СДК многу ми е криво што години наназад јас бев таа што настојуваше дома кадата да ја смениме со туш кабина. Кадата била излитена работа, немодерна а ние НЕЛИ мора да следиме тренд. Желбата ми ја исполнија. И сега идам да се бањам и плачам зошто ја немаме. Ми треба да си ја наполнам со сапуница, да си запалам свеќи и да си пуштам музика. I need a ME day!!!!
Некогаш раскажувањата за своите неуспеси кога имаш изградено успешна приказна значат повеќе од само кажаните убави нешта кои создаваат чувство на немоќ, сомнеж и притисок.
Пред некоја година кога имав додворувачи што живеат во странство ми ја полнеше главата газдарицава која демек мајчински совети ми даваше дека не било убаво во странство,што ќе сум работела ако сум одела дрн дрн негативности,оно оти друга будала нема да најдат да им работи као мене,дури успеаа една добра прилика да ми уништат за сега замислете ќерка и се запишала медицина за полесно да можела за Германија да оди,ма дај боже никогаш да не оди,и замислете пред некој ден ми вика као да не сум одела во странство,ма како при прва прилика одам бре,цц уништувачи на животи,ќерка и да оди а мене што ми ја полнеа главата да останам ма нема да фер бре,е ќе пукнам.
Неколку вечери по ред околу 19 часот излегувам да пешачам околу 7 километри и си застанувам во парк,сама на клупа,ќе си поседам половина саат и се враќам дома,во меѓувреме во парк друштво ми прави стариот и убав градски часовник кој на секои 15 минути го одбројува времето...луѓе нема,едвај на некоја минута ќе помине некој,ама затоа автомобили упорно поминуваат по 100 во една минута. А сакав да кажам кога ќе си дојдам дома ми се плачи од тоа колку мирисам целата на чад,како да сум била во оган некаде,и додека седам во парк не ми оди најсајно дишењето,да не речам тешко е,ама ова ќе биде реалноста за цела зима за жал.... И така,денес решив да не излезам,одбрав да седам дома,ќе се спасам денес од "чистиот воздух".....
Тишина,соба,пригушено светло лаптопот пуштен до даске со Игор Џамбазов Перфектен завршеток на денов. Какво олеснување...
Што е живот без малку шеги и трошка илузии зачинети со љубовна туршија? Еден гриз и одма ти е ем благо ем киселко. За мерак било и се' се изело
Се радуваме Скопјани денеска. Се дишеше, чисто небо, ѕвезди, ЅВЕЗДИ ЕЈ, чудо. Не ми се верува. A breath of fresh air. Literally.
Постојат моменти кога ќе се разочарам од луѓето и ќе си речам повеќе не се трудам да помогнам никому дури и да ми побара помош. И без разлика дали некој ќе побара помош од мене или јас ќе видам дека му е потребна помош , секогаш се ставам во неговата ситуација . Што ако мене ми е потребна помош и не ми помогне никој? Како би се чувствувал јас тогаш? И на крајот пак решавам да му помогнам или да се понудам за помош. Тоа е нешто кое никогаш нема да можам да го објаснам и е посилно од мене очигледно.
Целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо,без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.
Gauda Oldenburg кашкавалот купен во скопските супермаркети порано како да беше пожолт и помек... некако не е истиот, а амбалажата е иста!