Сакам да кажам дека ептен задумана пијам вода со цефка и ко слета мува пред мене абе свеста ми се зеде.
Втор пост денес, од некни се спремам да го напишам, никако да стигнам. Некни на 11 Ноември се одбележаа 100 години од крајот на Првата светска војна. Според мене една од најдобрите документарки која ја прикажува војната е мини серијата Apocalypse: World War I. Секој пат кога прегледувам и читам за Првата светска војна, ми доаѓа некое грдо чувство, некој горчлив вкус на уста затоа што пред само 100 години Земјата била полоша од најлошиот претставен пекол на Данте. Секогаш жалам кога ќе прочитам како 10 милиони (МИЛИОНИ!) луѓе биле користени како топовско месо, како играчки за да можат политичарите да си ги измерат кој има поголем. Уште 7 милиони цивили загинале, оставајќи милиони сираци и вдовици. Можам да замислам колку само бил мизерен животот тогаш, да треба да војуваш за војна која била попогубна и од најпогубните болести и несреќи што дотогаш човекот ги претрпел. Се ежам кога ќе прочитам дека кога биле празници, односно за Божиќ војниците од двете страни излегувале од рововите и за 1 ден ја прекинувале војната, се случувало дури и да заиграат фудбал за другиот ден да се вратат назад во својот ров и да се убиваат едни со други. Како резултат на користењето на различни оружја, хемиски гасови и пустошење на земјата, се појавува Шпанската грозница која е една од најсмртоносните пандемии кои го зафатиле светот, а однела над 50 милиони жртви. Хорор приказна, инфицираните биле некогаш толку помодрени што не било возможно да се утврди каква им е бојата на кожата. Улиците биле обложени со крв, луѓето умирале крварејќи од носот, устата, кај некои дури и од ушите. Најгадна глетка била кога луѓе умирале од тоа што си ги раскинувале внатрешните органи при напор од кашлање. Откако завршил целиот хорор (Се додека не се јавил господин Хитлер) на испустошената земја никнале булки, како единствено цвеќе кое може да опстане во такви услови, сигнализирајќи повторно живнување на сивилото кое траело тие неколку години. Што ми е целта на постов? Никако, ама никако не можам да разберам луѓе што сакаат војна да се случи за да бидат херои. Доволно е да се погледне една ваква документарка, да се прочитаат изјави на преживеани луѓе да согледа народот колку се враќаат оштетени тие луѓе. Никогаш, никогаш нема да престанам да бидам пацифист, колку наивно и детски да звучи тоа. Затоа што поголем хорор од војна - нема.
Не е лошо во кола еден памперс да се има. Како прва помош Во гужвава уште да ти се примоча Во автобус на себе носете си еден Спојлер: . Дека денеска ќе се измочав во гаќиза малку за седиштето ми беше инаку ќе го пуштев
Посебно место во пеколот за шофери на јсп кои во колона од автобуси се застанати последни и тогаш ја отвораат вратата, а притоа оддалечени 20 метра од постојката. А и за оние луѓе што место да го почекаат да се намести пред постојка, трчаат да им отвори. Ти нема ни да го видиш автобусот, а веќе ќе ти избега.
САКАМ ДА КАЖАМ дека не е секогаш до шоферите на ЈСП.Едноставно,некои луѓе немаат основна култура,не знаат што е бонтон затоа што се невоспитани,па затоа само се туркаат да влезат во автобус кој е и онака полн ! ЌЕ ДОДАДАМ и дека луѓето треба да сфатат дека не се влегува во автобус кој е целосно полн,затоа што ако се преполни,шансите да се преврти се многу поголеми !
"Zena, Majka, Kralica" Od ovaa recenica mi izgubi smisol "kralica". Se znae koja e kralicata I daj te ne se krasite so tugi perduvi. Inace I Zena, Majka e visok stepen ofanzivno mislenje. Ne sekoja zana e I majka I poradi toa treba da se ima respect. Smislete nesto sto drzi, nemojte pritoa da prisvojuvate tugi tituli I omalovazuvate odredeni kategorii.
Во светот колку што постојат гладни луѓе за парче леб,и жедни за капка вода,исто толку постојат и гладни и жедни за љубов....
