Ова е веќе права Есен,дожд,кафени лисја на улиците,веќе затоплено по домовите,со некоја убава миризлива свеќа,тивка музика и секогаш убаво свежо кафе.А денеска е недела,дозволете си луксуз,одморете душа.
Да се надоврзам на членот над мене. Денов е УЖАСЕН.Ме тера на депресија и спиење.Мрзам дожд, не сакам есен.Не сакам шуштење на листовите, не сакам цапање по кал Нека дојде пролет побрзо
Сакам да кажам, сакам снег ама дур сум внатре, требаше да видам на прогноза и да си обезбедам неколку кила храна за мачките зошто кој ќе излегвал сега дур снежи надвор.
Тмурен ден. Во вакви денови се` насобрано ми се враќа како бумеранг. Толку многу работи имам сочувано во себе, што чувствувам и гнев и тага истовремено во себе. Сакам само да го извадам тоа од себе, да викам и да се истресам физички на нешто, ми доаѓа наплив на емоции. Па сфаќам дека немам ни сила да го направам тоа, телото физички ми е преморено од она што го носам психички. Се прелева едно на друго. Па ќе го оставам за понатаму, кога ќе имам повеќе време за себе. А свесна сум дека сум побитна од се` друго. И бегам и се борам истовремено. Тешки ми се овие борби со внатрешните хаоси. Се извинувам на негативноста, морав некаде да го извадам ова.
Знам дека секој има право да си ги троши парите како сака, ама во тоа "како сака" морам да признаам дека многу често е неразумно трошењето. Па и општо кога ќе погледнам цените во некои бутици. На излог здогледувам убава обична блузичка. Влегувам внатре, цената 2500 денари. Онака ми се потсврте и си излегов. После пола саат, во помал бутик видов уште поубава памучна блуза која чинеше 5 пати поефтино, и си ја купив. Или пак гледам еднаш плетена наметка за врз блуза која чинеше дури 2000. Истото ми се има многу пати случено, со џемпер, ташна, чевли, да најдам слични, дури исти модели во помали, не толку познати бутици многу поефтино, и кои да, сум ги носела долго време, Не е работата толку за самите пари колку што знам дека за џабе ќе потрошам толку на нешто што воопшто не му е соодветна таа цена. Дури и кога сум имала повеќе пари, исто сум правела. А кога спомнав за трошењето, има луѓе што нешото ќе го купат само доколку е навистина скапо, зошто така им дава лажна илузија дека навистина повеќе вреди да го земеш. Уште полошо е што се фалат со тоа колку најскапо купиле. Па и уште кога ќе им спомнеш дека не ти се купува по скапи бутици, ти превртуваат очи и те замислуваат дека дома јадеш сув леб и сол. Или пак на форумов, девојче прашува да речеме некоја крема за лице со ниска цена и оп, некој и' дава предлог за некоја крема што наводно ефтина а кремата да ти чинела 2000 денари. . Мислам полека.
Секогаш чувствувам големо олеснување кога сум во близина на најсаканите и најблиските луѓе, па го земам телефонот и така со огромен ќеиф и задоволство притискам авионски режим. Немам мрежа, немам интенрнет, а телефонот стои зафрлен настрана. Не ме интересира ни дали ме барал некој, ни дали ми пишувал...Најбитните луѓе ми се до мене. Само штета што не можам почесто да си го пружам тоа задоволство.
сдк времево е само за дома. Си дозволив и утре да сум дома со дете. Да месиме за доручек, да правиме браунис за десерт, да јадеме тазе направен ручек како за викенд и да се гушкаме цел ден... па ако намали дождот да шлапаме во вирови.. само сакам дома утре. ништо друго.
Точно затоа. Има нешто лошо тука? Многу често кога разговарам со момци, особено блиски другари, им се обраќам токму со зборовите брат или пер. Особено таква ми е комуникацијата со најдобриот другар со кого дружиме нешто повеќе од десет години, каде притоа дури и тој мене ме нарекува со истите зборови ради взаемна другарска љубов и почит, иако.. сум жена. Инаку да, не може да се негира дека одредени момци (голем дел за жал, но без претерана генерализација), малку потешко сфаќаат дека жената бара да не биде објектифицирана, па некогаш за да се избегнат шансите за сексуална перцепција од нивна страна девојките се служат токму со ваков жаргонски речник. Но, тоа секако не е единствената причина. Кај некои од нас, едноставно е таков начинот на комуникација. Сме растеле во подем на поп културата меѓу такви друштва, каде патем сме стекнале таков култоролошки однос, и тоа е тоа...Дури и јас како @christinnn понекогаш ми се случува покрај на момците со кои дружам, и на најдобрата другарка да и се обратам на истиот начин, особено кога влегуваме во жустра дебата каде паѓаат и потешки зборови, и покрај тоа што знам дека ради половата различност зборовите каде жени се ословуваат во машки пол е бесмислица. ..Како и да е, не сакам некој од вас погрешно да сфати и да реплицира во стил ,,Ама Одор, постојат и други начини преку кои мажите нема да те третираат како сексуален објект, па не мора така да се изразуваш".. Зошто јас на тоа би ви рекла, ако постојат применувајте ги вие, без притоа да осудувате. И да повториме..Да бидеш жена не значи дека мора да бидеш дама/женствена/мушкоданеста/слаба/убава/плодна/големоградеста/добродушна (да трепкаш со трепавици и да не пцуеш или обратно). Просто, е прашање на избор, почитувајте го. Како што ние уличарките ве почитуваме вас дамите. Едит: Зборот сестро е долг, и не се сленгува. Досаден е, затоа не го користиме. Не ради други причини.
СДК1 - им викам 'брат' на тие што ми се пријатели.. И мажи и жени. СДК 2 - го преспав цел ден. Буквално. СДК 3 - до нас е, не е до времето.
СДК, веќе ништо не ме чуди ..... На третиот по ред “Фестивал на различностите” кој се одржува во Доха од 18 октомври 2018 до 9 март 2019 година, месец Ноември бил резервиран за културно уметнички друштва од Гана и Македонија. Но, нашата држава била претставена само од албански културно уметнички друштва и албански танци, објавуваат нашинци кои живеат и работат во главниот град на Катар. https://markukule.mk/скандал-од-невиден-размер-на-културен/?fbclid=IwAR2KlLVOmk6Hw1LXmDWuO0Ybcsc1ZRcMJIqFi-IIKtC1aY9FLon-Jpo9KvE
Слободно наречете ме себична или нз каква ама претерано ме нервира кога гледам како некој постојано постира слики од нечие бебе. Сега јадеме. Гледаме ТВ. Пејач на тета. Доручкуваме со таблетот. Мислам wtf? Јас сум ти чоек што сака приватност,дур некогаш ми велат дека претерувам. Ама јас не можам да замислам да си го ставам детето на ФБ на секој пола саат. На муабетот, гледам една другарка ама буквално си го преплавува ФБ со слики од внукот на брат и дете. Јас ,да сум на местото на жената негова ќе се налутам,искрено. Наместо да земат да си го средат животот, да бараат животен сопатник ( конкретно за неа ) Осудете ете. Ама животот не ми е за на ФБ и Инста.
СДК во недела не ги сакам сите луѓе, а тие што ги сакам и тогаш ми се многу посебни. Не мразам никој, ама има и такви кои не ми се омилени ни во другите денови #неделнивечерниисповеди