Понекогаш знае од нигде никаде да ми текне на некоја постара песна и ми се чини ќе пукнам додека не си ја пуштам да ја слушнам... #познато?
Во мометот кога детето ќе ја напушти твојата утроба, сфаќаш дека веќе не живееш за себе, туку душата ти отишла во телото на детето. Наеднаш никој, ниту ни сам себеси, не ти е толку битен, како една насмевка на детето.
Памтам кога ја купив јакнава што ја носам моментално. Потоа купив уште една,после купував уште други работи. Еден капут,друг,бунда,кожна јакна и други работи за носење. И секогаш кога ќе отворев плакар велев "Немам што да облечам". Всушност не го гледав богатиот плакар,го гледам тоа што сакав да го видам. Еден ден направив генералка, многу нови работи-заборавени,омалени по ќеси бутнати. НОВИ со етикета,ги подарив. И денес ја гледам јакнава што ја носам веќе никој не го носи крзното, знам дека тлее у плакар некаде. И јас пак не можам да ви го пронајдам,а тогаш беше хит. Затоа,престанав да купувам работи што ми се непотребни. Научив да правам список и да си го планирам секој денар. А јакната и крзното веќе не се во мода, со малку практика можете со ефтини парчиња да изгледате скапо
Шљапај масло од ова, шљапај масло од она, па стави маска за коса со трепка од еднорог, па миј.. Па после скрши едно јајце масирај пола саат, па пак плакни миј.. Па земи отспиј така, нека се измрси и перница и јорган и перницата од комшиите, ќе се пере, си викаш мора вака.Па изрецитирај молитва на глас да ти се оправи, и на крај пак ќе те сретне некој и ќе ти рече, леле Маци, абе косава што вака оштетена, види тука краевите, аууу како вака.. Море марш!!!
Јас па со шампон од коприва ја мијам од оној кило за 100че, па нишо не и фали. Ама нит ја фарбам, нит ја пеглам. Изгледа среќа имам во животов
Додека работев со трговија бев на каса и плус продавав.. Често се случуваше да правам минуси. Парите еднаш ги поделивме сите колешки, јас дадов од џеб, а и тие. Не беше голема сума. Потоа се што правев и плаќав, најчесто беше 100,а најголемата 300. Сите почнаа настрана да ме гледаат, сум му правела стресови хахах а нивните грешки не се важеа.и ми држеа лекција. Ако вас 100ка ви претставува стрес, што ги претставува ако ви кажат дека имате рак и ви преостануваат 3 месеци живот?
Се ежам кога ќе прочитам дека нечии родители одлучиле да ги донираат органите од своето дете и со тоа (наводно) да спасат неколку други животи. Тие за жал не се свесни дека органи за трансплантација никогаш не се вадат од потполно мртов човек (би биле неупотребливи), туку само од оние со тнр. „мозочна смрт„ - правен термин кој легализира убиство. Уште полошо, душата неописливо страда бидејќи не може да се одвои енергетски од органите кои некогаш ѝ припаѓале како човек, а примателот преку трансплантацијата прима програми кои ѝ/му се страни на неговото битие создавајќи натамошни потешкотии.
СДК каде си тргнала со таа тенка маичка, длабоко деколте и минич на тебе, а притоа се жалиш како си била настината и кашлаш како турчин?
СДК затоа што утрово не кажав... Одам по улица и огромно, расно куче трча како спобудалено, напред - назад... Се радува на слободата што му ја дал неговиот сопственик кој што со каишот во рака е тука, во близина. Трча кучето и застанува да уринира на тркалата на секоја втора кола паркирана по тротоарот. Сопственикот оди и гледа само право, демек не гледа што прави кучето! Грозна гледка, а уште погрозна за сопствениците на автомобилите... Ништо не искоментирав и покрај тоа што ми беше на врв јазик... Не сакав да си го уништам денот, знам колку се „јаки“ сопствениците на домашни миленичиња ако нешто им речеш за нивното куче... Не си човек чим не сакаш животни! Вистината е... кучето си беше нормално, а сопственикот...
Дел од длабоки цитати : Човекот вистински умира во оној момент кога за последен пат се споменува негово име. Некои луѓе се премногу искористувани од други луѓе додека се живи,а нивните добрини воопшто не се ценети.Кога ќе отидат на оној свет,овие другиве се однесуваат како да не постоеле. Зошто е така,бре?! Толку ли е тешко да се каже нека почива во мир,арен човек беше и многу ни помагаше,слава му...,и да се припоменат добрините и да се запали свеќа?! Ех,народе мој,каде вака? Ќе ви кажам : никаде!
Како што стареам, се повеќе и повеќе жалам што не сум курва... Не проститутка, или спонзоруша, или па ,, мераклика ,, шо би рекле. Него една обична курва у душа, шо нема морал и вредности, шо гази и по живо и мртво... Али изгледа време е да почнам.
74 години слободно Куманово. Колку и да не се поднесуваме на моменти, каде и да бегам од тебе, ти си нешто на кое секогаш му се враќам. Ти си мојот дом.
СДК ја започнавме неделата напалено, па да ја завршиме влажно како што е редот. П.С.Тошо, љубов моја неостварена - најмногу го сакав од сите членови на К 15, сите негови потези, глупирања , абе како појава го обожавам човекот. EDIT !!!!! OMGGGGGGG, Backstreet boys концет во Берлин, јееееееессс , лелеееее еуфорија, ебачиштата мои од детството конечно тука, баш да ги видам цените на картите
Сите ги запали, па не навлажни...па се мислам како ли ова слаткото лудо @Herrera будалесто девојче ќе не суши