Gledam nekoj you tube videa pa ne mi e jasno kade na svetov toa e tolku ladno pa treba da se oblekuvaat tolku debeli dzemperi pa zgora na toa uste I kaput. Oversize kaput zosto neli tesko e da te zbere so tava masa na volnica na sebe. Koj se tie zemji kade e tolku ladno? Pa I ako e tolku ladno takov tip na dami so spic konduri ke se setaat? Vo mall se setaat taka? Otvoriv mapa na svet da pronajdam za kade se fura modava . Eve pola saat zuram vo ekran I nisto ne mi vleguva vo mozna varijanta. O mozda vo Yakutsk, Sakha Republic, Russia tamu denes bilo -35 celsusi , ama I tamu vakvi dzemperi nanosat, eftin e gasot, frci sekade -35 so custvo na +23 Negledam upotrebna vrednost . A sinteticki bundi
Изминативе денови беа вистински ролеркоустер. Кулминацијата дефинитивно беше денес во автобусот накај хотелот кога бев како скисната краставица. Еден фин дечко од Зимбабве ме праша како сум, а во наредните петнаесетина минути плачев и му кажував за сè што ми лежи на душа. Најглавно од сè - фактот што најверојатно никогаш повеќе нема да ги видам пријателите што ги запознав во текот на изминативе месеци, а не успеав ни да се поздравам со некои од нив. Колку лесно прираснуваат луѓе за срце, тоа е страшна работа. Се викаше Лунги, сакал да чита и еден ден сакал да живее во Барселона. Фала ти Лунги, животите ни се толку различни ама ете ти се појави баш во момент кога ми требаше. Се надевам животот ќе те третира добро. Мислам дека не сум имала по wholesome encounter во животов.
Сакам физички да сум тука, со мисли веќе сум уште да си кинисам по патот фали Panorama of Chicago skyline as seen from Willis Tower Skydeck
СДК , максимално ценам искрени луѓе. Штета што се ретки во денешно време, ама ги има. Браво за човекот, искрено и реално како што е.
Сакам да кажам дека денес ми е од оние денови кај шо имав најквалитетно учење и толку сум среќна шо успеав да исполнам дадените цели, па дур и да скубнам од утрешните, ќе се наградам со некој сат шетање. Да се искористи сонцето шо поќе. Себедресура.
СДК Господ кога би ни ги земал телата, би направил колекција од јаки газови и цицки, стомачни и тела, а душите би ни скапеле вземја, иако 90% од луѓето тоа го заслужуваат, "скапана" душа оди во црвосана земја.
СДК Општеството е сведено само на материјални ствари,лицемерие,едно ти зборува а во главата ти мисли како да те заебе,искреност ? Што беше тоа!?wondering Да те искористат како кондом и да завршиш во некој шут. Со секоја чест на исклучоци постојат луѓе кои што се во вид на изумирање(а не се заштитени со закон за жал),среќата ја наоѓаат во секојдневието,материјално? Што беше тоа за нив?! Позитивни се,среќата ја наоѓаат во малите работи(што многу повеќе значат и ти го разубавуваат животот),чиста совест и душа.Обожавам такви.
Не знам како се створил тој општо- прифатен ментален склоп дека една појава исклучува друга. Односно, ако се грижиш за уличните кучиња, тогаш не се грижиш за децата на улица. Ако си во одбрана на луѓето, тогаш ги мразиш животните. Ако уживаш во материјалното, тогаш не го сакаш духовното. Ако најдеш мир во духовното, тогаш треба да се откажеш од материјалното. Ако си либерален, тогаш немаш морални вредности. Ако си конзервативен, тогаш си старомоден. Луѓето сакаат да ставаат етикети на другите, но најмногу од сѐ сакаат да се држат до етикетите кои само си ги поставиле. Се кријат зад нив, чиниш ако ја изгубат етикетата, тогаш се изгубиле себе си. Јас не можам да се опишам себе со еден збор, затоа што не сум само ќерка, ниту сестра, ниту титулата од моето образование мене ме дефинира како личност. Јас го сакам духовното, уживам во материјалното, го сакам и кучето и внучето подеднакво. Знам кои се моите морални вредности, но ги отварам и своите видици за да разберам што се случува околу мене. Луѓенца, сетете се дека вие сте и зрно песок и Универзум. Трудете се повеќе да го разберете другиот, отколку да го осудите. Различноста е тоа што го прави овој свет убав.
Сдк Дека зимава ми дава тотална хармонија, енергија и радост! Се топам и акумулирам позитива од елките, дедо снешковците, лампионите, сијљличките и сличните докулатки. Сдк 2 Прв збор кој што го изустив на маж ми пред скоро 9 години беше "имаш ли упаљач" а он рече "не пушам ама ќе најдам" Втората средба ни беше на бјело дугме, јас со црвен фустан и ден денес го сеќавам и убав е не е излезен од мода, и дооолга коса црна, очи мистрии веги пијавици така вика баба ми Си поприкажавме Па на крај бевме скоро 2 месеци добри другари со тенденција за нешто повеќе, ама кога бидна па не беше толку интересно ко на почетокот тие сите обиди скиени желби и чуства у стомак. На крај ми пиша една порака дека ќе ме чувал како порцелан и немало да даде прашинка да ми падне, достојно сеуште се држи со ветеното. Првите љубови и првите обиди, наивноста и топлите искрени емоции на кревката врска никогаш не се забораваат. Љубовта, тука е. Секако во друга димензија и со тотално друг живот ама пеперутката важно и ден денес знае да излезе да ме потсети на црвенио фустан, долгата коса и првите наивни емоции
Како јас да сум го пишувала постов и јас вече почнав да ги слушам новогодипните и божиќните песничке почнувам и со гледање филмови. Секоја година во овој период се буди детето во мене.
Пред да пренесете некоја спектакуларна вест за храна низ македонските портали, проверете си го познавањето на англискиот (или јазикот од кој преведувате) како и контекстот за кој регион од светот се однесува текстот. Имено вчера прочитав: Зелената салата да се исфрлела тотално бидејќи била загадена со опасни бактерии вели еден текст, откако го прочитав испаѓа дека веста е од САД и тоа не пишува за било која зелена салата туку за римската (долгнавеста во висина и поголема во однос на марулата). Освен тоа, зелените салати темелно треба да се мијат пред да се јадат, е сеа тоа што некои американци не го мијат зеленчукот пред да го јадат е друга приказна.
Од сите типови на луѓе кои смрдат јер не се бањани, никад нема да ги разберам оние кои небањани одат на лекар. Очекуваат докторот да се погрижи за нивното здравје, а во исто време сметаат дека е океј да му го усмрдат денот, ординацијата, животот... Многу ме интересира што имаат во тимбата оние пациенти кои однапред имаат закажно преглед, а одат небањани со денови, носат облека неперена со месеци...
СДК колку било убаво кога ќе научеш да кажуваш НЕ,истиот тој момент не си веќе онаа црна овца која блеела само напразно Има надеж,има...
Сдк 1: ако сега немам време да седнам и да бидам сама на раат малце, или да одморам, како ќе биде кога ќе имам деца...? Сдк 2: Лошите луѓе, острите, што ги хејтав цел живот, успеваат повеќе и подобра му е состојбата и статусот.. Штета што не се родив таква и што не ме воспитаа така...