Конечно нова тема СДК Ни с нема од снег, каква зима ќе беше ова.. Пред неколку дена се беше бело а сега.. Во училиште се случува нешто чудно.. кога ќе дознаам што е работава ќе пишам Вие имајте убав ден
Ако нешто ти смета, ако гласно се изјаснеш за тоа, ако делуваш нервозно и силно, не значи дека тоа нема повеќе да се прави... ќе се прави, но за твој грб, а така е уште полошо. Не целам на тоа дека треба да се ќутиш и мирно да си седиш, туку понекогаш некои работи мора да ги прифатиме какви што се, и да пробаме да ги гледаме со други очи, и од друг агол. И да очекуваме се. Од секого. Спојлер Ова нешто како си цигарите: Уште еднаш, немој си запалил/а. -Нема проблем.
k.i.m делумно се согласувам со тебе,но кога ке ти пукне филм нема шанси да преќутиш кога знаеш дека си во право и дека те прави будала во здрав мозок , колку сака нека ми зборат зад грб,битно е јас кога сум тука сите молчат.
Не сакам да се враќам на минатото, ни да мислам на иднината оти ми се чини дека ќе полудам. Затоа едноставно и се препуштив на сегашноста обидувајќи се само после секој изминат ден да си речам Утре е нов ден .
Нова цел на повидок! Од оние покрупните, за кои треба да направиш олимписки кругови под мишка за да ги оствариш, да се откажеш од милион и една работа, па и да изгубиш некои контакти и да се испцуеш со оние кои немаат доверба, ама идам до крај дефинитивно. Мотивирана сум повеќе од било кога. За себе, за својата иднина и за моите најблиски.
Не сфаќам како некои можат од работата каде лебот го вадат и да крадат? Зошто бе луѓе сте лакоми, зошто толку алчност кон повеќе и повеќе и си дозволувате такви работи? Мене ваквите несфатени ми се....
Чуството кога ќе го поминеш курсот на прв пат,а некој што ти се к*рчел не го поминал. Каква садисфакција Жал ми е само што скромно се испонашав. Доволно ми е чуството,не мора да изгравам препотентна будала.
Не сум скромна! Зошто бе да сум скромна, кога си ги знам квалитетите и знам дека сум ОДЛИЧНА у некои работи! Што корист би имала, ако знам дека ме бива, а стоам пасивно од страна? Никаква корист. И не ме прави тоа вообразена, ниту лигава ниту лоша! Ме прави успешна драги хејтери, далеку далеку над вас! Зошто да сум скромна, за да ме штипка некој за образ и да ми вели - милата таа, колку е добра? Јас пак сум добра, добра ама амбициозна и успешна! Ете така, јас никогаш нема да си ги кријам моите квалитети, само за одредени луѓе да имаат за мене мислење дека сум мила девојка и срамежлива! Плашете се, идам поспремна од било кога! муахаха
На кој јазик зборуваат луѓето на Фејсбук? Македонците, де... Немам Фејсбук, но имав шанса да ѕирнам малку преку други луѓе кои користат... Навистина, еден збор нема точно напишано... едно девојче кое користи Фејсбук. Тоа не личи на македонски јазик.
Зарем постои почесто употребуван збор во нашата модерна ера од поимот демократија!? Се запрашал ли некој што вистински значи неговото толкување или само му служи како средство за замајување Демократија е да правиш нешто што другите не треба да го прават. Демократија е да успееш да го убедиш мнозинството дека си искрен во твоите постапки. Демократија е вешто да ги изобличиш човечките вредности,а притоа да го прикриеш другото јас. Демократија е да згазиш се пред себе и да ги надминеш дури и твоите претци во остварување на интересите. А всушност демократијата е метод на јавна расправа во модерното општествено уредување изразена преку слободата на говорот. Дали навистина е така и не е битно.Имате право на слобода во неограничени размери,па искористете го...
