Интернет порталиве навистина се избрлавеа целосно. Просечна плата 25,000 денари??? Што ви е бре на вас? На која дрога сте додека ги пишувате овие глупости? Кој зема 25? Некој што е пред пензија со работен стаж 100 години од кој младите неможат да стигнат на ред за работа? Живи патетики...
Во потрага по нешто ново и по возбудливо можеме да го изгубиме она што сме го имале долго време. Трагајќи по нешто туѓо го губиме она кое сме го имале цел живот, и кое на овој или оној начин било "наше". Времево ме тера на депресија. Ме враќа со мисли во минатото. Се сеќавам на минати лица, минати чувства, места. Спомени... Сето тоа измешано со нови чувства. Љубов или опсесија. Лажни ветувања. Многу неразјаснети работи и не кажани зборови. Симнав дел од товарот кој долго време ми создаваше тежина, но еден дел сеуште стои. Сакам сонце. Сакам љубов. Но, искрена овој пат. Сакам долги прошетки со него. Фатени за рака. Да се смееме и да се препуштиме на моментот. Да не мислиме на ништо друго. Сакам барем уште еднаш да ја почувствувам таа "тинејџерска" љубов. Да ја изгубам главата од љубов.
Точно. Но се случуваат зашто им се може. Не се криви тие што си го прават кејфот. На секој што му е мерак и при тоа не го мрзи може да лупа мислења во темите за храна и пијалоци. Друг треба тоа да го контролира. Можам да констатирам дека скоро сите с(м)е оперирани од самоконтрола. Тоа е задача на вишата сила тука. Неисполнета задача. Темата за предлози сигурна сум дека одамна не е пипната. 100пати е предложено да се среди тоа со броењето мислења и можнста за давање ѕвездички тресени од ракав. Не само што некои мутави теми билдаат мислења туку и „нормалните“ теми не се средени. Еве и оваа.. полна е со: екстерно шитови и ќе одам да спијам-известувања. Понекогаш кога ќе ја отворам се осеќам ко да сум во врска со малолетник кој е пред екот на пубертетот. Убаво имаше пишано некој претходно-СЕ НЕМА ОСЕТ ВЕЌЕ. Баш е штета што нема реално видно рангирање на форумџиите. Убаво било замислено тоа со боја на цвет и број на добиени ѕвездички ама нели теоријата и праксата не секогаш се поклопуваат. Само ме интересира до каде ќе оди ова?
^Треба да ги укинат ѕвездичките и цветчињата и со тоа ќе се намали мотивацијата за пишување на дојденците за ѕвездички и тресенење на глупости само за да се добие една, тука ќе заврши смислата на нивното посетоење на форумот, а останатите ќе имаат мир, спокојство и инспирација за пишување фини и интересни работи.
Yup, една членка поодамна имаше пишано дека форумот е како некое сираче, оставен сам на себе. Инаку потсетување за сите членови кои сакаат да водат виртуелен дневник тоа може да го направат овде: - http://www.my-diary.org/ и на еден куп други вакви сајтови, или едноставно да отворат Ворд. Меѓу другото, најмногу од се ме погоди кога прочитав дека членката која страсно се бори за црвено цветче дури си кажа себеси демек, ако продолжи со вакво темпо. Со какво темпо, бе?
Одлични се и ѕвездичките и боите (барем нивната првична замисла, веројатно). Еве пример секоја од нас отсликува до некаде. АМА ДО НЕКАДЕ. Се знае кои теми треба да носат ѕвездички, кои не. Не знам што е тешко тоа да се среди?! Еве јас тргнувам од себе, пријавувам мислења, давам идеи со цел на сите нас да ни е поубав форумот, ама кој ме шиша. Ако нема проблем, ќе шетам долгокоса ама упорно ќе закажувам на фризер со пријавувања мислења, може ќе тргне работата. И на што личи тоа темата со поздравите да се рачуна достојна за ѕвезда и да се едначи со мислење кое е некој убав став или совет ...ама добро. Па и само тоа да беше, туку ајде. Се ближи лето, тогаш се ќе биде боље Ако не друго, барем екстерниве ќе поминат. Да се настроиме позитивно.
НАЈИНТЕРЕСНО МИ Е КОГА Пишуваат во темата што јадите и со еден збор си пишуваат еве на пример банана чисто колку да им се брои мислењето не дека јас немам наспишано али сепак да се знај сето да биид во границите на нормалата
Секогаш ќе ми недостига онаа негова нагонска внимателност. И понекогаш не можам да заспијам од тие мал милион неодговорени прашања кои знаев дека никогаш немаше да бидат прашани. Се прашував како знаеше да ми ја пронајде секоја вознемиреност и да ми ги смири сите сомнежи уште пред да ми го научи името. Како можеше да ми го прочита и она мало слатко парче злоба во насмевката, додека сите ми ја гледаа само површната невиност. Како никогаш не можев да го излажам. Понекогаш се прашувам како можеше да ме натера да играм игра во која обожавав да губам и на крајот да му припаѓам. Како можеше толку природно да си одговараме и како кога ќе ме прегрнеше ме правеше совршена бришејќи ми ги сите стравови. Со него, јас бев јас. И не ни требаше ни те сакам. А сепак, ме пушти да си одам. А сепак, го пуштив да си оди.
