Сакам Влатко Лозано да направи концерт и сите македонски песни и неговите песни да му ги испееме и да се забавуваме. Зошто Желко зошто Цеца зошто Раста зошто Здравко итн. Па здосадени се, редно е и македонските пејачи/чки да направи концерт. Без погрешно сваќање. Иии па овие политичари се здосадени де Заев де Грујо а 21 век сме уште за нив ќе се замарате, немат крај. Па и на тв кога ќе се појави пред мене и му викам еби се со твоите пари и да те немат. И така во денешното време сите ќе си бегаме еден ден..... -.-
СДК, преминувањето улица во државава стана како томбола. Ќе закочи ли - нема ли да закочи. Можда е изнервиран господинот и брза. Он е газда. Претприемач бе. Значи да повториме. На пешачки не се прикочува, подзакочува, заобиколува, вози во лер, свири на пешакот да побрза, и не се фучи 10 цм од газот на пешаците. А да, и не се вика и не се пцуе оти си ,,морал да запреш". На пешачки се запира. Законот така вика. Да, замисли, да запреш прво, па да вратиш пак у прва и пак да тргнеш. 3 секунди ти отишле. Ако не умреме од масовното труење некое зимо, или ќе не' изгази будала на улица или ќе се удриш у некоја будала шо претрчува на необележан пешаки преку жардинерија на среде булевар. Дека и такви ги има.
сдк ја гледаш во 7 сабајле дотерана исфАнирана нашминкана.. У сукња чизма капут. . осмех на неа и позитивен дух. сдк алал да и е. Јас едвај чвор на косава врзав и го облеков џемперот од вчера.
Тажен ден вчерашниот за сите comic book fans. Си замина еден од "виновниците" за тоа што денес имаме можност да избираме од толку многу стрипови. Легенда, човек за пример, еден и единствен. Сметал дека стриповите не се доволно добро разработени, дека се направени како само за деца и дека може да им даде повеќе душа и да ги направи "почовечни". Се карал со сите шефови кога наишол на ѕид, не им се ризикувало да си ја изгубат клиентелата од деца. Но успеал да ги убеди, почнал да користи јазик за повозрасни, за да експлодира со фантастична четворка, Спајди, Daredevil, Ајрон мен, Капетанот, Хулк и многу други. Пред да го доживее успехот со четворката, готов бил да се откаже затоа што сметал дека луѓето не го разбираат неговиот концепт на цртање и инкорпорација на човечки особини кај суперхерои. Добро е што не се откажал, денес не ќе имаше ни пола од империјта што ја создаде. Почивај во мир, голем, најголем човеку. Нема comic book fan што не се растажи вчера, it's an end to an era. На внуци ќе те кажувам кога ќе им го читам Спајдермен.
Откако почнав да вежбам јога буквално се преродив. Имам повеќе енергија, поеластична сум, не ме интересираат ситници и празни муабети. Колку е убаво кога имаш внатрешен мир, поголема концентрација и си присутен во сегашноста, наместо да луташ и жалиш по минатото. Не знам зошто порано не сум почнала со чудово
Го обожавам водухот надвор овие денови, обожавам да шетам со најтоплите џемпери и да пијам кафе во Гамла стан. Позитивен неред и блажено чувство декa сум добра во него. Ептенски, погодено. Ми се гушка на бели чаршави и ми се црта мало сонценце на него
Момент на оваа недела, иако сме уште вторник, мора да биде 24 часовната потрага по новиот лак за нокти, кој патем сум го ставила во џебот на бадемантилот веднаш после туширање. Барем се туширам секој ден, инаку се уште ќе го барав. Жити сѐ, сфаќам зошто дечко ми ме вика Дори понекогаш. Толку демотивирачки
Денес е ослободувањето на мојот град.Убав сончев ден, малку загадено ама нема врска.Нема да развлекувам, те сакам Скопје
Малку повеќе Баш си мислам, штотуку сум се изрезилил на големо, а кул сум. Некогаш, ми доаѓало да се скријам некаде, земја да ме проголта, никој очи да не ми види. А сега, во последно време, баш ми е гајле. Луѓе сме и се глупираме. Паметен, учен, сезнајко никој не се родил. Да сме живи и здрави.
