нејзината состојба, но не значи дека ако се работи за лоша личност веднаш ќе го промениме мислењето за неа и ќе ја величаме. Друго и најважно - разбирам облеаност со најсилни емоции и сè, но кога ќе стивне тоа - не треба сериозно да си верувате во изјави во стил дека со раѓањето на детето допрва сте прогледале, сте научиле што е љубов, досега не сте живееле и чувствувале вистински и сл. Не, луѓе - возрасни оформени персони сте кои имале живот од ~20-тина години (најмалку) и пред детето, сте имале емоции, одговорност, силна љубов и грижа за благосостојбата и безбедноста на други личности околу вас (родители, роднини, блиски пријатели, партнер). Оти и тешко на тоа дете би било ако навистина допрва се учите на секакви искуства, посебно емоции - преку него. Не заборавајте прво за самите себеси дека сте биле таква оформена личност и пред раѓање дете, а аналогно на тоа - почитувајте ги и другите кои немаат (сè уште) деца и нивното нормално присуство на чувства, принципи и вредности, и право на свое рамноправно мислење.
Има многу голема вистина во тоа дека со вистинскиот човек муабетот ќе тече како вода Само за жал, со погрешен човек ми оди муабетот. Со човек со кој знам дека никогаш нема да може да бидеме заедно од многу Х причини. А толку многу ми прирасна за срце не можам да ви опишам Со други кои замараат на секои 30 секунди на месенџер и после 2 реда муабет одма ти бараат број сум дрска и безобразна. И свесна сум дека сум таква, ама не можам поинаку Значи читај меѓу редови, не ми се свиѓаш бе човече. Не замарај А за првиов, одамна не сум наишла на таква хемија со некој. Само и двајцата сме свесни дека нема да ја биде работава
Гледам споделен статус дека порано луѓето имале поубаво детство, и меѓу останатите бисери читам: - Во тоа време на шишињата за лекови и вратите не постоеа предупредувања од типот „Да се чува подалеку од дофат на деца. - НИЕ немавме школски психолог а сепак завршивме некакво училиште. НАС не ни продаваа дрога пред училиштето. -НИЕ порано во колите немавме воздушни перничиња, ниту пак мајките ни ставаа кациги кога возевме точак. Кршевме раце, нозе и заби па еве пак пораснавме. и за крај ПОБЕДНИКОТ: -НИЕ порано не бевме еден викенд со тато, а друг со мама. НИЕ бавме сите заедно. НИЕ бевме едно семејство. Сериози се луѓето што го споделуваат статусов. БеС коменатар! RIP и интернет и се по список !!!!!
И така врви уште еден ден без него... Го чекам да дојде, да го помирисам, да го вдишам. Минутите се часови, часовите се денови, а пак, денов мислиш месец поминал... Него, СДК, пазете и чувајте ги додека се тука. Бакнувајте ги за добра ноќ, посакајте си добро утро. Прашајте ги дали сакаат топло чоколадо на ладен есенски ден...Еден ден, се’ тоа ќе го нема.
Н. Груевски: - Јас сум секогаш тука за Македонија. Мене што сакате правете ми.... Ќе одам во затвор ако треба слободно затворете ме, тепајте ме, само немојте да ми ја чепкате земјата. Јас се жртвувам. После неколку месеци од изјавата, монструозниот криминалец треба да оди во Шутка, а тој... Ќе не биде...Ене каде е Европа!
"Чувствувам како ме соблекуваш со поглед, твоите раце ги допираат нежно моите колена, полека ми ја подигнуваш сукната, целата горам......." СДК, сабота е рано наутро , а јас напалено се осеќам Кој признава , пола му се простува
Сакам да кажам дека Локи е лик кој е во сопственост на Дизни. Сакам да кажам Локи е Дизни принц. Сакам да кажам дека е вистина фактот дека Дизни принцевите ставаат нереални стандарди за мажи.
Со 50,1 проценти, Македонија е на трето место во светот по невработени млади лица. Ај барем наспиени се...
На две сум со постов. Некои работи човек не може да ги разбере додека не стане родител. Секако не сите стануваат супер добри луѓе со самото тоа што ќе станат родители, нити пак ги оправдувам оние кои го издигаат родителството над се' друго... Ама за грото луѓе, во основа, се менуваат приоритетите со станување родител.