Македонија пат,секоја година изненадени од снегот,добро бе да му се сневиди што очекуваат во зима да паѓа КАМЕЊА?Само во Македонија и никаде во светот,снегот изненадува ВО ЗИМА.
Мразам снег. Мразам кога ќе задува па снегот од дрвата мислиш ќе те потрупа ... Само за рекламите на кока кола не можам да речам дека ги мразам. А има снег и таму
сдк денес осетив дека почна зима. Горе на Водно падна и снег и се е супер, си ја сакам јас зимата ама па од друга страна ладно, снегој, мразој, па загадено било, па немало парно дома па ајде два пара чорапи, дуксери, ќебиња, јоргани. И ме прави депресивна, стануваш надвор уште темно, заспиваш па после пак стануваш па тмурно и времето е депресивно и ти таков со кафето и ќебето и. не знаеш што со себе...не знам ни зашо ја сакам уопште ама ете за Снешко, па Нова Година, па Христос се роди, руски салати и кифлици и после пак лето
Конечно некој да размислува како мене,ме имаат прашувано зошто не ставам слики како сите што стават,значи ако сите ставаат не мора да значи дека и јас МОРАМ да ставам и секој ден од животот да го сервирам на инста,сакам да уживам во моментот каде и да сум а не да сликам само цело време и да се мислам на која слика изгледам најсреќно за да ја објавам како што некои прават,се тоа ми е вештачко,ок некој ептен битен момент како кога ќе правам свадба нормално ќе ставам некоја,една се дрзна да ми збори е зошто не сум ставала кога ќе сум правела роденден на децата немало ли да ставам,аххах ептен далеку ојде,викам прво да ги родам па ќе видам.
Наидувам на слика на која тинејџери во автобус седат едни карши други и сите си гледаат нешто во телефоните и натписот беше демек телефониве не' oттуѓиле. Да го прашам авторот на сликата, да не случајно со дигитрон фотографирал? А тоа што сликал некого во јавност без дозвола е веќе друга приказна.
Пред некој ден една другарка ме додала во една група на фб "Македонска софра". Значи сега сфаќам зошто ние Македонците сме болна нација со висока застапеност на кардиоваскуларни болести, дијабет и дебелина. Просто да се изначудиш како е можно толку да се јаде мрсни зелници, сарми и пржена храна од која блика зејтин. Секоја објава е со разни теста, месишта а тек пак десертите со мрсни филови (бљак). И најжално е тоа што кај нас се смета за нешто најнормално па и горди се на тоа што го постираат. Поразително е тоа што свеста на нашиот народ за нездравата храна е на толку ниско ниво...
Многу сме возбуЏени за Црни петак или Блек Фрајдеј по амерички Најави однапред за ваков неверојатен доживјај, не можам да дочекам да дојде Вие листи си напраивте што све ќе испазарите???
Ова ти се вика грабај и бегај, ама сигурно брзо им се потрошиле демн ит Не можеме на ред да дојдеме од ова шопинг лудило
Прееска пиев домашно вино,старо од 2012,многу беше јако,испив дури две чаши,а во глава си правев филмови како сум на некоја далечна планина,околу мене само дрвја претрупани со снег,јас во некоја дрвена куќарка со чаша вино,седам на земја покрај камин,без телефон,без интернет,и размислувам и фантазирам за животот.... Признајте дека на крајот на приказната очекувавте да речам дека седам со некој маж,ама не замислив маж,за чудо сакав да бидам сама
Te citam I vo isto vreme jadam edna mrsna sarma so polno slaninka. I sto vkusno e da znaes. Poveli Ke me opravda li toa sto sekoj den vezbam po eden saat @mKdevojce Mnogu me pogodi I morav da stanam da ja slikam sarmata I zum na saloto
Кога барате совет не очекувајте да слушнете утеха. Подготвеноста да ја прифатите улогата на протагонист кој го знае одговорот и сака да ја погледне вистината е одлика на зрела и разумна личност. Искуството е индивидуално, ама целта е иста во одлучноста сами да си помогнете. Тоа што може секој да го направи за себе не може никој друг.
Добро утро/добар ден, девојки !!! Како е денес? На кратко јас,само да ви посакам ПРЕКРАСЕН ДЕН. Уживајте во овој супер почеток на неделата,нека баш понеделник ви биде исполнет со убави нешта и баш денес да ги слушнете оние убави вести што едвај ги чекавте. Нека покрај вас биде оној што искрено и длабоко ве сака, нека ве осипе со внимание и почит, очите да му бидат вперени само кон вас занемарувајќи ги сите девојки околу него. Уживајте во неговата насмевка и сјај во очите, оној сјај кој само тој може да ви го даде само ВАС и никому друг. Breathe. Love. Live.