2019год ќе дојдеме, уште совети даваат за како да предвидиш пол на дете, со вриење на мокрача, па со не знам што, со какви чуда и врагови. Нормални ли се луѓево? Како очекуваат некаков си напредок во светот, кога медицината е напред, кога науката е напред, а они со вакви заостанати работи. Каков напредок бе...
Ми вика не била модерна толку долга коса,немало потреба толку да е долга туку доволно до раменици,ама затоа си купија надградби бидејќи неможат да ја пораснат природно и само е љубоморна што природно ми е долга и преубава а они немаат квалитетна коса и мораат да дават пари по фризери и надградби,аии љубоморен народ е за инает уште толку ќе си ја растам и негувам да ми биде уште поубава и да пукнат од љубомора.
Образованието ни е на најниско ниво. Од нас (ученици, студенти) се очекува да знаеме се - а доставено ни е минимално знаење. Се вртиме во круг, професорите се платени да те научат ама ти сам треба да си се научиш.. Не генерализирам, има и такви што се трудат да понудат едукација на ниво, ама системов ни е 0.
Навистина една од најтешките работи е да простиш. Лесно е да си полн со омраза, да пцуеш, да колнеш се живо и диво, да му посакуваш најлошо на некој што те изиграл и многу те повредил, ама ај прости му да те видам. Секоја чест на тие што искрено простуваат. Викаат така се покажувала човечноста, а и многу полесно тебе ќе ти биде да простиш, ама лично јас не можам. Уште пред неколку месеци две жени ми украдоа пари. Чесно и поштено заработени пари ми ги грабнаа од пред нос и уште будала ме правеа. Не знам како не им е срам и барем малку жал, ама ете секакви личности ќе сретнеш. Бесрамни психопати. И ај, како да им простам? Треба ли да им го завртам и другиот образ да ме удрат? Јас ќе заработам други пари, ама тие не се свесни на какви лоши работи им посакувам да ги потрошат моите украдени пари. Не им простувам во никој случај дури и после некое време. Не е убава оваа омраза ама ич не вреди да си поштен. Крадете, лажете и така повеќе среќа ќе ве прати. И што сакав да кажам всушност? А да... Навистина тешко е да простиш.
Она кога булис му викаат на некого дека е тивок и некаков, а тој пустиот е таков ради нив со големите усти, а кога би бил свој би ги закопал во земја сите комплет по секој основ. Тешко ми паѓа кога го гледам ова...
Личните случувања не треба да бидат причина за да ја изгубиме човечноста. Не е невозможно истовремено да се грижиме за себе и да сочувствуваме со другите. Ако емпатијата започнува од нас, зошто да не се ставиме на нечие место? Да...тешко е да се остане добро битие во свет што не разочарува и време што не гази со својата брзина, ама не треба да заборавиме да бидеме луѓе и да погледнеме подалеку од своето. Поголема емоционална интелигенција - повеќе разбирање...
Сакам да излезам и на сите да им испокупам подароци без причина и да им сплетам црвени џемпери со дедо мраз и да ги почастам со винце и топлина и да им кажам дека ги сакам. Мислам, не на сите...на оние што стварно ги сакам. Ама ми текна дека не знам да плетам...ама ќе им купам нешто...кога ќе ми заврши боледувањево
Koга ќе кажете дека некој само поради тоа што е млад или тинејџер не смее да каже мислење на одредена тема, притоа глумите дека вие созреаните знаете сВе, всушност покажувате дека самите сте понезрели од тие тинејџери. Зрел човек еднакво почитува мислење кажано од човек на било која возраст сe' додека истото не е навредливо.
Сакам јавно да се извинам на сите членки на кои што им ставив лајк во темата „Фемина инстаграм“ на слики од 2015/16 година. Не сум манијак, само сум многу гладна. Фала на разбирањето.
Многу поштувам кога некој глуми дека ме игнорира, а со посебна пажња обрнува внимание на се што правам. Мислев возрасните не го прават тоа. И поштувам матори тела (све над 25 години е маторо) со памет на 10 годишњак, убаво спакувани зборови и суета тон. Но добро ете... И извештај остана неиспратен, зошто? Јер некој не може да созрее ете зоЖДо!!!!
Сдк дека на форумов и родители и тинејџери имаат право да коментираат во сите теми. Надвор од форумов можете да изберете со кого да го пиете кафето и да разговарате, тука не, сите што се запленети имаат право да дадат мислење во било која тема. Ако не знаете да дебатирате, се расправате и само наведувате, тогаш не сте за тука. Ако не ви иде "муабетот" со некој член, игнорирајте го, нема потреба сите останати да гледаме "шпанска серија" во сите можни теми.
Ако на форумов се пожалам дека сум ненаспиена, бан да ми стегнете. Јер Недела, а станав во 15 до 8. Ах
СДК Ми доаѓа да изнапишам "коментари" кај некои "famous" ликови на instagram, али после ми текнува дека не се достојни за мој коментар.
Сѐ повеќе ми се допаѓа мојот свет на возрасните. Сѐ повеќе ги засакувам можностите кои ми ги нуди местово. Сѐ повеќе го засакувам местово. Сѐ повеќе го засакувам начинот на кој растам. Сѐ повеќе се засакувам себе си.