Гледам снимка од првиот концерт на Тоше. Спомени. Бевме отидени другарки од средно и цела вечер ни врнеше ама се осеќавме хипнотизирани од гласот на Тоше. Не му бев тогаш голем фан, другарките повеќе ме натераа да одам. Но, но, засекогаш ќе го памтам по ведрината на лицето колку и да не му беше денот гледаше да скрие да не ги растажуваа тие на кои им значи. Подоцна го запознав надвор од сцената и го согледав ова. Беше многу фина личност, музички ентузијаст. Беше убаво додека го имавме, успеваше да прошири убава енергија, ги оживуваше спомените преку песните. Ете од сите на него му успеваше тоа и се надевам и денес да беше меѓу нас ќе беше единствениот на кои од рака му одеше и да пренесува магија и да се поврзува со сите околу него и да ја шири таа магија околу нив да им го стопли срцето со таа бескрајна магија. Ми недостасува Тоше, спомените поврзани со неговите песни од таа доба на мојот живот, некои личности со кои we took our separate ways but in our hearts we never changed.
Сакам да кажам дека... Не ми е јасно како може здравството да е на маргините на општеството?! Цел медицински центар да остане со еден апарат за анализи..... А се имаат доволно финансиски средства за изградба на глупости низ државата?! Абе првачињата ќе побараат да си одат надвор од овде, не пак интелектуалци и лекари и физичари и економисти.... Сите до еден ќе си одиме
Од најубави пораки, ги издвојувам “денес нема да има никакво предавање, не доаѓајте“. *се мисли што да прави цел ден слободна*
Ме изнасмеа А и ми текна дека и ќерка ми најверојатно вака се чувствува на моменти... Ќе внимавам од сега, а вие 'децата' не барајте 'преку леб, погача'. - ум од стари луѓе
Зошто некои мажи во триесеттите се однесуваат како деца,дали неизживеано детство или разгаленост од родителите?
СДК дека фустанот, штиклите, шминката и средената коса не те прават дама. Така дотерана и уштиркана не ти личи да плукаш по улица. Каде ти се манирите и културата?
Сдк и во вулканизер да влезам нема шанси со празни раце да излезам секое влагање у меркур минус 50 еу... а тек почнуваат празници ...
СДК се е до домашното воспитување мислам. Им пишав на двајца школски, колеги од факс, на фб.Едниот имаше роденден, другиот правел свадба.Едниот е малку позната фаца во мк , др директор. И со двајцата сум била ептен во добар однос па решив да им честитам. Првиот ми врати со извинување дека бил лош другар оти долго не ми пишал и прашал како сум и сака да се видиме во мк или кога ќе дошол накај мене, а вториот уште сум на seen.Првиот мајка му е докторка, вториот цвеќарка .Вториот ми има многу помогнато. Мислам "фала" значи одраз на култура
СДК... Сите ние секојдневно се претставуваме со сите наши постапки и дела. Сликата што ја создаваме е нашето индивидуално јас...
Знаете шо најдов фрлено на земја на сред Германијава, каде нема ни пикавец да видиш? Нема спасссссс, нема чаре, нема лек, немАААААА...НЕМААААА!