Ќе беше пресовршено, ако сите ние луѓето сме исти, можеби дури и со поглед ќе се разбиравме, без да се „ мачиме“ да зборуваме.Само што, општопознато дека е сосем обратното, па и како такви треба да се прифатиме.Во сооднос на тоа, нема зошто секој да гледа во туѓиот живот, туку секој ќе си брка своја работа.А ко што реков некогаш, секој секого спознава, но не и себе си.А има и такви кои за добронамерна критика, ооочи ќе ти извадат, мислејки дека е со лоша намера.Чиниш со луѓево ко на арапски да зборит човек, не на свој јазик или ко сам себе да си објаснува, па си се разбира.Или ко Бин во филмот, ко му рече таа „ Многу добро зборувате француски“, а тој и велит „ Грасиас“ Ами не е за се нешто само да се климат со главата и да се вели „ да, така е“ и толку, шо ќе се збори, ко мојт со мимики и гестикулации да се разбираме, а мож и намигаме :geek: Е тоа, ако ептен си се разбира човек со некој :geek: Ја ко ќе помислам, тебе да ти текне :geek: Ќе губиме време само во зборење :geek: Ама па ако е некој намќор, па со еден поглед, убиват, на лице место, не дај Боже ако погледнеш, готовс, опрости се... Некогаш, уствари скоро секогаш останувам без зборови од што се немат разбирачка со некои луѓе... Премногу време и енергија се трошит за тоа, не за друго. А, сметам дека на човек треба да му е важно, што слуша, би требало да е пребирлив кога станува збор за сослушување на туѓите размислувања, бидејки не секоја музика прија на сечие увце, не секоја храна е добра за телото....
Таман кога решив на диета да бидам, најтазе активни темите за баклави, крофни, палачинки, јадење навечер и слични стрв-теми . Не издржа срце јуначко, на се` искоментира од мака. Епа цлам да ви е, не сте фелски...
Уште од кога ги дадов документите за стипендија и само тоа ми се вртеше во глава. Сега нема резултати баш за мојата категорија. Секогаш ми е така! И кога се запишував на факс имаше проблеми. Абе им се извинувам на сите што аплицирале за прва категорија ЈАС сум ви баксузот што ги нема уште резултатите. Баксуз за се у живот, баксуз и за ова. Пуууу бееееееее
Спојлер Ај аирлија нека е,прво мислење во новата тема... Не сакам гледање на светот низ розеви наочари. Сакам живеење во реaлноста,тука и сега.Ја сакам вистината. Не сакам упорно замижување пред тоа што се случува,велејќи дека се е супер и во најдобар ред.Или пак,непризнавање на сопствените грешки наместо да се даде шанса на себе си да се научи нешто од нив. Ме нервираат таквите луѓе,постапуваат наивно и им веруваат на сите.А потоа ќе бидат многу повредени. Преголемиот оптимизам не е секогаш на добро.
Викам јас... неможе на сите полиња во животот да ти оди од рака одеднаш... Така на пример мене, колку подобро ми оди со факултетов, толку полошо со љубовта, дали да се радувам со едново или да се нервирам со другово Морам некако да најдам некоја рамнотежа
Ах бе луѓе, ах бре луѓе. Некогаш, толку ме нервираат оние ситни глупави моменти, мислам дури повеќе од големите. И тука сакам да си се олеснам. Имам една другарка што едноставно веќе не ја сфаќам. Отсекогаш го правела истото, кога некој друг ќе проба да, не да внесе некој нов во друштвото, него ете едноставно да го прошири секогаш се однесува глупаво. Не е тоа срамежливост, по мене е потценување. Онака, ко добро ја сеа само ќе седам тука и порано ќе си отидам, да учтиво ќе кимам со глава и после ќе си зјапам во телефон. Зошто, бе зошто? Зошто да не гукнеш малку, да се подружиш ете да се насмееме сите заедно. На моменти се однесува како да сме и најбитни во живот и тогаш тотално ќе не изигнорира за некоја глупост. Доцни секој божји пат, знаете колку пати сум мрзнела и сум ја чекала. Но а некој друг задоцни дига нос, па зошто, па еве јас те чекам, па не е фер. Па добро бе, сфаќам јас едно дете си и цел живот ти се трескале од земја ама до толку, до толку. Можам јас со сите твој Х познаници и роднини да бидат фина, муабетлива, а не можеш ти едно кафе да ми удоволиш?! Не знам кој ме сфати, не знам ни дали некој ме сфати, ама имав потреба вака да се истресам. Абе, заврши јануари а?