Пуштам 24 кичен и ги гледам бугарите сарма како прават. Да сакав да гледам сарма, ќе пуштев некој наш канал. Мене некој како Џејми Оливер ми се гледаше, или бабите од Италија, нешто ново да научам
Истото го приметив и не е масен како порано. Додуша не купувам пречесто, си правиме домашен кашкавал од наше млеко ама кога и да купам за ордевери гледам дека и на вкус и на изглед не е ист. И кога ќе сакаш да го свиткаш како во ролна, не е ист како порано на изглед.. Последно купив кашкавал на Ливада.. убав ми е тој. Ма да гаудата на Олденбург ми беше врв на гаудите кај нас што се нудат во тој ценовен ранг
Некои луѓе заслужуваат втора шанса,но не повеќе од тоа. Не можам да си дозволам повторно да ме изиграат.
Ова студено општество е позлобно од Хитлер и прави повеќе штетни последици од Холокаустот. Хитлер е Мајка Тереза за модерниве злобници и тивките убијци. #дискриминација #депресија #отфрленост #осудување #булинг #....
Во Декември ги сакам овие утра кога се будам со мирис на кафе,па ме тлее некоја среќа за празнициве. Едноставно,а прекрасно чувство.
Животот ме искрши на парчиња повеќе пати јас лепев он крши. Како стаклена чаша кога ќе се искрши па залепи па при најмал дури и најнежен допир повторно се крши. Затоа решив да се стопам и од тие парчиња да направам нова јас,е не сум веќе како крстална чаша убава што сјае нежна мила од која сите сакаа да се напијат од таа чаша. Сега сум помала но поцврста не сјајам и не може секој да се напие од мене. Претходно ме бираа мене сега јас бирам кој ќе биде дел од мојот живот,кој заслужува почит,кој заслужува внимание,кој заслужува подадена рака за помош. Наивната јас, повредената јас, веќе ја нема.... Животот крши животот обновува и зајакнува.
Ако студираш медицина не значи дека си го фатил Господ за муда. Секоја професија е важна на свој начин, и нормално дека медицината е битна ама тоа не значи дека треба да бидеш арогантно копиле. Изгледа си се збунил. Треба некој да те потсети дека учиш за обичен доктор, а нема да те прогласат за крал. Ако со пријатели и познаници се однесуваш вака, тогаш што останува со непознати пациенти? Многу лесно некој може носот да го скрши и со два збора да те спушти долу. Прво дипломирај, вработи се, земи плата, направи нешто корисно за некој човек па после нарекувај се доктор... Уствари вакви луѓе секако ќе бидат нарекувани, освен доктори. Со среќа.
Ова лудило мора да запре,не се издржува веќе.Да им се укине што е можно побрзо,бесплатното возење,и да им се наплаќа како на сите граѓани во државава,ова може мн лесно да се направи,800 ден за возење секој ден и ајт пријатно.На човек да му се гади овие денови кога им е бесплатно,да се качи во Автобус,нема смислам стварно веќе ова.
Во миговите кога се губам себеси во светот на возрасните и во контактите со луѓе кои го будат најлошото во мене, најблагодарна сум за трпеливоста на татко ми да ме ислуша и начинот на кој мама во нејзините доолги советувања секогаш знае да ме погоди со нешто сосем едноставно, а кажано само како дел од сето нејзино излагање. Како што растам сè повеќе сум среќна што ги имам нив двајца за родители, затоа што секое делче од мене е најдобрата слика од нивното постоење која постојано се трансформира, но никогаш не исчезнува Затоа што од љубов, грижа и душевна топлина, никогаш доста
Горан Стефановски,Љубиша Георгиевски,Љупка Џундева...Вечна ви слава,големи уметнци И тука една почит и за Гоце Арнаудов кој не напушти пред 7 години Не поминува ниту една веселба без неговите песни Треба да ни примери на кои ќе се огледаме