Најдобар сопатник во животот ми е интуицијата. Ме има ' спасувано ' од безброј неприлики,погрешни избори, проблеми и луѓе. Периодов ми покажа дека сеуште ме нема изневерено.
Нема по селски и по ужасен муабет,од неколку мангупи седнати на маса,и раскажуваат на кој колкав му е,и раскажуваат како некоја ја истуриле од таквање,а кутрите тоа го гледале на некој сајт,они сајтови за возрасни.
Неколкупати ми има излезено ваков пријателски потсетник на социјалните мрежи, и секогаш сум се фатила со сите наведени „симптоми“. И тоа во сосема обични и опуштени моменти, кога си скролам низ нет. А повеќето ме знаат како смирена личност со мирен и среден живот, oh well... Општеството ни го има внесено стресот во секоја клетка, свесно и несвесно ни е постојан непосакуван сопатник. Запомнете дека мора самите да сме на прво место со менталното и физичко здравје. Давајте си што повеќе скапоцени моменти само за себе и сопствениот мир - во кои ќе оставите настрана формални цели и рокови, авторитети, притисоци од секаков вид, токсични луѓе и емоции. Breathe.
Сметам дека секаде каде што има лифт, внатре во лифтот и надвор треба да има број од компанија што се занимава со сервис на лифтови, а од компанијата да има достапно луѓе 24/7. Замисли се враќаш во 2 саат навечер дома, а сам си дома и снемува струја во лифтот или се расипува дур се возиш, а нема број да се јавиш и ѕвончето не работи. Или пак слушаш некој од лифтот како вика за помош. Можеби во некои лифтови има, ама јас секаде не сум сретнала. Мислам дека некогаш и пожарникари се викаат за да извадат некој од заглавен лифт, ама сепак, треба да има луѓе специјално за ова, зошто може да е проблем и во струјата. Или пак и друга ситуација, само што си излегол од болница со скршена нога, едвај се движиш и со штаки, живееш на 5ти и гледаш лифтот расипан. Татко ми кој уште е со штаки поради ногата, некни требаше да заврши една работа, ама лифтов 5 дена стоеше расипан. А реално, барем кај мене во зграда, коа ќе се расипе, се случувало и по цела недела да не дојде никој да го поправи. Еднаш цел месец не работеше Всушност во самата зграда треба да има прво одговорен што ќе пријави дека не работи лифтот, ама ни тоа не се случува. Поарно ич нека не ставаат лифтови во згради ако нема никој одговорен за сервис.
Фемина Инстаграм отворам обично кога сум најадена, па само си гледам слики без да се лигавам и да одам в кујна да си каснам нешто. Gueѕs what, ова баш и нема некој ефект.
Жени, мајки, девојки.. Денес е светскиот ден против насилство врз жените. И секоја година на овој датум се повторува да не се трпи, да не се молчи, да се пријавува насилството, а сепак статистиките се црни. Според Хелсиншкиот комитет 70% од жените во Република Македонија доживеале некаков вид на насилство во нивниот живот. Овие 16 дена активизам, односно до 10ти декември ќе се напнува родовата нееднаквост, ќе се организираат настани со цел подигање на свеста за насилството, ќе се прават реклами, ама после тој датум... ништо. Црното секојдневие на македонската жена ќе продолжи. Затоа, ако си жртва на семејно насилство јави се на бројот 141 700. Некој ќе те сослуша, ќе те информира за твоите права, ќе добиеш психичка подршка, по потреба ќе те пренасочи кај друга организација и доколку се јави потреба и доколку имаш желба ќе го пријави случајот и ќе ги контактира релевантните институции. И твојот живот вреди.
Уште од порано многу се нервирам кога ќе ми дојдат на гости родители со невоспитани деца. Децата кршат, урлаат, си земаат играчки во џеб, уништуваат ентериер, фрлаат храна на под, се тепаат меѓу себе, пискаат, а родителите се прават наудрени...Добро бе, на што личи ова? Темпераменти биле или не знам какви. Ало, невоспитани ти се децата, ок? Ако не се смируваат кога родениот мајка/татко ќе ги погледне или подвикне, тогаш невоспитани се и точка. Во училиште одат, значи не се бебиња, ниту ретардирани за да не разберат кога треба да прекинат со дивеење по гости. И така прееска имав не еден, не двајца, туку тројца браќа бетер од пештерски луѓе. Најмалото фино лепо во џеб си стави многу битно мое лично преметче (украс). Двете со мајката го приметивме. Мајката се прави наудрена, а мене ми дојде преку глава. Собирав и собирав во себе се до моментот кога требаа да си одат. На врата му реков на детето дека во џеб има нешто што ми припаѓа мене. Демек се засрамија малку, демек незгодно им било, бабла. Мајката ни го искара ни ништо....Станот беше лом...Среќа сама што го видов како краде, инаку замина претметот. Во моментот кога ми го врати украсот ми идеше да им ја треснам вратата и да им речам дека не мора често да ми доаѓаат на гости. Ќе преживеам и без нивното присуство.
И во двете ситуации се имам најдено и само чекам да завршат со "битниот" муабет. СДК дека ме касна комарец во ноември. Во ноември!
Јас мака мачам од Октомври наваму со тие без'рбетници...само излегуваат од некаде..... И ги тепам упорно и пак ги има сакам да дојде -20°C сите да ги снема....
Мирот во душата и чистата совест не се купуваат ни цело богатство да дадеш......ако ги немаш нив,се ти било џабе
За вакви ситуации дури некои родители ќе ти речат Де де, дете е, не му го расипувај меракот. Или што ќе ти е па тоа (предметот што го земало), ете дете е, му се радува. Верувај, имам слушнато вакво нешто. Демек тоа нека си зема работи без дозвола, ако му речеш нешто, ти си крив, јер...дете е. Макар и играчка да е, не дозволувам да земе.
Како мали, зоолошките градини ни беа омилени и забавни зашто ги сакавме животните. Сега како повозрасни, истите ни се сѐ поодбивни и тажни - исто така затоа што ги сакаме животните...
Мислам дека после месец и нешто се пуштам на фемина и у СДК ме дочекува мислење од специ. Добро не баш само од тебе ама еве последново е твое. Конечно и ти да пишеш нешто што не е твоја творба Шо да кажам вака друго, па тоа е, се по старо RUN
Постои и нешто уште полошо од зоолошки (за забава на деца особено) што мислам дека секаде треба да се забрани засекогаш - циркус. СДК, ги обожавам овие дождливи ноќи додека си седиме со љубовта в кола смеејќи се на се' и сешто, заборавајќи дека утре е понеделник и двајцата треба да станиме рано. Незаменливи моменти.
Gordost e da te prasa drzavata dali si zadovolen kako se potroseni tvojte pari? $ 245 miliona za proekt koj trael 5 god I ke sluzi sigurno podolgo nego li jas sto ke bidam ziva. Da zadovolna, grandiozno izgleda duri I pogolemo nego sto ni treba. Ama ako neka ima sto se veli " od mnogu glava neboli".