СДК дека и јас им имам затворено врата од тераса на мои блиски кога бевме на гости.(се затвора и отвора само од внатре). Среќа,се изнасмеаја !
СДК Ако дождот не го исчисти сето кое се насобрало низ месеците и годините, кое останало како лошо па и добро ќе се собере многу .
Секое утро дур се мачам да станам од затоплената постела си ветувам (читај се лажам себе си) дека вечерта ќе си легнам од 10 и утре ќе бидам како нова. Јас вечерта во 4:
Секоја година даваат реклами за Кока Кола со Дедо Мраз и така натаму. Сега тек сфаќам дека ај да не речам рекламите не ,,залажуваат”.Да бидеме реални светот и животот не се розеви.Макар некој да ги има сите луксузи и услови во животот секогаш ќе фали нешто малце за животот да биде комплетен. На рекламиве сè е толку совршено, снег, топлина во срцата на луѓето, соработка, помош.Колку би било убаво така да беше навистина.Не би да звучам патетично ама некад си замислувам ,,што би било кога би било” општо светот коа би било поубаво место за живеење.
СДК, секоја година ова време почнувам да ја чувствувам новогодишната еуфорија, иако е рано. Тоа е едно од оние чувства што најмногу ме прави да се чувствувам топло одвнатре, но истовремено и носталгично. Мислам дека луѓето Божик најмногу го сакаат баш заради таа носталгија, се присетуваат на тоа како било порано, како било кога биле деца. Не' потсетува на безгрижност, на прекрасни моменти со блиските, на радоста што ја чувствуваме кога разменуваме и добиваме подароци. Само што ислушав некои божикни песни, и на момент се присетив на детството. Како на училиште пишувавме честитки за другарчињата, па ја одбиравме најубавата честитка да биде за симпатијата...Кога вечерта едвај заспивавме знајќи дека „Дедо Мраз“ ќе остави поклон под елка за да го најдеме следното утро.. На магичните чувства кога ја китевме елката и ги пуштавме ламбичките да светат по темница додека свиреа божикни мелодии..Се чинеше како да не постојат проблеми во светот, како да има повеќе блискост и сплотеност меѓу луѓето, како тој период да исчезнуваат проблемите, како да има насекаде магична новогодишна еуфорија. Си признавам дека и ден денес добивам такви чувства иако ја немам повеќе таа детска безгрижност и наивност. Сакам да украсувам со новогодишни декорации, да ја китам елката, да пишувам честитки, да одбирам подароци за драги личности. Сакам како порано да земам прскалки и да ги гледам како прскаат мафтајќи наоколу, да се радувам како дете.. Се' се менува, само таа топлина и носталгија во новогодишната еуфорија ми е иста секоја година... Сакам овој период и наредниот да ми е безгрижен како порано, и затоа Божик и Нова Година ми се најомилените празници. Спојлер
Денесκа пρавев заб, ама без анестезија... имав леκ две недели и денесκа го пломбиρав левиот ќец И многу сум си ρадосна, не ме боли веќе.
Кај рекламите и филмовите се е совршено.Затоа велат животот не е филм, али ипак убаво е некогаш па зашто да не и во чести случаеви бар на кратко да избегаш умствено од реалноста во некој паралелен свет кој сам/а ќе си го создадеш во тој момент каде е совршено т.е. ‚‚розево".
Се повеќе сум убедена дека во Македонија полека но сигурно останува само простата раја. Остануваат такви специјалисти за дигитален маркетинг што не знаат да управуваат со Фејсбук и Твитер, а одржуваат ФБ страни, маркетинг менаџери што не знаат да се соочат кога некој ќе им рече дека не е во право. Газди на фирмички и "експерти" за продажба кои упорно пробуваат да те убедат во нешто во што и сами не веруваат, благајници во банка што не знаат која шифра е за одредена уплата, медицински сестри што вадење на крв виделе само на пракса...ако и таму воопшто оделе. Паметните заминаа, тие што се при крај со студии - ќе заминат. Огласите за работа како на офис плус што бараат продавачи со ВСС, англиски, офис пакет и уште работно искуство (за да куца на каса) ќе станат - бараме продавач со завршено основно или средно образование.. Нема да се бараат хигиеничарки со 5год работно искуство и англиски јазик (некаде на форумов ставив скриншот од таков оглас).. мислиш ќе чистат во некој вселенски брод, а не во Б&Д. Денес со некој таков глуп менаџер на ФБ "дебатиравме" за погрешна објава за настан што се случи пред 2 дена а се рекламира како ЌЕ СЕ случува на 19ти и 20ти ноември. После моите докази со скриншот, ме блокираа од групата Е да знаат тие од Асоцијацијата на бизнис жени колку ме здоболе што ме блокирале... нема да спијам вечер Изгледа не се свесни дека постојат медиуми подалеку од ФБ на кои човек може да се исмева на нивната глупавост А да.. сакаВ да кажам и дека пред 2год ме блокираше Савана на фб само затоа што им реков дека едните апартмани што ги нудат немаат врска со сликите Тие па не се ни обидоа да дебатираат... Ги обожавам луѓето што немаат муда да дебатираат и да излезат со факти со кои ќе докажат дека се во право. Тоа е само несвесно предупредување од нивна страна дека со такви никогаш не смеам да влезам во бизнис води Тенк ју вери мач, што ми ги отварате очињата
Сакам да кажам дека веќе долго време ми фали да влезам во колосек, колосек кој јас го сакам... Сакам да се активирам и да бидам продуктивна.. Што е со оваа моја улежаност и пасивност? Тие 5 кила ли ме претворија во ова? Му се плашам ли толку многу на ставовите на блиските, на осудите? Па не му се ни на место.... Готово, морам на диета! Иако моментално сум прејадена оти си дојдов од слава, морам да започнам со диета. И морам да се осудам и охрабрам да направам некои чекори. Животот бил убав, луѓе. Особено за оние што истиот си го ценат и што имаат почит за себе и самодоверба. А самодовербата се гради, па според тоа, секој има шанса да живее во убав свет.. = Немам право да се жалам
Сакам да кажам две работи: * За пари и душата на ѓаволот ќе ја продадете ма и фамилијата ако треба *Во животов вистински пријатели НЕМА.Сите си го покажувате гнасниот образ кад-тад.Подот можеме само да го бришеме со вашиот прљав образ.Исчистете си го па ќе правиме муабет.
Нема работници а? Има работници,пари нема(плата) И уште гледам упорно се вртат огласи: Барам:Работник/чка Плата :200е Ќе најдеш
Можеме да бидеме 'едно' ... цело човештво и планетата. Ако во процесот на обединување и прогресирање, не се самоуништиме. Сакам да можам да видам како би било за 1000-2000 години. Дали ќе превлада разумот и емпатијата, или алчноста и себичноста.
СДК дека не простувам и не заборавам.Ги отпишувам сите оние кои ми нанеле зло. И поради тоа многу подобро се чувствувам.
Се повеќе и повеќе сум сигурна во тоа што го мислам одамна.Решена сум никогаш да не се мажам затоа што сум разочарана од машкиот свет и себеси се гледам со дете кое ќе биде од мажот што ќе го сакам,но себеси се гледам како мајка и татко на тоа дете.Мислам дека тоа и така ќе биде можам да стојам на свои нозе и да бидам добар родител.Посакувам подобро да бидам сама среќна со дете,отколку несреќна со маж.Можеби некои нема да ме разберат,но така го планирам животот од гледање туѓи несреќни бракови без љубов.