Δ Немојте бе не ги постирајте на форумов ваквиве! Не им правете маркетинг жив ви господ. Да не им даваше интернетот внимание толку ќе се прослават една па друга па трета, туку ќе свијат опашката и ќе го насочат вниманието и талентот што го имаат за таму каде им припаѓа, во Цртан Филм за големи деца
Не ги разбирам оние кои само седат дома,дремат по цел ден,не прават ништо корисно и чекаат некој да им понуди работа. И после ќе се жалат немало работа,џабе факултет. Му признавам на некој што се потрудил,направил се што може и не успеал. Ама вака,влече испити од прва,се вртка,некако мрзоволно. Па денес и глупо и просто се живо се испозапиша на факултет,а поима немаат ни зошто. Студира менаџмент,врска нема што понатаму со тоа. Нит се труди да добие работа,нит ја интересира,само чека некој да ја вработи. Па моја братучетка студираше на социологија, многумина не го ни сметаат тоа за факултет. Цели студии ги помина во пикање по проекти и давање CV-ија и на крај си заврши во странство со плата што е и те како задоволителна. Зборот ми е,ако сам не се потрудиш,не очекувај да биде нешто од тебе. Вработувањата не паѓаат од небо.
СДК Abeja има најдобар хумор.Значи 98% од незјините мислења ќе ве паднат од смеа.Жено ти симнувам капа !!! :up: :up:
Ова е јавен уметнички проект, во Лас Вегас, кој ги повикува луѓето анонимно да ги споделат своите тајни и исповеди. Одлична идеја за нешто несекојдневно да се случува во градов. Само уште да се најде некој да ја спроведе. Баш би било фино. Се замисливте што би напишале?
СДК дека не мразам деца!! Сум изгледала четири внучина и со душа чекам да имам мои, само за некои работи имам поинакво мислење и гледиште!!
Колку ми се само прости „фраерите“ што кога сум со другарките се фини со мене, ќе ме поздрават и ќе ме гушнат, „другари“ ми се и се, а кога ќе ме видат сама се прават дека не ме ни познаваат, а не дај Боже да сум пак со некое непопуларно девојче, не тогаш ако треба ќе преминат од друга страна на улицата ако треба Е да ви кажам баш ми е гајле и за вас и за вашата популарност Ретки се тие што ме поздравуваат кога ќе ме видат сама, а тоа може да испадне и срамно. Ама кој ќе се посраме ако не јас Се враќам јас од книжара, загубена во мислите, тепам муабет со себе и по пат се смеам И само слушам „Здраво“ Се вртам и гледам едно машко до мене и избрзав да му кажам здраво за да не испаднам проста. Е не ќе беше лошо да се симнувам на Земјата од време на време Инаку има едно дете што многу ми личи на cameradancer100 (едно дете што прави смешни ковери на јутуб) http://www.youtube.com/watch?v=IHxwOU_yCuM и секогаш кога ќе го видам ме расположува. Ми се иде како некоја лудача да го гушнам
Дециве по форумов партал прават. Си прават профили со нови никови, затоа што ете претходниот не им се бендисувал, или просто им здосадил. Глумат возрасни, напатени душички, предвреме созреани, вечно не сфатени. Си имаат личен дневник каде не гушат за нивниот ден во вечното мачилиште- училиштето, напорното екстерно тестирање, поздрави и честитки. Со нивни 12 години пишуваат како имале лошо/ добро детство. Извинете што ќе ве разочарам ама се уште сте деца, не сте ни тинејџери. Форумчево стана попара, никој нормален нема желба да пишува тука. Дискусија никаква, освен нели од купот деца и нивните срцепарателни животни искуства. А да, и шминки и фризури за полуматура. Да не ги изоставиме и ноктите и фустаните од тул. Гревна јас, за апсолвентска ноктите ми беа со обичен лак од 30 денари налакирани. Одете таму прочитајте некоја книга за ваша возраст, социјализирајте се, меркајте симпатии во живо. Се обложувам дека на ластик никогаш не сте скокнале, за вас тоа претставува некаква чудна материја. Имајте детство побогу. Се изнервирав!
Е па дечки... Данас нам је диван дан, диван, диван дан. Нашој Елени Имендан, Имендан, Имендан. Сама си ја направив тортата. А радо би и сама да си ја изедам. Цела кујна ја направив џумус. Тоа чергата што е долу, цела е прелиена со чоколадо. Плочките со хопла. Па еднаш ми е Именден бе братче! Вчера, јас си ја правам тортата, а мајка ми: - Ножов ти треба? Не ти треба. Чекај да го измијам. Маргаринов да го кренам? А да ти ја зачистам работната маса? Ќе ти треба лажицава? Да ја измијам. Oooх. Ми се плачеше. Не поднесувам кога некој ми се вртка во кујна. Остај ме, го сакам мојот хаос. Уживам во него. Прво се' да направам, после ќе приберам. Тортава ја правам по вторпат. Сон е! Цела е со портокал, чоколадо и рум. Совршенство. И дефинитивно најфрустрирачки дел ми беше шлагот. Ај, простете диеталки, али ќе си ставам сликички. Па ми умре циганката што ме фалеше, сега морам тука да поставувам слики.
