Сакам да кажам дека во сите денови како денешниов кога спокојот од викендот си го плаќам многу скапо, во вечерните часови си го ставам телефонот на авионски режим и мирот започнува тука Затоа што секоја секунда на хармонија и внатрешен баланс е многу поскапоцена од било што друго
СДК Не знам што да кажам Не знам од каде да почнам . . . Мразам рекла казала Сакам нови идеи и реализации Како се вика институција во која живееш работиш љубиш те љубат патуваш доживуваш и ред други работи . . .
СДК дека однесувањето на радозналите луѓе кои горат од желба да ја подотворат твојата врата и да ѕирнат во твојот свет употребувајќи разни ,,итроштини,, е рамно на кловн во циркус Со нацртана насмевка, полно бои на себе, а празни во душа
Нека е ладно, нека има снег, дожд, ветер... шо сака нека има. Ама пусто шо се стемнува толку рано, многу тешко ми паѓа. Онака.. да си кажам...
Браво за Тетовските средношколци...но се чудам што чекаат Скопските средношколци, оти не излезат и они на протест поради загадувањето!? Кои мрзи човече!!!!!!
Не можам да се разберам со формално структурирани, а празни луѓе. Колкав дел од животот го поминуваат во заблуда за себе си.. Не можам значи...Не. И не можам да се помирам со луѓе кои живеат зад фасада на големи. Како гипс картонот у Центар. Е такви. Лажни. Знаеш кога успеваш сам? Кога ни мама, ни тато, ни чиче, ни вујче, а најмалку па партија стои зад тебе. А ако имаш бар едно од наведеното, извини ама... Какви глупости слушам секој ден, алал да ми е. Ми оди ароганцијата и лажгите низ нос да им ги извадам.
Длабоко сум убеден дека 75% од популацијата во Македонија не мие заби. Немиени заби, утринско кафе, плус цигари сета смеса измешана и кога ќе ми се залепат да ми зборуваат во лице така утрински. Чаре?
Секогаш ќе помогнев на некој, ем јас среќна, ем другите околу мене среќни без да побарам нешто за возврат. Јас сум така скромна личност што ситници ме прават мене среќна.. Но кога видов какви всушност се тие околу мене, дека се злобни и себични, тие на кои сакам да им помогнам се сетив дека одамна си ветив дека нема да нудам помош ако не бараат од мене, а сега си ветив дека ќе одбивам секој што ќе ме моли за помош па дури и нештото да зависи од мене. Животот ме научи дека не секогаш работите течат како што сакаме, дека народот е себичен и дека нема да успееш во животот ако секогаш играш на чесен начин. Луѓето се почесто играат на нефер и нечесен начин, и одат далеку а ние добрите ? Го користат нашето добро за свои цели. Сте се запрашале ли кога би ви била потребна помош кој всушност би ви помогнал и дали би ги поместиле сите планини за да го сторат тоа? Дали би играле до крај, дали би биле подготвени на се' само за да ви помогнат? На прсти се бројат ликовите кои во тешки моменти се покрај вас, и кога ви нудат помош не го злоупотребувајте секогаш. Среќа, научив повеќе да не барам помош и повеќе да чувам во себе отколку да се молам некому за трошка помош.
Има такви утра кога ќе се разбудам и ги сакам сите луѓе и сиот свет. И после си кажам, не брзај, денот е долг.
Некогаш кога ве читам ми паѓа жал за вас. Дали навистина толку е потребно да го истакнувате вашето мајчинство на форум на кој сте анонимуси?
Стaвaш мaскa зa дa му се дoпaднеш некoму, a гo губиш oнoј нa кoј му се дoпaѓaш вистинскaтa ти, без мaскa.
А зошто душо моја Ти ги жалиш тие горди мајки??? Здравје боже, кога и ти ќе станеш мајка, иста ќе бидеш
СДК Во последно време ептен секси ми е машко облечено во шалвари, му ѕирка белата чорапа од патиката,горе облечен во дукс со капа, јакна и капче на главата. Аххх
Ошто, не љубам луѓе кои се користољубливи, цинкароши, кои секогаш и за се имаат зајадливи коментари ама као на смеење, ха, ха.. НЕ, мрш! Такоџе, не сакам луѓе кои мислат дека све се врти околу нив и не знаат ни да прашаат како си, а ќе се фалат, ќе отечат као не знам што да напраеле. Не сакам луѓе што ги занима кој со кој бил, што напраел, оговарачи и душебрижници. Не сакам ни тутурутки припрости што се дрзнуваат да ми кажат како да го водам и живеам животот. Досега, тивко сум трпела и преќутувала на ваквите, зошто и сама не знам, ваљда покултурна сум била, ваљда не сум сакала да се замарам. Ама сум се замарала во себе. Ќе се мења листот, осеќам, ме врти колено!
Лежам скоро 50 мин со мокра коса завиткана во пешкир и гладна. Се убедувам 50 мин да станам и да си направам јадење. Ме мрзи. Истовремено ми се случуваат и убави и лоши работи. Успешна сум во работата, бизнисот кој го почнав и кој утре полни 2 месеци постоење, оди поприлично добро. Но, душевно се чувствувам здробено. Знам дека е фаза и ќе мине, но безвезе ми е. Сакам да сум комолетна, да уживам максимално во успехот кој ми се случува... Но знам, утре ќе биде подобро. Секогаш е така. Утре се ќе биде многу подобро. Освен тоа што ќеме боли главата, дека седам со мокра коса.