Сакам да кажам ......there is only one love, there is only one team === ARSENAL === П.С. Мајка ми често знае да рече, ти требало машко да бидеш
Минатава недела бев ем под силно дејство на џет лег, ем настината, и сега дознав дека баба ми отишла на бајачка во мое име. Притоа ми кажа дека додека оваа баела, кога стигнала до делот против завист се утепала од прозевање. Си останав запрепастена од овие информации не знаејќи дали да се смеам или да се фрлам низ прозор. Ако не ми тргне животот во нагорна линија сега, на баба ми бајачката е крива.
Не бев свесна колку енергијата на луѓето ми влијае директно на расположение, се до пред некое време кога сфатив колку утепано се осеќам после разговор со една другарка. Никогаш од неа немам слушнато нешто убаво и позитивно да каже, туку се нешто кукање, негативности и неубави работи. Дури и преку телефон и лаптоп врие со негативи. Штета што и порано не бев свесна да ја одбегнувам што побрзо. Само тежок игнор е лек за вакви цицачи на позитивна енергија. Животот доволно е краток за да застанеме и 24 саати да кукаме...Ај поштено гонете се. А од позитивни работи за денес што успеа да ми украде милиони насмевки се мајка и нејзиното малечко девојче. Ја држеше во раце, а ова малото ја бакнуваше по образи и двете си кажуваа дека многу си се сакале, затоа ќе си шетале заедно и ќе си купеле маче. Буквално немаше човек во близина што остана рамнодушен на оваа глетка...Сите се смешкаа и со уживање ги гледаа. Толку невина, безусловна и искрена љубов кој знае од кога не сум видела. Посакав да го грабнам малото и да го изгушкам од што беше толку мило и позитивно
Концентрација = нула. Ништо не ми се прави и си го губам времето тука. Бар да правев нешто паметно, ама не можам.
Грешки во пишување part 4 Бевме летово у Ебар (Дебар) Утре ќе цепиме деца (дрва) Праќам порака - Купи лајна за дома (чајна) Мачево е дупичка (душичка) ...го пичнав (почнав) Ако направам уште некои, ќе ги пишам во part 5
Сакам да кажам дека со дечко ми почнавме да гледаме кулинарски шоуа и реални шус со Гордон Ремзи, и гледаме и плачиме. Е ако ова не е #relationshipgoals не знам шо е.
СДK, т.е. да се надоврзам на постот на @JollyGirl . Бегај женска што подалеку. Јас имам другарка , секогаш кога ќе се сретнеме ми зборува за неа,значи постојано..јас вака,јас така, тешко ми е ,нз ти што и секогаш кога ќе ја прекинам и ќе почнам нешто да кажувам во врска со мене,ама буквално секогаш ме "сече" со зборовите.. " Аха,ок,добро" и продложува со нејзините приказни. Прашувам: Е,каде драги мои луѓе така? Како можи да не ја сослушувате другата страна,а се само за вас баботите??
Животот е како пловење со брод по Океан. Бродот може да плови мирно по водата,но може да го зафати невреме со огромни бранови. Кога бродот го шлапаат огромни бранови,биди храбар и мудар,бори се со брановите. Затоа што ти си капетан на твојот брод,не дозволувај брановите да те победат,во спротивно ќе потонеш. Ме наградиле со трофеј ќе го урамам на ѕид.... Продолжи го забавното патување со нас,и биди мирензошто Реин ќе го вртела под рачна бродот Вчера стартови правеше Гага забавно возење со ,,Крузерот Фемина"
Сакам сите околу мене поготово мои блиски да ги направам среќни. Но, тоа никако не ми успева. И тогаш сум тажна. А свесна сум дека сите си го гледаат својот живот, бидејќи не можеш на сите да угодиш. Ако е едениот среќен другиот е тажен, ако овој вториот е среќен првиот е тажен. А јас сум толку пожртвувана личност што сакам да им угодам на сите. Кога сабајлево размислив што посебно имам направено за себе и за моите желби и планови - одговорот беше ништо посебно бидејќи не сакам некој да се почувствува повреден, а во случајов најповредена сум јас. Но, и да си угодувам само на себе за самата да бидам среќна не оди, не оди бидејќи не можам да бидам среќна ако понекогаш моите блиски се тажни поради некои мои одлуки. Чувствувам како сите да очекуваат нешто од мене и како да сум на сите страни расфрлана. И не, не сум среќна постојано. Сакам да избегам од реалноста. Сакам да бидам во некој свет во кој се сите среќни, во кој сите имаат разбирање еден кон друг, свет во кој сите живеат во хармонија, во кој сите си помагаат едни на други, во кој сите се грижат еден за друг и тоа им е секојдневна рутина. Колку и да правам , колку и да се трудам никогаш нема да бидат сите среќни, а со тоа ни јас. И не знам што да направам за да си го сменам умот.
СДК, излегов да си купам бањарка, гледам во Лидл на акција за 9,99 евра ефтинија и немаше број останато ко за мене. Фино лепо си продолжив во New Yorker и се забутав во делот на долна гардероба Овој дел го одминав оти нема причина кој да импресионирам за нова година. Си најдов величина М и си го купив ова за спиење.... Арно ама ги здогледав и овие гакиве и си земав и еден пар од нив ... Нека има, ќе се најде...... Ај одам да правам ручек ....
Многу често забележувам дека луѓето кои не знаат да прифатат критика се истите оние кои не знаат да дадат искрен комплимент и не искажуваат благодарност ако го добијат. Од култура и правилно воспитување, издвојувам ,,Благодарам" преку збор или дело, затоа што во мигот кога 'заборавате' да се заблагодарите веќе не го заслужувате укажаното внимание и почит.
Најсмешно ми е кога ќе прашаш некој од кај го купил тоа, а ќе ти каже од таму и таму ама последно беше. Смири се, прашав да се најдеме у муабет, не дека баш ќе се залетам такво исто да купам.