Среќа е да имаш дечко, кој ти ги брише солзите со својата рака. Му ја стискам дланката силно, и никогаш, никогаш не би му ја пуштила, затоа што привилегија е да се има таков човек да себе!
Добро де сега и стара ли ме направи? kje pwacam Денес една ми кажа дека со ова црново што се облекувам, како баба сум била. Сега и ме правиш многу возрасна, ќе се запрашам за возраста малку. Инаку, туууууу со вас шеги нема. Па лош ден имав паааааааа, не е фер #i #hate #my #life
Ах бре феминки моии хелп!Вака во последно време,јас се однесувам како некоја луда. Во стомаков мој имам пеперутки,а бе не пеперутки цело животинско царство!Нешто ме јади и ме прави препренајнајсреќна! Ми иди да скокам,да играм,незнам ко луда се однесувам.Самошто одев во ходникот и едно време,ме фати некоја еуфорија и почнав да денсам .А бе луѓе искрено незам што е? Да сум вљубена во некој ти,реален,НЕ СУМ!Незнам што ми е,ама ај нека е на арно.Како што велат во турскиве серии. .Пред огледало се гледам,и си глумам демек сум,фотомодел.Па пред огледало глумам нешто,изводам.А бе занес и поезија.Да ве прашам што и ме е,да не знае некоја случајно?
Сакам да знаеш дека МНОГУ МИ НЕДОСТИГАШ со секое отчукување на моето срце, во секое трепнување на моите очи, во секоја секунда од времето и во секој момент од денот. Ми недостига со тебе да ги споделувам моите најубави и најважни мигови во животот... Колку и да се трудам да бидам храбра и насмеана во моето срце засекогаш ке стои празно место кое никој не ќе може да го исполни... зошто ли прерано си замина од овој свет единствена другарке моја
Денес бев да го однесам кучето мое најсакано Марли на ветеринар. Иначе на кратко за Марли, е лабрадор година и 8 месеци и го има најживиот карактер во светот. Хиперактивен е постојано скока, игра, лајјј, ме трга да си играме никогаш не е онака мирен да застани да го погалиш да го помилуваш... И претходно еднаш беше многу многу болен мораше да прими над 10 инекции, и веројатно му останало во сеќавање и ова денес шо го видов срцето ми го потскрши. Кај тројца различни ветеринари го однесов и ни еден не успеа да го вакцинира. Јас, брат ми, и маж ветеринар на синџир да го држиме и пак не успеавме. Толку страв немам видено во ниедно живо суштество. Ќе се удаеше бре луѓе со синџирот. До толку, до крајност. Замислете ветеринар шо вакцинира коњи, и свињи и крави да ми речи нема шанса ова куче да се вакцинира. И во моментот ко го пушти ветеринарот од синџирот истрча кај мене и буквално со шепите ме гушна целата <3 И седеше така 5 мин, гушнат и пикнат во мене. Солзи на очи ми дојдоја и срцето ми се скрши на 100000 парчиња од жал. Ете толку го сакам и поќе! Неможам да замислам нешто да му се случи! И цел ден зад мене се крие и ме гушка и бацва... Битно на крај орално му ја дадовме вакцината во мевце. И така делувала....
Една од најомилените активности со децата ми е читањето. Уживам кога им читам, менувам гласови, тие ме гледаат со ококорени очиња, слуша Матео внимателно, прашува кога некои зборови не му се јасни.......уживанција. Порано најмногу мразев да читам на глас, мислев дека е најглупа работа на свет да читам на глас,зошто да читам на глас кога читам во себе 100 пати побрзо, памтам дека имав и проблеми на училиште затоа што не сакав да читам на глас, мислеа дека ми фали нешто (не дека не беа во право де ) тоа додека моиве не ја убедија учителката дека сум само инаетлива а не дека ми фали нешто. На Матео му читам од денот од кога е роден, секој ден по нешто му читам, Матео пак од кога останав бремена со Константин кога му читам нему, тој му повторуваше се на стомакот, он бил поблиску до мешото и бебето поубаво ќе слушало , сега повторно го прави тоа, му раскажува на бебето во мешото. Кога му реков да одбери подарок за Константин веднаш отиде накај книгите, првиот подарок за брат му беше книга и сега кога да сме излезени обавезно бара да му купиме книга за Конта, побрзо ќе почнал да збори ако му читаме нови книги. Постојано се мислам дали нешто ќе запамети малиов од се што му читам кога денес ме развесели со фактот дека памети тоа што му читам. Собираме сликички за книга/албум градината на Џејми Оливер, сликичките се за да ги учат децата сите градинарски производи а со книгата доаѓа и мини стакларник, со разни видови на семиња за децата да видат како растат растенијата. Во неделата ги насадивме семињата, ги навадивме и нели сега чека Матео да види што ќе биде со семето, сабајлево се буди и право кај стакларникот како и предходните денови и вришти од радости затоа што никнале тревките што ги насадивме и ми вика: Look mama, they growed just like the magic beans in Jack and the beanstalk. Книгата сигурно има 5-6 месеци како сум му ја читала, сега само ми останува 100 пати во денот да му објаснувам како нема да пораснат неговите тревки до небото за да се симне џинот долу. И за патерица да им го честитам името на сите Елени, имаат преубав именден заедно со моето мало ѕверче Константин.
