Мислев дека никогаш нема да успеам, дека немам толкава среќа, 6 години си велев во себе, ти никогаш нема да успееш да го оствариш овој сон....после 6 год успеав!!! Плачам од среќа....никогаш не се откажувајте ако нешто навистина сакате, ќе се оствари, макар и да поминат 20 год!
СДК дека пред две недели почнав да размислувам дека јас можеби сепак сакам да останам во Македонија, и дека можеби има работи кои функционираат, но сепак денес сфатив дека не сум во право. Многу алчност, неамбициозност и мрза има во нас, за да можат работите да функционираат.
Добро бе, зошто толку се мразиме со друга вера, па луѓе сме не јадиме...Епа многу сме наназад али тоа е, живот!
Ајде 2018,оди си побрзо.Доста ми е од твоите лоши настани ! Ми треба свежина,ми треба нов почеток за да симнам тешки камења од срцето.
Сдк Денес по грешка станав по грешка многу рано .... И сакам да се олеснам тука .... Ја мразам вукојебинава во која живеам ! Ги мразам затуцаниве личности околу мене !! Мислам во турското можеби биле посовремени од глупердиве !! Ги мразам алчните и злобните (оние што забиваат нож во грб на оној што му се нашол во животот) Ужасно ме нервираат кога некој родители си ги фалат своите деца за да си го затскријат срамот што им го направиле Едвај чекам да ми се отвори прилика да заминам трајно од оваа вукојебина и од ова зло од луге !
СДК:Спиена сум 13 часа, уште се чуствувам дека спијам.Надвор колку дува ќе треба камења да си ставам во џебовите да не летнам негде
СДК... И да не правите ништо, повторно ќе привлекувате внимание, дури и ќе ви доделат почесна позиција со титула посебен/а со уникатно значење. Обезвреднете ги со успех и закопајте ги со насмевка на индивидуалец во опсесивната намера да бидат кул и тренди! Клучот за убавината е во концептот различни од останатите.
Опкружена сум со луѓе со вкус како тофу. Најголема возбуда у живот им е да шеруваат пост за да добијат награда прочистувач на воздух. Коректори на туѓа работа, а нивната не е ни званична специјалност, не ни си ги дочитуваат драфтовите од што не вклучуваат мозок. Никаква емоција дури и кога јадат ѓеврек на пауза, ни кога зборуваат за било што од надвор. Ок, освен за партали кога се у прашање. Се прашувам како човек станува вака тејстлес?! Бррр....
Броејќи денови до крај сфаќам дека едно искуство + не ме исполнува. Не ме исполнува ни домот,ни истото кафе што го пијам. Морам да си ја најдам нови цели... Да излезам од хаосот во кој сум. Дека јас уште газам по земјава. Ајде може ќе ја затворам така годинава,а во новата ќе влезам со нова цел.
Вчера изгубивме голем човек, меѓу народот познат и како македонскиот Шекспир. Почивај во мир, Стефановски. Вечна слава.
Комплетните личности никогаш во животот целосно не ги дефинира само еден епитет, една и единствена од нивните животни улоги и титули. И тука не мислам само на традиционалните семејни како родител, сопруг/а, син/ќерка - туку и професијата/струката.
Често проаѓам во близина на железничка кај што возила на автошколи има постојано и идни возачи кои полагаат пред комисија. Се возевме денес со тато таму, па намерно успоривме малку за да оставиме простор пред нас, за човекот што полагаше, дека споредна уличка беше што води кон главната улица натаму, па да не му пречиме ептен залепени до него во таква уличка. Се појави некој си позади нас, со некој огромен матиран џип (секако појавата колку поголемо колиште, толку поголемо сељачиште), почна да свири како мислиш крај на светот иде па брза некаде, да се бута, успеа да не претица и магично да се напика пред колата на автошколата баш на семафор. Уште па и силен дур чекаше на семафори, отвори прозор, па замафтуваше со раце, пцуеше, нервозен дека го зафатило црвено на семафорот. Аман, кога ќе научат шоферите во Македонија да имаат трпение кон тие што полагаат, да не им одмогнуваат со вакви постапки, а и малце да бидат потрпеливи.
Имам кажано ми се чини Мене на првиот ден низ град на улица полициско комбе одеднаш ми улета во лента. Одма закоче инструкторот инаку ќе се судревме. Ни полицијава не возат асално, не па овие другиве.
Му краделе статуси и твитови и болен ќе легне. Да имаше докажано теорија за бездимензионална физичка константа и некој друг ти ја лапна нобеловата, ајде ќе те разбервме... Ама па ако духовита фора што некој ти ја ископирал ти е најголемо достигнување, еве не знам
Сдк дека од супермоќи ни да кивнам тивко не знам. Им завидувам на луѓето кои можат да се воздржат. Си го будам бебето, го плашам, кивам во театар и на слични тивки места. На здравје!
Денес се запознав со две девојки случајно. Ангела и Нина. Цело време се чувствував чудно и дека ги знам од некаде но никако да се сетам од каде. Језиво.
Еден месец живеам во Сплит и покрај многу други позитивни работи(воздухот и климата )за кои можам до утре да пишувам, едно улично куче не видов. И ептен ретко некој сопственик кога го шета своето, да го има пуштено.