Милина е да имаш во опкружување позитивни луѓенца со чиста, неискварена смисла за хумор. Личности кои и во некоја неволја, наместо да шират негативна енергија, напротив, знаат понекогаш дури и да те насмеат шегувајќи се на своја сметка, но никогаш нема својата интелигенција и смисла за хумор да ја искористат да исмејат или потценат некој друг. Среќа е да имаш барем една ваква личност во твојот круг на пријатели...
Не ги делам луѓето според нивните години ниту пак одбирам кој каков бил на изглед дали имал повеќе материјални средства или не.Абе сите ми се исти знам и можам за брзо време да ги проценам луѓето па дали имал 15 години или имал 35-40 не ми е важно ако ми оди муабет со него и ако знае добро да комуницира има добра смисла за хумор и не е лицемер добродојден е кај мене во друштво. Од страна колку сака нека коментираат како е или како требало да биде ,ама баш ич не ми е галје што мислат другите и кој што кажал.Ако ним тоа им прави задоволство и им е интересно нека се замараат шо Туку сакав да ви кажам дека денеска имав прекрасен ден исполнет со многу убави моменти Долго време не сум излегла со добро друштво за да има уште подобра провод но вечерва мислам дека е таа вечер Екипа договорена,пиење фала богу има + одиме на жива свирка кој што нема да има турбофолк туку ќе има добар рок викендот може да почне Имајте убава вечер каде и да сте
Првин пронајди се себеси,потоа нека те пронајдат другите Btw Viva La дневникот за пишување..feeling олеснето
Не сум некоја која кажува на сите за моите проблеми, ама неможам, морам! Јас сум доста смирена личност и ги толелирам луѓето и често кога избувне караница не кажувам ништо со цел да го зачувам нашиот однос, ако не како другарка па како личност! Ми пукна филмот бе, од летото ја толерирам таа разгалена девојка, ама не можам веќе бе на што личи ова!! Да си немаш поима од животот бе еј.... Каде си тргнала со тие 200 лајкови, разгаленост, се да биде по твое, и пази, НАЈГОЛЕМА ЦЕЛ У ЖИВОТ ТИ Е ДА ГО НАПРАВИШ СВОЈОТ ДЕЧКО СО КОЈ ОДИШ ВЕЌЕ 1 ГОДИНА И КОЈ ТЕ САКА ПРЕМНОГУ ТИ ПУКАШЕ ОГНОМЕТИ И СЕ НАПРАВИ ЗА ТЕБЕ!!! МА АЈДЕ БЕ ДО КОГА ВАКА??? Знаеш дека сум личност која ќе направи буквално СЕ за тебе и за другите другарки, ама вака да ми враќаш на мене??? на останатите? Ја изгубив почитта и довербата во тебе пред долго време, не ни знаеш за тоа не се ни трудиш да знаеш па да видиш зошто односот ми е сменет спрема тебе! Цело ова време ни збор не кажав за тебе, сега ми викаш дека не сум во право за тоа нешто? Која си па ти да ми кажуваш дали сум во право или да ми кажуваш дека сум сменета и без чуства? Гледај си го твојот живот! Ај сеа оди сликај си се со сите за лајкови и продолжи да го правиш дечкото што не го заслужуваш љубоморен. Aма запомни, кармата е кучка!
Да кажам, послушај па процени! А не одма заклучокот и лутенката па после дувај низ нос цела вечер. Боже сачувај, некако на луѓево само нервоза им стои на врв на нос Чил аут бе народе, ако не те бива со арно оди напиј се нешто жестоко, не туку ми драматизирај по дома
Денееессссс, заа првввв паааааттт гиииии испераааааааавв алиштатааааааааааавоо 2014-тааааа и коа ги закачував мајцата ми падна на земјата и пак морав да ја перам #фак #мај #лајф Зшчо се мене мора да ми се случуваат вакви работи господе?
#cuz #fuck #your #life Хелоу, ова е фемина, не е твитер. Што сега? Треба модерно да изледа ова или ? Не ја гледаам поентата. Бреј, се да хејтам нели, пу Џени, ама си била лоша.
Сори фиш само си ја кажав маката, а тоа шо се делиме на тинејџери и возрасни, не мора на секој пост да не` ругате зашо сме помали од вас! Ова најмн ме нервира