Денес толку ме трогна постапката на продавачот. Скромно на прв поглед момче со страбизам ама толку љубезен, толку услужлив. Пред мене три другарки си купуваа на иста сметка ама немаа ситно да се раздолжат тој додека ги служеше и распрашуваше која што сака ги слушна дека негодуваат дека не можат да се раздолжат и од се срце сам се понуди да им раситни, си го даде ситното за нив. Овие прифатија но нит му се заблагодарија ништо. Мене ме услужи и ми понуди поисплатлива варијанта. Од срце се гледаше дека сака да учини некому добрина. Му се насмеав културно и заблагодарив за љубезноста, тој се озари. Ја сакам човечката добрина, ме не не ја сакам јас едноставно ја обожавам. Сакам да ја приметувам да ја величам и да ја испоштувам со насмевка, убав збор. Кога сме добри и ја приметуваме и почитуваме нечијата добрина поубаво е на душичката. Сакам уште повеќе добри ликови околу мене, ма посакувам сите за миг да не зарзи добрината и никогаш да не се излечиме од таа зараза
Колку треба да си глупав за да се сфаќаш себе си пресериозно? Цел ден седам и се чудам. Има нешто во оние луѓе што по цел ден глумат презафатени. Правејќи ништо. Уствари ствар која сите ја правиме, ама не они кога ја прават тоа е страшно тешко и тајм конзјуминг. Па имаш уште 2 3 колешки кои ја жалат ау куку нонен сирота ти и слично. Не можам да разберам луѓе кои се сметаат за мега гига незаменливи, а работат техничка работа која е рутинска и предвидлива, очигледна, па и досадна, а мислат цепат атоми. Особено нешто што произлегува од закон или е работа поврзана со некаков закон. Нешто што ќе го прочиташ и знаеш ок така е и го правиш и тоа е сега. Или такви кои немаат став ниту за најглупиот закон на светот и тераат со - ама законот е таков мора да е тоа така исправно... Да, у Македонија дека е особено, многу се издржани, барем имај став и не се согласувај со моронизам иако ете го почитуваш на крајот од денот. И луѓе кои немаат емпатија за никого сем за себе. И прекрасна работа која не можам да ја истерам заради интертноста на процесот наметнат од еден гној во тимот кои своите грешки ги подметнува на други и одбива да работи под поинакви услови дури и во кризни времиња. И после се чуди зошто некои работи некако не и одат во животот... И такви кои едвај чекаат да умре некој да му го земат имотот, деновиве само тоа слушам. Ни телата не им се изладени на луѓето, а веќе имотите им ги делат без емоции, како на панаѓур, па и со фалба. Срамно, бедно, безобразно, мизерија во раскош...Да се мисли само на себе... и за ова има своја цена... Во маало кај моите мачкоубиец постои. Точно познат, но без конкретен доказ, оној што сакаше да го убие и оревот во нашиот двор. И тој плаќа на сметка на својата злоба на друг многу болем рачун. Сиви и гадни луѓе колку и самото Скопје. Се има своја цена. Ако си попустлив ќе платиш со свое здравје, ако си гад ќе платиш со тоа што најмногу те боли или нема да го добиеш тоа што најмногу боли зошто си така нели силен и без емоции, па така некако се местат работите да не ја добиеш својата ахилова пета. Навистина повеќе не ми е жал за никого, но ми е жал што бидна ете така...
Pa mozda slucajno mu padnala knigata pa sega sekade si ja bara. Neveruvam deka namerno kniga nekoj ke frli. Ako e list mozda letnal na veterot I nemozel da go fati. Ete mene mm kniga donesena on mk mi ja izgubi vo avion na let xxxxx kade retko trag od makedonci ima. Ako nekoj slucajno ja najde , moja e da mi ja vrati
Beware, следат лигави работи. Уште кога бев мала си замислував дека еден ден ќе одам во Америка. Таа желба ми остана до денес, и знаев, буквално знаев дека еден ден ќе одам, по секоја цена. Тој ден си го замислував по многу години, кога ќе сум во триесеттите, по работа или нешто така. Покрај тоа, јасно се сеќавам дека кога учев да читам, кај буквата Њ беше напишано Њујорк и се сеќавам дека ја прашав мајка ми што е тоа. И еве сега, десетина години подоцна, се пакувам за да одам токму таму. Кој би рекол... Никогаш не би помислила дека во Америка ќе одам на 17 години, и тоа со соученици по натпревар за дебата. Уште ми се чини нереално, особено по перипетиите кои ги поминавме за да стигнеме овде. Вечер во 12 тргнувам кон аеродром, а утре ова време ќе бидам некаде над Атлантикот, во близина на the land of the free. Кога ќе ми текне дека одлучив да се вклучам на натпреварот само бидејќи професорката ме натера, а јас не сакав да ја одбијам, ми текнува на сите други работи кои веројатно сум ги пропуштила, a не сум ни свесна за тоа. Сè што можам да кажам во моментов е, луѓе излегувајте од комфорните зони, таму се крие успехот. Murrica, here we come...