Луѓе, не мислите дека сме престроги со мајките? Читам, слушам муабети, коментари... како да не е доволна тежината што треба човек да одгледаш, постојано некој те набљудува и ти дава оценки за истото. И тоа воглавно жени, и тоа повеќето од нив исто така мајки. Преку групите на социјалните мрежи, преку форуми, преку кафе муабети... да се укаже колку погрешно нешто прави или не прави и колку добра мајка е или не е. Ужасни сме, искрено. И да знам, и мене ми се заморни муабети за деца, затоа што колку и да се кјут не сакам да зборувам за нив постојано, или да слушам колку е најволшебно нешто на свет да се биде мајка, верувам дека е, ама како да сака некој на нос да ни натрие оти ние немајките поима немаме што значи таква љубов или ватевр... да не забегувам Ама навистина и правиме да биде збунувачки и тешко да се биде мајка со постојаните примедби за тоа што му се дава на детето да јаде, кои шампони ги користи, дали точак вози со помошни тркала или не, дали во школо купува сендвичи или од дома носи сарма...мислам, ме сфаќате. Дајте малце да ги олабавиме мајките. Лет дем би. Никој не се родил со диплома за родителство, и нема исто дете за да важат исти правила. На крај краеви, не го злоставува детето, го сака и се грижи за него? Шис гуд инаф, остајте ја на мира. Ставив кафе, нека ме дружи некој
@kravce точно. Сите се полни осудувања и правила и се, што просто да мислиш дека до сега никој не бил мајка, никој не преживеал, никој не израснал паметни, здрави и прави деца. Јас верувам дека секој родител знае најдобро за детето и преферирам да не се мешам (Не мислам во случаеви кога е злосторувано, запуштено и сл. за жал има и такви родители) ама оние нормалните кои го сакаат и му мислат само добро, верувам дека инстинктот ќе им каже како треба. Јас ќе те дружам за кафе ако ми дадиш да ти се жалам малце. Сакам да кажам дека иако не ми се приметува осеќам огромна тежина и празнина во себе. Сакам да седам да плачам и плачам и додека не ми излезе се тажно што имам во срцево да не престанувам. Настрана далечината од него што ми тежнее, ми тежнее и тоа што он е некако резервен и далечен, ме убедува дека е ради работата, дека е нервозен од тоа, ама јас сум убедена дека не е. Чуден ми е и сменет, може и тој тагата на тој начин ја прикажува ама ме боли и не знам како да му кажам, а да не рече пак си правиш филмови. Ме боли што не ми изразува никаква љубов, ниту нежност, ниту убав збор, се што кажува мислам дека го кажува ради реда, муабет ми прави ради реда, не се смее кога ми го слуша гласот, не се радува што ме гледа на камера...дали можеби се прашува дали го направил вистинскиот чекор во животот, дали ова што го прави го прави од погрешни причини, дали јас му станав само навика, дали уствари е среќен во овој брак. Дали јас стварно си правам само филмови и мојата анксиозност ме залажува или интуицијата е во право. Како и да е нема да знам, нема да знам додека не го видам во живо и не му ја осетам прегратката, погледот и срцето. Тогаш ќе знам, само се плашам и молам да не сум во право. Настрана ова, се нервирам оти ми требаат пари, многу пари, имам еден куп обврски да платам пред да одам, за таму пари, за ова пари, за она пари, а проекти ниту еден на повидок, како ќе успеам да се снајдам за се ете не знам. Имам уште 1000ден во новчаник од кои 500 ми се за преглед. Па и болести баш кога не ти треба те спогнуваат. Аман веќе еднаш ќе се среди ли животов ќе дишам ли на раат, кога ќе престанам да мислам како утре, како за месец, како за година.
За да бидеш родител не е доволно само да го родиш детето или да го обезбедиш финансиски. Треба и да го сакаш безусловно и да се жртвуваш за него,да се фрлаш во огнови без размислување. Без тоа си ништо освен лице со иста крв.
СДК срце ми се кине кога ќе видам сиромашна мајка, со две деца, а очи полни љубов .. Или сум премногу чувствителна дека сум бремена