Први декември е Светски ден за борба против сидата, а оваа година под мотото "Дознај го својот статус". Без осуда и омраза со повеќе информации, свест и грижа за човечкиот род, креаторите на политика имаат обврска системски да промовираат навремена превенција и здравје за сите... Животот не е среќа, но составен е од среќни денови...
Од фејкери и позери, денес издвојувам еден школски од средно кој се фалеше дека не чита ниедна лектира, со ливчиња се спремаше за секоја писмена, професорките по македонски „го мразеа“ и со маки на крај добиваше двојка или тројка (а сигурно по приложеното досега го нема променето односот кон книгите) - АМА сега по 4-5 години, на фб го објавува познатиот говор во „Диво месо“. Да не остане покус, а и како националист битно се пронаоѓа со моменталната политичка ситуација во пишаното - „нема солзи да ги исплаче“ сите што „мислат дека Европа нив ги чека“. Ма немој да ме ј***ш бре! Стварно, успех би било овие што го цитираат делов од драмата на Горан Стефановски (слава му), сега кога почина, но и во последно време во политички аспект - е барем половина од нив всушност да ја имаат прочитано книгата. Истото важи и воопшто за вакво користење на цитати од наши автори...
Ако донесам важни одлуки сакам истите да ги остварам. Не сакам да имам пречки и ќе најдам начин да ги подредам. Што ми вредат неостварените цели на 40 години? Тогаш постигнат успех би биле децата и бракот, кога ако не сега? Време е.
На форумов сум член и го читам многу оддамна. Прв пат кога почнав да пишувам животот ми беше многу поразличен од сега. Толку многу време и толку многу спомени... Не сум активен член, воопшто, причината за тоа е депресијата, одбегнувањето да бидам во кофронтација макар и преку екран ми ствара нелагодност. Понекогаш читам некоја тема и имам толку многу да кажам или реплицирам на некој член, го отварам прозочето за да пишам и .,ништо, се повлекувам назад во себе. Имаше една членка на времето @imelda ја читав постојано и си велев браво, еден ден сакам да бидам како неа. И завидував во позитивна смисла. Понекогаш имам чуство дека сум стара 100 години и дека работите што се случиле ми изгледаат премногу далечни и како да се случиле на друга личност а не на мене. Понекогаш сама се прашувам како успеваш да преживееш.
Сдк Рафчо убаво пиша ме потсети на темава. На оние кои редовно ја користат да кажат другите какви се и секогаш за лошо а никогаш за арно. Е така да си знаете. сдк 2 накитивме низ дома. ѕвере заспа поред елка од радост
@LiliBoz не знам со што заслужив ова мое мислење да се најде во оваа тема. Ти благодарам и мило ми е што се согласуваме во поглед на ова прашање. СДК Крадам од бедата на моето време, илјадници километри сум далеку од мојата среќа и од секојдневните радости. Опкружен сум со хиени кои секојдневно ме демнат и ја чекаат мојата прва и последна грешка за да ме казнат. Почнувам да сонувам буден, знам да се заборавам пловејќи низ моите соништа со надеж дека ќе се остварат. Се надевам дека секој нареден ден ќе биде подобар од најдобриот ден кој сум го имал во мојот беден и никаков живот. Си велам во себе: Дали небото е повторно сиво? Дали сме способни да ги растуриме тие сиви облаци? Дали товарот е премногу тежок за да го носиме низ целиот свој живот? Сакаме да одиме нагоре и да ја задржиме нашата глава над водата, но не сме свесни дека полека се давиме и во тој момент стануваме рамнодушни и не ни е гајле што ќе се случува понатака. И во моментот кога ќе загубиш волја и желба се појавува знак кој ти вели да не го правиш тоа да не се уништуваш себе бидејќи тоа не е решение. И продолжуваш понатака со надеж дека визијата ќе ја претвориш во реалност, а твоите соништа ќе ти дадат сила за да продолжиш понатака. Се прашуваш: Што може да загубам доколку се обидам? И така продолжуваш понатака иако си бил на работ од бездната... ПС: Мала кратка исповед или што би рекол еден наш рап гуру: Исто срање друг ден.
СДК1: 1 декември, 2018 година. Сезоната на најглупавото прашање "Каде за Нова година" го прогласувам за отворено. СДК2: На овој мистериозниов педерите му се криви што татко му умрел! Ај чао!
Кога сум баксуз да сум бела како Каспер и да не ми помагаат креми за сончање и плус да имам сончаници од кои сум била пред колабирање и секојдневни главоболки во лето од топло... Едвај чекам да залади. Додуша во зима имам мака со сувост на кожата ама полесно се третира отколку тоа во лето што го трпам.
@baba Rada не сум таков каков што ме опиша. Изгледа лошо си ме проценила. Но во секој случај ти благодарам на убавите зборови.
Ако денеска ве плукам со ,,отровни стрелички" ,можеби не сакам да ве повредам. Можеби вежбам акупунктура за да помогнам... Ако ме сфаќате што сакам да ви кажам...
Денес: Едно станување од кревет, се лизнав на ламинатот што го бришев вчера со политура, се испружив колку што сум долга и не си го чувствувам задникот. За ручек пржев помфрит и загреано масло ми прсна во очи. Се утепав плачејќи оти мислев дека ќе ослепам. Сега си варев кафе, го турнав кутивчето и ми се истури на под. Лајчето со кое го мешав кафето да го измијам, го ставив под чешма од вдлабнатата страна и испрска на сите страни, а само што ја исчистив кујната. Да си легнам најдобро, којзнае што ќе ми се случи до после.