СДК дека пријателството не се губи така лесно, но достоинството и довербата може за миг да исчезнат. Никогаш не би ве напуштила, секогаш би кренала слушалка и на повик во 3 наутро ако имате проблем или ви треба само разговор. Но, она што е потребно за целината, веќе никогаш нема да постои. А премногу сте ми прираснале за срце, за да кренам раце од она што не поврзуваше сите овие години. Па наместо тоа, се учам да го прифаќам текот на нештата таков каков што е, па до каде ќе не однесе ќе видиме
Oвој свет не е добро место за живеење,секаде зло луѓе,секаде злоба,и само да ти наштетат сакаат,љубомората на највисоко ниво,ужас и беда...
Потсмеви,изигрувања,измами и навреди....Нас Балканците за арен муабет не не бива. Затоа странците(кои од нив и да стигнат) не зафркаваат.
Синоќа и реков на мајка ми да направи грав денес за ручек. Си идам дома мртва гладна, гледам гравот на оган штотуку почнал да врие, секако дека многу се изнервирав. Влегувам во дневна, мајка ми легната и со сите сили се обидува да ми прозбори: Јави му се на брат ти ако може нека купи леб, не можев да станам, и покриј се со ќебе ако ти е ладно, не можев да ја запалам печката. Некој вирус наеднаш ја фатил и не може да стане од кревет. Ама битно станала за мене да стави грав. Ах мајко...
Колку е убаво да си на власт во Македонија. Се местиш на фотелја и почнуваш со крадење на мртво. Се што ќе дојде при рака земаш и само земаш, дури немаш осет колку си украл. Имаш богатство за себе, за децата, за внуци до десето колено, а народот зема по 200 евра плата. После десетици години може да се смени власта, секако ти со цели сили се бориш да не се менува, изигруваш патриот, плачеш пред народот, се лигавиш за повеќе да украдеш, ама ете сепак со виши сили може ќе те сменат. Е сега, ич нема потреба да се секираш. Може воопшто да не те фатат какви криминали си правел, а може да те фатат со докази црно на бело, ама ти гајле да немаш. Ќе негираш дека си правел криминал, ќе повторуваш колкав патриот си и на крај кога ќе те осудат, пред да одиш во затвор фино лепо ќе си исчезнеш од земјата. Таму си заштитен и можат само да ти се фатат. Ќе стивне ситуацијата, си го земаш цело семејство таму уџум, сметките те се полни со милиони и глава не те боли што се дешава во дупката. Овците што си ги стрижел уште те сакаат, те величат и те нарекуваат најголем патриот, а тебе газ те боли за нив и истата секунда би ги продал доколу би ти се пружило прилика. Само треба психосан мозок и упорност за да успееш во ова. Секоја чест.
СДК џабе паничење, дефинитивно се е во психата ,та не еден, не двајца туку кај различни 4 доктори сакав да ми потврдат дали сум во ред и одново испитување и повторно за сама да се уверам дека се е под контрола. Тоа е тоа, сега сум психички смирена, ништо не ми е , со здравјето сум топ , ај да се заблажам од бомбоните со рум
Оригинални тестери не постојат. Тестер е шише парфем (или некој друг козметички производ) со налепница TESTER кој може да го пробаш на лице место во парфимеријата. Тестери се и мали шишиња парфем (најчесто 2-3 мл.) кои ги даваат како подарок, односно ги даваат за промоција. Тестерите не се продаваат. Ако нема аларм залепен на шишето можеш да украдеш тестер ама да го купиш - јок. Не знам кој го смислил тоа ОРИГИНАЛ ТЕСТЕР ама глупо звучи. Не глупо, идиотски. Има парфем и има копија. Е тоа што го продаваат под името тестер е некоја копија. Трагично е што масата паѓа на ваквите реклами по фб, а овие прават пари на туѓа простоќа. Сори, нот сори.
Кога ќе ги прашаш твоите нешто, одговараат со ,,ќе видиме" и знаеш дека тоа во превод е ,,не". Или за да се искомплицираат работитe уште повеќе, мајка ти вели да го прашаш татко ти, а тој ти вели да ја прашаш мајка ти, шеташ од соба в соба и на крај си: Детство.
Се прашувам само стресот,нервозите и малтретирањето кој ќе ми ги плати не знам. На крај у иста земја со мене ќе легнеш,а до тогаш мисли дека Бог за муда си го фатил.
Ако се чувствувате шити слободно пуштете МРТ и гледајте го првиот концерт на Тоше. Со марамчиња. Со чоколадо. И цела тага во себе. И пијте многу течност. Да не дехидрирате.