Ме чека сабајлево екстерно,али не би за тоа моментално. Не сум за животни. При самиот контакт со животното(во случајов мачка)јас започнувам да си играм т.е започнувам со тормозење. Посебно беше тоа вчера. Можеби ако имав маченце дома,моите страсти ќе беа помирни. Или не. Ајт. Заминах. Wish me luck.
Аман веќе не се интересни болештиниве, ми пукна веќе филмот. Сестра ми вика откако сум се омажила бел ден не сум видела, бронхити, грипови, вируси, ангини, ишијалгии, невралгии, алергии... еден куп. Имунитетов ми шета по нерви веќе, сиот жив свет ми се чуди како е можно на толку внимавање и здрава храна ја да се разболувам секој месец. И навистина, секое сабајле млеч, па овошје, па витамини и минерали, прополиси и ехинацеи, малку е? Небитно, ја отидов вчера во Џамбо и ко некое мало детенце си накупував шнолчиња, цевчиња во сите бои, смудито да биде поинтересно, мали ситници домот да биде поубав... Сега се спремам за викендче кај моите, три дена, да кренам нозе и да уживам. Ај на здравје чајот и вие што праќате вируси на ФБ не сте интересни да знаете
Кога ќе појдеш во својот роден крај... Ако си ја земеш и мама со себе... остана мојов без мене. Па ќе почнеш од куќа на куќа да крштеваш вода..... еееееј Ќе те дочека стрина со ...зошто бе нема смајли со раширени раце? Излези стрико да видиш кај ни иде лично чупе Па идемо даље. Ете ја и тетка, дал од сонце негледа. Машала машала наша мома сонце засенила. Вујна е уникатна, ела домаќине ни иде нашето дејче! од долно маало до горо да се чуе. Само уште да бев дејче кај ќе и беше крајот на лично чупе, моме, дејче Молчи озбилна, која на едно која на двете слабо гледаaт дека веќе си ги начукала. Колку се толку се - мои си се Мм вели ти и твојата фамилија цела Македонија Не има де, не дал Бог бе. Кротко јагне на две мајки сиса. Ама Озбилна се пресиса Касни ваму пивни таму, има да му ја наполнам раката :geek: И тетка Озбилна на патерица на сите Елени и малото ѕверче Константин - вечно име Убав ден до сите моми, девојки, чупиња, а и до сите жени кои се млади во душа Не е грев.
Треба стари да бидат во душа, скроз сериозни, иначе не се признава, тогаш не станува збор за жени Ај добро јутро Озбилна, имај убав и среќен ден
Се осеќам ко на модна ревија. Времево од шо се измења 512 пати цел ден менувам гардероба . За следната комбинација ќе користам и accessories. Чисто за позабавно да ми биде.
Ми се плаче од времево... Ми се плаче и од географијата што ја полагам на екстерно. Ми се плаче и од книгата што си ја купив а не можам да ја дочитам заради истата онаа географија. Ми се плаче и од филмот што сакам да го гледам, но наместо тоа учам. Ми се плаче и од тоа што немам животи на Кенди Краш, па не можам да се релаксирам уште малку додека јадам Но многу ми е смешно кога ќе помислам на ова и на Спиро.
Епа наместо да пчаиш,бидејќи треба да учиш еве ти мој совет!Искључи го компјутерот,одјави се од фемина,не седи по фоуми.Едноставно седни и учи! Така ќе научиш,побргу и нема да има потреба да пчаеш. Пробај и кога ќе ги научиш ќе добиеш време да ја прочиташ книгата,да го изгледаш филмот итн......Поздрав и ЧЕСТИТО ИМЕ!
денес полагав екстерно леле колку супер сум си поминала ахахха се зафркавам ни полагав ни ништо чисто да се вклучам во клубов на децава малку за смеа де......
Mоменталната состојба моја .. http://www.youtube.com/watch?v=wV38egxkrxI Спојлер I zato, sto sam tako mlad sto sam tako mlad i zato, sto ne mogu s' tobom drugacije I zato, sto nemamo kamo sto nemamo i zato, sto nemamo love za skupe provode Ref. 2x Mi plesemo cijeli dan i noc mi plesemo, la, la, la cijeli dan i noc I zato, sto sam tako mlad sto sam tako mlad i zato, sto ne mogu s' tobom drugacije I zato, sto nemamo kamo sto nemamo i zato, sto nemamo love za skupe provode И зато што е млада,зато шо е премалада. и шо нема дечко и што нема каде да оди. Цветанка денса цел ден и ноќ Лалалаалла,нананнананнан
Дајте бе со ова екстерново луѓе!!! Претеравте веќе Шо го направивте џоа светско чудо . Да не му се отвара СДК на човек од вас, секој втор пост е ,,Лелееееее екстерно денесссс,,,,,, лелеее екстерно утре ,, !!!!!!! И шо? На кого му е гајле ???? ПРЕСТАНЕТЕ ВЕЌЕ!!!!! Ако ви се учи учете, ако не не кукајте тука