Морам уште ова МАДАМ од кој че помини екстремното ке се згоолемам температурите надвор и тогаш ќе има многу мислења оф типот на леле колку е жешко надвор
Од кога не сум пишала по форумов оооо. Па ме мрзиии. Од коа се распуштив сакам да спијам само и ништо друго. Има ли моментално поискрен пост од мојов. Поздрав4иња до сите феминки, сегашни и идни пријателки и пријатели . Лаку ноч
^ хаххаха... ќути аман. Сега дождовите, тогаш жешкото. Пуста наша некреативност ќе не утепа Потписот на Теси одговара за ситуацијава, Još se nije rodio tko je narodu ugodio - баш
Никако да те најдам. Каде ли се криеш? Те видов еднаш, а од тој ден немам слушнато ни глас за тебе. И да сум слушната, пак не би знаела.Не знам ни како се викаш, ни кои ти се другари... Знам само дека имаш кратка жолта коса и кафеави очи. Како тогаш да те најдам? Едноставно ќе мора да заборавам на тебе... Еден ден повторно ќе те видам, само не знам кога...
Како можи да мисли некој дека ако си немал секс со 100 души или ако не носиш миничи и деколтиња, и ако не излегваш навечер без гаќи „за забава“ СИ ЗАТВОРЕНА ВО УМОТ? Вие сте тие затворени во умот. Ве жалам. Вие сте тие шо единствен излез од вашите мизерни главчиња ви е сексот. Вие сте затворени во умот оти не размислувате за ништо друго освен најпростите и најплитките работи. Вие сте затворени во умот оти најатрактивна тема на муабет ви се туѓите животи и желби. Вие сте затворени во умот ОТИ СУДИТЕ! Мојот живот, си е лично моја работа. Можиш да не се согласиш со мојте избори и мојте одлуки. Ама да ми плукаш по нив, не!
Вчера дури модерно кажано чатав со другарка на фб,ми излезе понуда за пријателство од цел целцат американски офицер.Си кажа човекот дека бара фини и љубезни дами.Одговорив дека сум страшно нељубезна и го снема.Си изгубив пријател поврзан со Пентагон,човече. Инаку не можам да разберам зошто луѓето се прават фини и добри а од друга страна одвај се дочекува прилика да забодат нож во грб на некого.Пријател ти увалува да платиш сметка,пријателка не би имала ништо против да има кежуал секс со твојот партнер.Ситe говорат дека нема љубов а од друга старна на никого не кажале -те сакам.Не можам да сфатам зошто се брза во стапување во брак,без разлика дали партнерот е вистински.Не разбирам зошто се раѓаат деца како општествена обрврска а не зашто тоа го сакаме.Не разбирам зошто се споделуваат слики од некоја девојка со цел за колеткитвно исмевање.Не можам да го сфатам размафтувањето со пари и статусни симболи ,а душата празна.Не можам да разберам зошто сум прогласена за чудна жена во мојата улица,од страна на "домачици'" Не го разбирам светот,а ниту луѓето. Хронично сум збунета..
Новиот хит во Македонија, а воедно и новиот срам за Македонската музика. Каде е таа добра музика што ја имаше порано, ништо ни м нема од музика сега. Ко да не ни беше доста Гулабица, Сања Ристевска и нејзините „прекрасна“ песна Ме заболе, сега па и Џесика и уште мал милион такви ко нив. Ако ова е песна, тогаш комотно можам да станам пејачка славна и верувајте пеам 100 пати подобро од овие горе наведениве Македонски „пејачки“ ако можам така и да ги наречам. http://www.youtube.com/watch?v=-8GazTDEH1s Уште што се нема да слушнеме и да видиме! Се надевам Господ ќе ни се смилува и во иднина нема да има повеќе вакви певачичи. Амин †!
Џабе толку трескање за екстерново Само што се вратив, прелесно беше. Наставници влегуваат ти кажуваат се, мене дури ми ги провери наставничката по Француски Таа па од министерство си седи таму ние се прашуваме меѓу себе, си кажуваме оваа ништо Незнам зошто ама некако сум многу среќна денес, можеби затоа што не беше лошо и тешко колку што мислев Поздрав и имајте убав ден исполнет со радост и среќа
Едно не ми е јасно, зашто се замарате за вакви глупости? Кој х фактор ми е типкава во животот, секој има право на слободно мислење и говор, нека прави што сака.Демек Американцине се поарни па. Крај краева никој не тера да ги слушаш...