"Nature needed plastic, but couldn't make it by itself, so it 'created' humans, so they could make plastic." - ноќна доза сарказам.
Добро бе толку сте безобразни бе што годините си ги користите за предност некоја????Од кај знаеш ти мене како ми е да ми се понашаш ко мајка да си ми? Секој можен мускул на телово ми е воспален, ранецов ми тежи на кичмава исто колку твоите кромиди што ги влечкаш низ Скопјево.Станата сум од 6 и нешто.И јас едноставно МОРАМ да се возам со автобус, не чекам бесплатен превоз за да фатам магла.Се жалите како ова ве боли она ве боли.Чекате некој да ве сожали.Од сожалување ли ќе живеете да ве прашам?Ако немам срце и душа и не ти станам што праиме? Тоа што имаш над 60 год не ти дава за право да се понашаш како автобусот да е на маж ти.
СДК некои луѓе никако да станат визрасни. Заглавиле во детството но не во духот туку во умот и живеењето живот без обврски,чекајќи некој друг да им ги извршува нивните обврски.
Интересно е како луѓето во недостаток на аргументи, магично исчезнуваат од дискусијата. Наеднаш, без збор, без глас, едноставно ги нема...
СДК , прв ден денеска ПМС, на работа буквално вриев спремна да задавам некој со голи раце. СДК-2, ми стигна порака пуштиле плата , браво бе, обично на последните 3 дена од месецот пуштаат овој пат порано и одма се смирив. Сега ми е поарно , може да здивнам ......
Од луѓе со супер моќи ги издвојувам оние кои во возило во движење можат да читаат книга или да си гледаат во телефон саат време без прекин и притоа да не им се лоши. А јас една минута да тргнам поглед од прозор, мислам ќе ми отидат цревава
Светот не го уништува омразата туку суетата. Омразата е само последица на оштетените карактери. Изгледа па и дека успехот зависи од тоа и колку сме неспособни реално да се погледнеме себе си толку поголеми се шансите да успееме.
Thanksgiving, или по нашки Ден на благодарноста. Појава која како помала, гледајќи ја на филмови и серии на ТВ (посебно во Friends ) - сум ја перципирала како фин, забавен и вкусен обичај, па сум посакувала да живеам таму на момент заради топлината и храната. Ама, кога пред некоја година на факултет учев со што се поврзува и од каде потекнува од историски аспект - ми стана доста дискутабилен доказ за некои поенти околу различните гледишта на историјата и традицијата. Имено, за тие што не читнале/учеле за американската историја - традицијава датира од 17-тиот век. Long story short: тогаш првите европски доселеници (пуританци кои бегале од религискиот прогон на католичката црква) пристигнале во Америка. При тешките услови и глад на новата територија, домородците љубезно ги примиле и поучиле дотогаш преживеаните доселеници, како да се прехранат (да ловат риба, да одгледуваат тамошни растенија). Како акт на благодарност, Европјаниве ги викнале и Индијанците на заедничка гозба. Но, понатамошната ситуација со колонизирањето на новите територии и како се постапувало со домородните племиња, верувам дека и од општа култура повеќето ја знаат. Долгорочно, „благодарноста“ на доселениците продолжила со окупирање на домовите на овие луѓе, нивно затворање, силувања, убиства и истребување на цели племиња. Сега, пак - 4 века подоцна - во Америка, која е создадена на вакви темели, од луѓе од различни потекла низ Европа - се прокламира политика на ѕидови и затворање граници за мигранти. Затоа и ми е голема заблуда и иритантна игнорантност кога личностите со прогресивни сфаќања и вистински либерални принципи за еднаквост, ги поврзуваат со Америка (во смисла на нивниот општествен и политички систем) како нивен наводен слеп идеал. Just... no. Сакам да кажам - историјата ја пишуваат победниците, а обичаите и традициите секогаш треба да се проверуваат и преиспитуваат со изминувањето на годините и вековите.
Black Friday Fyrom Edition Нешто што до вчера било 2000, денес е 3000 ден, а го купуваш за 2500. И пак иде како алва.
Пост за деца малтретирани и вреѓани во училиште, дали од соученици или од наставници - 30ина споделувања, 20ина коментарчиња, повеќето зашто родителите навремено не се интересирале за децата, туку откако ќе биднела беља. Хмм... можда пошто детето се плаши и неќе ситуацијата да ескалира, дури истото не станало видливо телесно или психички? Абе, какви педагози и психолози имаме? Ајде професорска раја (зборувајќи самата ко професор) што се еден куп прости и неписмени, без трунка осет, марсовци... не знам како да кажам веќе, па и за една нијанса ќе се обидам повеќе да ги сфатам - не се тренирани, не се подготвени од нашиов образовен систем, немаат трунка емпатија и мислат којзнае што позиција се, ау, просветни работнички а ла оние Сергеј што ги коментира, каде „интелектот“ е невозможно да не го детектираш преку „стилот“... ама педагог или психолог, посебно детски, треба да е бре човечиште во секоја смисла - понашање, разбирање, да знае да го прочита детето со поглед. Они што бираат? Мивки и дибеци. Нашиот педагог во средно, беше лик што на мајка ми предавал физичко (битно дисциплина да има, па диплома заеби за што зел, ако воопшто зел) и што уште мислеше дека со закани за шамарање на цел глас, се решава секој проблем. Деца дека има лигуши, мамини и татини, има. Има невоспитани, егоцентрични уште од најмали нозе, идни социопати. Родители дека има незаинтересирани и дрски, секако, купишта. Дали тоа ти дава право да си ѓубре со дете во ран развој, до степен да детето вели дека сака да умре на уште едноцифрен број години??? Ако мислиш дека родителот не врши работа, пробај ти. Детето впива ко сунѓер, дај му да согледа дека постојат повеќе опции да се реши нешто. Ама не, а јас немам доволно богат фонд на погрдни зборови за само да почнам колку се сјебани во тоа шуплините што ги носат на рамења, така да... А, са друге стране Фиромског интернета, стотици коментари и узбуни за инспекција за Блек Фрајдеј „попуст“ во Манго, каде цена од 1990 е покриена со намалена цена од... „изненадувачки“ 1990 денари. Труло било и за бегање, м? Од кого? Од сами себе?